Ама ти стварно не сфаќаш. Бомбата се држи и и се вади осигурувачот, во исто време се ДРЖИ. Било каков прекин на тоа држење доаѓа до пукање на истата. После отпуштање на активирана бомба нема назад! Па ако сакаш држи ја со 4 раце.
Ајде сега ти објасни како бомба со тргнат осигурувач паѓа на земја, навивач ја зема од земја, мафта со неа 5-6 секунди и отпосле таа пука кога се знае дека за тие бомби времето за детонација е 2-3 секунди.
Ок, да речеме дека е така. Дали може осигурувач, некој кој е неискусен со такви направи, да извлече со една рака? И не мора да значи дека Турчин го извадил осигурувачот. Виде како на него нагрнаа и полицајци и други навивачи. Во било кој момент во таа мешаница може да испаднал.Уште едно сценарио: На цајканот му испаѓа и при тоа испаѓа осигирувачот, Турчин ја држи цврсто во раката (што нели, не дозволува детонација). Значи од моментот на вадење на осигурувачот (веројатно од ударот во бетонот) до фаќањето во рака нема повеќе од секунда и неколку десетинки. Тој се обидува да ја држи цврсто, околу него не сфаќаат зошто и нагрнуваат на него сите.
Некој поназад пиша дека Турчин имал искуство од 2001. Ако е точно, веројатно знае за каква направа станува збор и сакал да го направи тоа што го напишав.
Значи јас не тврдам дека така, туку е МОЖНО сценарио.
И баш ме интересира како тоа е дозволено и логично евентуално користење на шок бомба на простор од 5х5 метри каде има преку 50 лица. На отворени и големи простори (терен од фудбалско игралиште, плоштад, улица) да, ама тука не гледам логика и доволна причина. Плус што беа ист број на специјалци и навијачи.