Навивач остана без дланка на дербито Пелистер-Вардар

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Од истата таа причина и мвр не постави подолг клип, па уште и се дрзнува (иако го посеадува) да шпекулира како е активирана бомбата.
.
Ко шо ти велев исто се случуваше со убиството на Кенеди, демек најдоа еден (Освалд) и го прогласија дека сам како ненормален го убил Кенеди, но не сакаа да го кажат во јавноста филмот кој покажува јасно како на Кенеди пукаа повеќе атентатори. Не би ме чудело некој од тие полицајци на снимката од натпеварот да ги препознаеме на филмот од убиството на Кенеди... многу работи мистериозно се поклопуваат!
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.679
Поени од реакции
5.953
Болдираното, мора да си го истиснете од глава ако сакате да ви се намалат проблемите. Не ти го кажувам ова како закана, туку добронамерен совет.

Иначе, што ти значи тоа што ти се кренати рацете? :)
Абе мене ми е потполно јасно дека не треба закачки со полиција, ама не треба ни они да те провоцираат, пази си го планираш цел ден трошиш пари, и они те дупат те малтеритраат те зсастанвуаат пред Битола да неможеш на време да влезеш, па те тераат да искочиш поорано а си платил карта и на крај пендрак ти амва, епа ќе ти прекипи и тебе и нормално дека ќе му вратиш, па не му враќш од што сакаш тук уод мака самиот себе да се одбраниш, за да не ти искршат некое ребро.
Инаку јас како што знам кренати раце во војна е предавање и дека идеш мирно, овдека се знае чим креваш раце зашто ги креваш значи дека немаш намреа да правиш проблеми да не маваат и да бутаат и дека ќе си искочиме, па гледајте во Хрваткса бе сеознава Торцида со кренати раце поминаа коридор полиција која требаше да им го поречи патот и да им забрани да се движат понатам унака јстадионот на Динамо Загреб и џандарите видоа не видеоа се тргнаа и се помина без никаков проблем.[DOUBLEPOST=1407263086][/DOUBLEPOST]
Еве јас сум полицаецот. Еве јас ја активирам. Јас сум крив што ти идеш и ја зимаш? Средство што ми е дозволено да го користам за разбивање немир. Ти го креваш.
Дали во твојот ум јас сум крив?
Ајде јас да бидам полицаецот и ти ја пикам во уста и јас ли да бидам крив што ти си зинал а? СПоред твоево размислување таква е работата.
Излегоа од МВР и со соопштение дека бомбата нема распрскувачки материјали, а како 7 луѓе се повредени одпарчиња од бомбата?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.314
Поени од реакции
36.222
ова од јутуб ти го кажаа или така ти мислиш?
инаку на јутуб имаш многу експлицитни содржини на насилства убиства колења сечења глави... кои се гледаат со верификација со маил адреса[DOUBLEPOST=1407262140][/DOUBLEPOST]
Имаш или немаш некој линк или пдф фајл со тие прописи.
Јас немам и би сакал да ги прочитам.
Сеа и ти ко мало дете се фаќаш за зборче и се натегаш.

Си имаат они процедури и правила како се организира ваков настан, не сум полицаец точно да ти кажам кои се и што се. Од моето досегашно посетување на спортски настани во државава тој со шок бомбите и солзавците секогаш стои надвор од трибината, најчесто потпрен на полициското комбе си ги чеша тестисите. Никогаш не сум видел некој таков со бомби да се бори на трибина со Комити или пак некои други навивачи.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
@Mr.X Брат, во целост те разбирам. Знам дека имате опструкции, ве замараат, проверки, застанувања на патарина, касните со поаѓање. Кристално ми е јасно. Само го потенцирав делот „ако ние нив ги удриме“. Не можеш бе брат, не можеш да удриш службено лице и после да прашуваш зошто летале пендраци.
Јасно ми е дека провоцираат и не е фер.

Во врска со кренати раце и движење во насока во која ти е забрането движење претставува пасивен отпор. Да, според устав тебе ти е загарантирано слободно движење, насекаде но, во ситуации каде што полицијата оценила/проценила дека може да настанат несакани ситуации, ти го попречува движењето. Твоето/моето/сечие кревање раце и движење во тој правец претставува пружање пасивен отпор. Тоа сакам да го кажам. Значи ти не смееш да пружаш отпор на службено лице.
Се случи истото на протестите во Ѓорче. Не знаев, се распрашав и дознав.

Јасно ми е дека има дибеци во МВР (во секој ранг) како што има и дебли навивачи. Како што вас не ви е убаво да ви велат дека сите до еден сте хулигани, необразовани и лингури, срам за државата така не е убаво кога некој животот го дал за државава а на трибина некој ти пее „шкиптарска полиција“...

Генерализирањето е голема грешка. Осеќате на ваша кожа, секојдневно, на секоја утакмица, со секоја вест поврзана со навивачи на нет/тв а упорно голем дел од вас го прават истото, во обратна насока.

Малку избегав од темава ама мислам дека ме разбра што сакав да кажам со ситуацијата со „кренати раце“.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.105
Поени од реакции
84.768
Да не читам 58 страни, а гледам во оригиналниот пост нема пишано информации може некој да ми пише објективен пост за настанов ?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Нема да добиеш објективен пост. Читај и донеси си заклупк.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.324
Поени од реакции
6.838
Не е страшно бе, не испадна дека е по твое али не е крај на светот, ќе има и други дискусии.
Поздрав и до тебе
Си бил ли некогаш на стадион воопшто? Со навивачка група и на домашна и на гостинска утакмица и ако си бил кога било тоа(дали било во последниве неколку години)? И уште едно прашање. Дали следиш што се случува низ светов на дерби утакмици, а и обични со многу поголеми навивачки групи како се организираат?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.416
Поени од реакции
42.477
Од истата таа причина и мвр не постави подолг клип, па уште и се дрзнува (иако го посеадува) да шпекулира како е активирана бомбата.

Озбилно се наметнува прашање кој го води редот во државава ако има вакви манипулации.
МВР избрзаа, не им текна дека е 21ви век и мислат денес туку така може да се манипулира, не им текна дека други може да снимаат, сликаат, дека за 10 мин на јутуб и интеренет Се може да се објави а они врз тоа во тој момент немаат апсолутно никаква контрола, а во моментот кога тоа доаѓа на нет готово е, штетата е веќе направена.
Они се дрзнаа да ја буткаат приказната дека Турчин ја украде бомбата и затоа измонтираа видео, го сечеа, и се улетаа што побрзо тоа да го пуштат во јавност за да се потврди нивната првична верзија дека бомбата е украдена. Октако излезе видеото од ТЕРА, а се однесуваше на истата ситуација која они ја измонтираа, чекаа да помине цел ден за да известат дека сега не знаат дали бомбата е падната или украдена.:) :) :)

Класичен аматеризам, наместо од старт да признаат дека погрешиле ( фантазија ), они се улетаа со измислена приказна па и одма кривични ќе фрчеле, и после луѓе сакаат да имаат доверба во нив а сеат страв и лажат, а сосема спротивно треба да функционираат од тоа.

Они уште не ни објаснија зашто воопшто се интервенираше, не дадоа причина за тоа, еве Вторник е а дербито се играше во Недела, треба да објаснат прво тоа, потоа зашто средство за растерување на масовни толпи било дел од опремата на трибина каде нема никаков простор за растерување на топлпа и каде лесно може човек да биде и убиен при употреба на таа шок бомба, и на крај како тоа средство се нашло на земја тркалајќи се неконтролирано и притоа никој од лицата од ЕБР да не го примети.
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.508
Поени од реакции
7.178
Темата за навивачки групи е затворена па ќе пишам тука :)
Денес Комити беа во Битола најнормално ги примивме,седнавме на маса и разговаравме... Беа дојдени за да донесат помош за уапсените,и да напрајме муабет шо понатаму после ова.... Иначе ние веќе неколку пати однесовме јадење и облека за уапсените....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.345
Поени од реакции
108.659
Можда е дозволено да го имаат како опрема ама нема логика да е дозволено да се фрли шок бомба на сред трибина.Сигурно имаат точно сугестирано во кои случаи смеат да користат шок бомба а тоа ваљда би било излегување на голем број членови на терен или некој посериозен инцидент надвор од стадионот односно во самиот град(нешто како што се деси на Вардар-Пелистер кога сите истрчаа кон трибината на гостите на крај на утакмица).Со самото активирање на трибина автоматски значи опасност и за самата полиција што ми ја дава логиката дека не смее такво нешто да се фрли на трибина.
Апсолутно брат, во право си, јас само реплицирав на тие што викаа дека не смеел со него да носи шок бомба. Смеат, а дека не смеат да употребуваат кога има 400 души на трибина збиени во едно ќоше тоа е друга работа.
Трета работа е што полицаецот не ја употребил шок бомбата, затоа и пишав вчера, џабе се пишуваат 1000 страници кога исходот од ситуацијава е очигледен. Бомбата му паѓа, јебига, турканици, мешаници и се дешава, Турчин ја зима и во тоа мафтање и претање бомбата некако се активира. Сигурно Турчин не знаел дека таа бомба пука од 1.5 до 2 секунди па затоа и му експлодирала во рака.

Ама најсериозно го потекоа одредени членови со глупи муабети, ко да се слепи упм. Ете ви видео од Тера, се се гледа таму и се е јасно како ден.

А околу тоа што ги терале да си одат пред да заврши мечот тоа е па сосем деветнаесети муабет. Околу тоа најубаво пиша @Syn , да не се повторувам со него.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.398
Поени од реакции
58.287
Бомбата му паѓа, јебига, турканици, мешаници и се дешава,
Замисли во турканици, било какви не мора да е на фудбал, да испука куршум на несакање, јебига, и да утепа некого јебига, се дешава јебига, секакви срања се дешаваат.

А замисли да нема полиција на трибина како во нормални држави. Замисли да не ни се чудат на паметот во Шпанска „Марка“ кога гледаат видео со 50 навивачи и 50 полицајци над нив, во полна опрема. Замисли да има обезбедување, неколку влезови, болнички возила и персонал. Замисли домашните навивачи да причекаат на стадион додека гостинските заминат. Замисли како по завршување на натпревар се отпоздравуваат фудбалерите и навивачите, како на телевизија.

Замисли дека не живееш во Македонија.

Замисли.

Јебига.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.345
Поени од реакции
108.659
Ме мрзи да палам пеинт, очигледно сакаш да ти нацртаат.

1 - наоѓа бомба
2 - мафта со неа
3 - му ја бутаат неактивирана од рака
4 - ја губи од видик
5 - во тие моменти бомбата се активира
6 - ја забележува пак бомбата како е шутната од страна на полицаец
7 - ја подига.
Зошто мене ме цитираше за ова, да не ја утна работата?[DOUBLEPOST=1407268243][/DOUBLEPOST]
Замисли во турканици, било какви не мора да е на фудбал, да испука куршум на несакање, јебига, и да утепа некого јебига, се дешава јебига, секакви срања се дешаваат.

А замисли да нема полиција на трибина како во нормални држави. Замисли да не ни се чудат на паметот во Шпанска „Марка“ кога гледаат видео со 50 навивачи и 50 полицајци над нив, во полна опрема. Замисли да има обезбедување, неколку влезови, болнички возила и персонал. Замисли домашните навивачи да причекаат на стадион додека гостинските заминат. Замисли како по завршување на натпревар се отпоздравуваат фудбалерите и навивачите, како на телевизија.

Замисли дека не живееш во Македонија.

Замисли.

Јебига.
Ио, ги мешаш брзините.
Јас стрикно зборував за тоа дека имаат право да носат шок бомби и дека тоа е дел од нивната опрема.
Тоа што му паднала не може да кажеш дека е крив затоа што не се они роботи, него луѓе и можно е да се деси такво нешто. Може и пендракот да му се лизне од рака па он да изеде ќутек со него од некој навивач. Затоа пишав, сплет на околности е тоа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.398
Поени од реакции
58.287
Зошто мене ме цитираше за ова, да не ја утна работата?[DOUBLEPOST=1407268243][/DOUBLEPOST]
Ио, ги мешаш брзините.
Јас стрикно зборував за тоа дека имаат право да носат шок бомби и дека тоа е дел од нивната опрема.
Замисли да имаат право да носат шок бомби на трибина, ама да не носат, заради имање памет, рецимо.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.307
Поени од реакции
10.320
Замисли да имаат право да носат шок бомби на трибина, ама да не носат, заради имање памет, рецимо.
Замисли граѓаниве да организираа протест за полициска бруталност со цел да си ги заштитат децата,самите себе и своите права како државјани во ова гомно од држава ?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.398
Поени од реакции
58.287
Замисли граѓаниве да организираа протест за полициска бруталност со цел да си ги заштитат децата,самите себе и своите права како државјани во ова гомно од држава ?
Кои граѓани?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom