@Mr.X Брат, во целост те разбирам. Знам дека имате опструкции, ве замараат, проверки, застанувања на патарина, касните со поаѓање. Кристално ми е јасно. Само го потенцирав делот „ако ние нив ги удриме“. Не можеш бе брат, не можеш да удриш службено лице и после да прашуваш зошто летале пендраци.
Јасно ми е дека провоцираат и не е фер.
Во врска со кренати раце и движење во насока во која ти е забрането движење претставува пасивен отпор. Да, според устав тебе ти е загарантирано слободно движење, насекаде но, во ситуации каде што полицијата оценила/проценила дека може да настанат несакани ситуации, ти го попречува движењето. Твоето/моето/сечие кревање раце и движење во тој правец претставува пружање пасивен отпор. Тоа сакам да го кажам. Значи ти не смееш да пружаш отпор на службено лице.
Се случи истото на протестите во Ѓорче. Не знаев, се распрашав и дознав.
Јасно ми е дека има дибеци во МВР (во секој ранг) како што има и дебли навивачи. Како што вас не ви е убаво да ви велат дека сите до еден сте хулигани, необразовани и лингури, срам за државата така не е убаво кога некој животот го дал за државава а на трибина некој ти пее „шкиптарска полиција“...
Генерализирањето е голема грешка. Осеќате на ваша кожа, секојдневно, на секоја утакмица, со секоја вест поврзана со навивачи на нет/тв а упорно голем дел од вас го прават истото, во обратна насока.
Малку избегав од темава ама мислам дека ме разбра што сакав да кажам со ситуацијата со „кренати раце“.