Говорете македонски!

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Во тој случај и насловот на темава треба да гласи "Зборувајте македонски" , а не "говорете" !
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
Поправете ме да не сум згрешил, што е правилно ,,не е срамота да признаеш,, или ,,не е срамно да признаеш,, ?
 
Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
D

Daedalus

Гостин
Поправете ме да не сум згрешил, што е правилно ,,не е срамота да признаеш,, или ,,не е срамно да признаеш,, ?
И двете се точни.
Првото е именка, а второто е придавка. Се' зависи од тоа дали сакаш да го потенцираш како случка која би се случила согласно со дејствието и би била последица на истото или да го опишеш дејствието како срамно. Мање више, скоро истиот муабет е.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.654
Поени од реакции
59.641
Добро, јасно беше што сака да каже. Јас тоа "е" не можам да го напишам, посебно не од мобилен, а "се'уште" не ми изгледа убаво.[DOUBLEPOST=1412018242][/DOUBLEPOST]
Во ред одговорот незнам е далеку покоректен одговор од постирање линкови(бидејќи линкот тешко дека е мислење ако неможе да се образложи).
Сепак јас непобарав да тврдиш како настанал, а да искажеш мислење. Еве примерот со громови, удрил гром во протеин и настанал живот, и тоа е одговор колку е логичен и релевантен нема да ти го оспорувам, бидејќи е твое мислење. Но штом си потцртал дека незнаеш, во ред тој одговор ти е акцептиран.
Благодарам.
Не знам.
Не знаеш.
Не побарав.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.206
болат уши од Така да, а најмалку 20 пати дневно го слушам.
ПС. Како што пишал и Шака, Толковен не може сите да имаат, ама правописот се наоѓа за факинг сто денари.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.142
Поени од реакции
37.682
Секој со својот вкус за убавина за мене не е нешто премногу посебно иако за повеќето останати машки се палат на неа :drk:.
1. Недостасуваат интерпункциски знаци во реченицава, oдносно - во реченициве. „Секој со својот вкус за убавина. За мене не е...“, би било посоодветно;
2. Предлогот „за“ во третиот случај во реченицава е сосема непотребен. Треба: „иако повеќето останати машки се палат на неа“;
3. Бидејќи „посебно“ во случајов е употребено со значење: „единствено“, „неповторливо“, спојот со определбата „премногу“ звучи како плеоназам. Би било во ред, доколку на тој начин стилски се потенцира нешто , но во разговорниот јазик плеоназмите звучат смешно.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
1. Недостасуваат интерпункциски знаци во реченицава, oдносно - во реченициве. „Секој со својот вкус за убавина. За мене не е...“, би било посоодветно;
2. Предлогот „за“ во третиот случај во реченицава е сосема непотребен. Треба: „иако повеќето останати машки се палат на неа“;
3. Бидејќи „посебно“ во случајов е употребено со значење: „единствено“, „неповторливо“, спојот со определбата „премногу“ звучи како плеоназам. Би било во ред, доколку на тој начин стилски се потенцира нешто , но во разговорниот јазик плеоназмите звучат смешно.
Искрено не се замарам многу со тие работи :) така да не е само тој пост во кој има грешки...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.142
Поени од реакции
37.682
Искрено не се замарам многу со тие работи :) така да не е само тој пост во кој има грешки...
Не е важно. Темава не е само за да се поправаат туѓите грешки, туку да се потсетиме сите заедно на некои правила преку нашите грешки. И во почетното мислење напоменав - немој цитирањето да го сфатите како нешто лично, зошто сите грешиме. Гледаш погоре и мене ме поправија, и во право беа - иако мене не ми звучи зборот „ствари“ како македонски, го има и во Дигиталниот и во Толковниот речник на македонскиот јазик, што значи е литературен македонски збор. Тука нема лутиш.

Еве уште исправки:
1. така што
2. мислење, напис...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.371
Поени од реакции
8.947

Зошто е прашална форма.

Зашто, затоа што.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.142
Поени од реакции
37.682
Зошто е прашална форма.

Зашто, затоа што.
Во право си! ;) Но не дека е „прашална форма“, туку „зошто“ е прилог и погрешно употребен во мојот случај, наместо сврзникот „зашто“ (= затоа што, бидејќи, оти).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom