Односот на вработените во кладилниците према муштериите

  • Креатор на темата Креатор на темата LaChupacabraLoca
  • Време на започнување Време на започнување

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Локација
Штипсбург
Ко шо кажува насловот на темата , ова е критика за вработените кои работат во кладилници.
Сега пред 15тина минути отидов во Спортлајф во Штип да пуштам неколку тикети , на еден тикет имав Болоња дава гол што во билтенот се означува со 1 ДА , тоа и беше напишано на ливчето кое го дадов да се искуца.Е сега тука во Штип се вработени тешки морони во Спортлајф, имате 2 неписмени крави и еден тежок сељак кој кога пуши пред вратата на кладилницата постојано плука ко ебан пират што е премногу некултурно и одвратно, истото го прави и внатре. Како и да е , кога го дадов ливчето да биде уплатено убаво напишано и со ознаките за игрите ко што ги пишува во нивниот билтен , една од кравите ме прашува дали 1ДА значи Болоња дава прва гол. Реков не , значи дава гол во цела утакмица. Оваа после 10 секунди ми го дава тикетот со уплата Болоња дава прва гол. И го вратив одма и и реков да поправи , оваа ми врати па кажи убаво шо сакаш ?!:confused::гомце::нинџ: Глупа крава !! Работи таму 2 години и не знае 4 утакмици да ги напише ко шо треба и кога направиш рекламација , одвраќа ко ти да си крив ... Уплатата ми беше 520 денари , и оваа на поправеното ливче ми искуца уплата 20 денари !!! И реков 520 , таа ми вели па кај пишува !?!?! На ливчето убаво беше напишано најдоле после шифрите x 520 den , што повеќе и треба ??

Оваа е само еден од ваквите инциденти што морониве ги прават на дневна база веќе 7-8 години од кога е отворена кладилницата тука. Напишав и коментар на ФБ страната на Спортлајф , но бев избришан и баниран !!!

Ова едносување не е за толеранција !!
Гарант сте имале и вие слични искуства на редовна база , ова мора да се смени !
 
Ќе пишам накратко и јас со кои кладилници сум имал искуство и кои се најдобри/најлоши според мене..

Еврогол - прво за оваа ќе пишувам се работи за мала локална кладилница и имаат 2 во градот мислам, врв на глупоста во кладилницава е што можеш да играш една сингл утакмица а неможеш сингл утакмица плус две други на пример 1X морало 3 фикса :eek: ептен оти ми е најблиску знам некогаш да се “заебам“ и да уплатам инаку никогаш не ви влегол во ова.

Спортлајф - ептен непрофесионални уплаќачи на ливчиња имаат, кога ќе видат дека пишуваш некоја потешка утакмица потежок тип (да речеме со 6-7 коефициент) се чудат како првпат да гледаат некој да уплати такво нешто а што е најстрашно се дрзнуваат и да коментираат за утакмиците.. мислам кој к.. мои пари што сакам ќе уплаќам не си ти тој што треба да ме прашуваш оти вака сум ја играл оти нака. Слушам и најмалце плата зимале па ништо чудно и за тоа да се такви ропаци..

Златна - коректни се немам никакви забелешки си ја вршат работата луѓето како што треба, солидни услови во кладилниците добра опременост итн значи се на се би ги рангирал на второ место одма веднаш после моцарт

Моцарт - дефинитивно најдобра кладилница почнувајки од нивниот сајт на кој има информации за утакмиците во живо (со промените веднаш) проверка на тикети единствено за двознаци и на голови се случува да даваат доста помали коефициенти, како и да е супер вработени (има и згодни тетки :D) внатре секогаш средено тип топ, ист дизајн имаат секаде итн
 
Темата требаше да се отвори во авијација, затоа што повеќе има допирни точки со плукањето на вработениот во кладилницата отколку со фудбал.
Или можеби во Љубов и секс, за тоа како ве дупат во кладилниците :icon_lol:.
 
Спорт Лајф карши економското во Кисела Вода.
Значи понеуредена кладилница неам видено. Идеме редовно со еден другар таму, абе шубе да ти е билтен да побараш. Не гледа двајца, викаме билтени, ливчиња и пенкала за нас, тие ти даваат еден, а кога логично бараш уште еден ти вика побарај по масите ако има оставено!
Дел од касиерите се многу големи мрзи, си праат муабет минута-две, некогаш пред да ти уплати ливче. Те гледа чекаш со ливче и пари, вика- повели што ти треба. Сестра ти ми треба!
За уреденоста да не праам муабет, расклатени столици и маси, внатре неретко корне на потини, смрди на умрено.
Мизерија тешка во смисла на организација.
 
Затоа јас сабота и недела место во кладионица си одам во црква.
За сличен влог 20-30 денари.
 
тука во Златна копачка има една вработена на шалтер на која математиката не и е баш најдобра страна...За уплата од 500 денари, и дадов илјадарка, и истата ми ја врати, само раситната, а редовно друг пат за уплата од 50 денари, и давам точно и ми враќа кусур, 50 или 100 денари...така да не се жалам премногу од вработените :)
 
Па сигурно има газди, што не им пишете нив, малку ќе ги стегнат.
Барем што се однесува за ЈСП, ако го знаеш бројот на автобусот, има број ќе се јавиш, ќе се поплачиш и вработениот ќе биде санкциониран.
Сигурно и газдите не се толку утепани како тие на шалтер, па ако не се поправат, слободно одите во други кладилници, бројот не им се знае
 
Се согласувам за Спортлајф во К.Вода, ако сакаш да гледаш некоја утакмица, а не е пуштена на некој од телевизорите, опрости се од прво полувреме. Има еден накај 50 години нешо изиграва шериф у кладилницата и као само он знае да пушта на сателитска утакмици, и него треба да го почекаш ако има нешто да искуца, па после да ти ја пушти. Да ти се :гомце::гомце::гомце::гомце:.

Исто се согласувам и со Моцарт, најдобри кладилници, најдобра услуга, најубаво уредени, секад чисти и намирисани :P, е сега пошто не одам мн мн по кладилници незнам како е со коефициенти за разлика од другите, ама знам дека има убедливо најмногу избор од сите. И што е најважно, коа ке ги замолиш да ти пуштат некоја утакмица, одма ја пуштаат.

Спортлајф у ГТЦ се ок, дечките им се најбрзи у градов у куцање и ок се. Плус има и една келнерка таму што е симпатична :rolleyes:
 
Спорт Лајф во Струмица е одлична кладилница. Има стварно добри и квалитетни вработени кои ни се мешаат во тоа што пишуваш, ниту пак треба да чекаш за да ти уплатат а исто ретко и грешат. Кога ќе погрешат веднаш за две секунди ти е решен проблемот. Не знам зошто така во другите градови...
 
Спорт Лајф секаде низ МК се катастрофа.Дојди во ГВ да видиш само какво е УЖАС од столици за никаде,хигиена лоша, а за персонал да не зборам воопшто.
Еј да не знае што значи ТМ1 1+I&2+II само кец,двојка и 3+ eј да не знаат што значи 1gg :eek:ми вика дечко овај тип на игра го нема кај нас.

Иначе Моцарт се најдобри
 
Брат сеа и ти у кладилница бараш култура...

Ќе го цитирам текстот на ливчињата во моцарт
„Обложувањето е џентлменски договор помеѓу двајца господини“ од англискиот закон

Не сме ние коцкари туку господини :D и кладилницата не е биртија па да не бараме култура :pos:
 
Мене ми се деси една дешавка у Бет Сити у Скопје, имало и повеќе дешавки со некултура на вработените у кладилница, ама оваа највеќе ми крена коса.
Имав утакмици од 19 часот, а саатот беше 18:57 минути, а двајца на смена, едно машко и едно женско. И сеа момаков куца брза, 3-4 чекавме ред, скоро на сите утакмиците ни беа од 19, а таа глупачата зботи на телефон и шета низ гладилница, а ние брзаме ќе ни почнат утакмиците :facepalm:
И дечково што куцаше, и вика, дојди седни, искуцај им на луѓево, оваа само аха и пак си продужи да си збори. Ме напизиди мене тогаш и викам девојко можеш да дојдеш, ќе ни почнат утакмиците, оваа враќање арогантно: да не сум на закачалка јас :facepalm: Леле притисокот ми го крена :mad: ама се воздржав да не коментирам, и дојде како на јајца да гази фрцкајки го тоа дебелиот гз и седна и го давам ливчето, и почнува да куца, и ми вика, дечко почнати се утакмиците, ејј жити се? Ми идеше да ја грбнам за врат, преку тоа отворчето што им е и да ја повлечам, глупача една. И после на искачање им ја лупнав вратата и веќе немам влезено таму...
 
Златна Копачка кај Тобако 2 во Аеродром.
Горе доле ОК се вработените ама има една кокошка која нема ливче а да не ми го згреши и ако се погоди таа да ми уплаќа, мора да сум таму 10-15 минути пред првиот меч што ми е на ливче. Ако случајно дојдам на време, толку од првиот меч, пиши пропало:facepalm:.
Најсвежа случка е од пред некој ден. Кокошката ми уплаќа меч што сум го играл ГГ, 4+пп. Ја гледам добивката 117000. И го враќам ливчето и и викам "Преправи го мечов со 22 коефициент во ГГ" a оваа ми вика "Ама 1,6 ти е ГГ ". E фала што ми кажа кокошко, јас мислев дека е приближно 22.
Значи да не им е кокошкава ќе бидат одлични, вака имаат некој што им квари просек.
 
Имам многу лошо искуство во СпортЛајф и Копачка. Ми го згрешија ливчето ( повеќепати ), и одам да ми го поправат... абе како фамилијата да сум им ја убил ме гледаа. Од друга страна Моцарт ти е свршување. Вработените незнам зошто ама секогаш се расположени ( Освен во Ѓорче :icon_mrgr: ), тоа билтенот милина да го отвориш, совети за проигрување, па текст од 2-3 страни за некое дерби, одпозади фудбалерите даваат предлози што-како, 1000 комбинации за играње. Многу мразам кога ќе земам билтен од другиве кладиници, и тоа ти оставаат црно на рацете. На нивниот сајт можеш лагано мерачки да си направиш ливче без да се брзаш. Сум ги посетил Моцарт кладилниците во Ѓорче, Лептокарија, Мавровка и Чаир. Шта речи... многу се чисти, вработените дотерани, добри касиерки има :drk:, камери на сите ќошеви итн. Имам еден поблизок што работи во овие кладилници, ми вика секоја ден ги чистат сами просториите, вецињата, масите... Нема шанси некој да ја ограби кладилницата, имаат некое си копче што им е одма при рака, некако како тивок аларм, и одма за 2 минути пристигнуваат волови вработени од кладилницата да го направат бумбар крадецот. Нема што најдобри се... респект :cuc: . Инаку не сум страсен обложувач, се кладам на 20/30 денари еднаш неделно, колку да се има занимација :pipi:
 
Спорт Лајф во Струмица е одлична кладилница. Има стварно добри и квалитетни вработени кои ни се мешаат во тоа што пишуваш, ниту пак треба да чекаш за да ти уплатат а исто ретко и грешат. Кога ќе погрешат веднаш за две секунди ти е решен проблемот. Не знам зошто така во другите градови...

Таа во глобал добра е , ама таа на топчето на старата чаршија ... толкав аматеризам немам видено. Вработени се добри путки сигурно оти му даваат на шефот , ама никаква услуга , никаква култура , ги мрзи што живеат , незнам како стануваат за на работа. Спорт Лајф во глобала според мене најлоши кладилници и сето тоа поради услугата на персоналот , еве читам и низ другите градови само лоши зборови , затоа си уплаќам во Вил Хил , најдобри според мене во Струмица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom