Моментот кога се мислиш да пишеш или не и
@Blondi ќе те тагне па мораш да пишеш ред, два, три
Пред да го гледам филмов Interstellar не прочитав ништо за него, не погледав ниту еден трејлер, само она што Блонди ми пиша на ФБ, дека филмов е подобар избор од она што јас имав предложено. Прво предупредување, филмов трае 3 (три) саати, ама тоа ќе сфатите некаде при крај на филм, некои и порано, зависи коа ќе ви се укочи газот од седење у столче
Од аудио-визуелен аспект филмот е перфекција, штета што не го гледав у 3Д, којзнае колку повеќе адреналин ќе ме држеше, мада и вака филмов фуче адреналин. Додуша во добар дел од сцените светлото е low-key меѓутоа тоа мислам дека му е заштитен знак на Нолан.
Од страна на приказна, не сум мераклија на апокалиптични филмови, ама авантурата во која ќе тргнат да го спасат човештвото е WOW. Ова со природните закони, не знам колку на другите им е познато, на мене ми е поприлично познато па не си го преведував филмот у меѓувреме и оставив приказната да ме вози. Она што посебно ми се допадна беше како беа обработени ликовите и како секој од нив во одредени моменти ги покажува своите слабости.
И за крај, актерската екипа... кога видов дека Џон Литгоу е татко на главниот лик у филмот си реков машала
Ен Хатауеј