Односот на вработените во кладилниците према муштериите

  • Креатор на темата Креатор на темата LaChupacabraLoca
  • Време на започнување Време на започнување
Ова од денеска, најсвежо, во вилхил Прилеп :mad:
da mu ebam, se najmilo
air da ne vidat
platata so ja zemaat za da kucaat tocni livcinja
za bolesti da si ja davaat
a mori zeno ako ti dam 36 denari znaci sakam za 36 da mi go uplatis a ne za 30!
pa uste i ja mrzi da stornira
pa i jas aren se praam aj ne mora teski da e dobitno
kur dobirno so zgresena utakmica KUR!
 
Озбилен си?

Таа шо е на старата чаршија кај топчето, врие од циганарија, се ок ама да се бањаат барем 1 месечно ако не повеќе. Нон стоп има расфрлано испишани лифчиња, страници од билтени, испокршени пенкала и сл по масите, некој ко порачува кафе се дознава во радиус од 1 километар пошо нели КАФЕ ќе пие, и секој шо пие кафе таму е газда. Има 3-4 девојки и 1 машко, е сеа девојките се ок, ама кај тој типот ако ти се погоди да уплатиш ќе почекаш прво 5минути додека да доврши муабетот на телефон, ќе искуца набрзина (ако имаш среќа нема да ти згреши ниедна утакмица) па после 5 мин откако ќе ти ги земе парите и искуца лифчињата, сеуште не сум дознал што прави ама најверојатно бара нешто во билтенот пошто нон-стоп го листа. Ако имаш повеќе утакмици на лифче а мала уплата (ми се случувало пример за 100 ден да напишам 7-8 утакмици Х-1, Х-2 или сл) може и да те пресече со поглед.


:cuc:





Тоа човече е нај искомплексираното суштество што го имам видено во мојот живот. Се понаше како да работе на некоја тајна задача на НАСА , а не у бедна кладилница. Толкава ароганција немам видено до сеа , ни муабет не прави ни ништо , а да не говорам па дека пробува и да краде. Ако уплаќате за 1000 или 500 на пример давајте му цела 500ка или цела 1000ка оти ако му дадаш по 100ки ќе ти каже фале 100 денара , и право ги фрле у касата не ни брое пред тебе, им се има десено на едни момци тоа таму пред мои очи. Јас секојпат го избегнувам да уплаќам кај него , додуша и ретко одам у таа кладилница али кога сум таму , ако нема некоја од девојките не уплаќам кај него. Е еден пат има и јадено шамари од едни ѓупци :pos: колкав мерак ми се направи тогај , на сред кладилница го исшамарија и избегаа право.
 
jas koga sum u sr ili u sportlife ili u vil hil uplakam...e ednas odejki nakaj drugarkata vlezeh u taa so e na mladinska vil hil...ednata na telefono drugata na masta so drustvo pie koka koli maka nema ajde mene sram da vikam po nih ne ni znajah deka i ona e vrabotena...posle nekoe vreme im davam livceto da mi uplate,namesto 3+ ona mi ja stavila 2P3+ ajde i kazah da poprave so tesko srce go napravi tava...ko trgnah da si odam imase oci upateni kako vonzemjanec da e vlezel a ne zensko....i so na druskata tatko i zborime vika,ovaa ne e kladilnica toa e sendvicara,jadat pijat uste da spijat tamu...
 
Драга

Случкава е од поодамна, ама сега ми текна кога бев во кладилница... Значи беше негде Сабота/Недела, натпревари колку ти душа сака, и јас така се чмаев во локалот чекав да почне натпревар. Внатре празно, и кога гледаш сите ко договорени доаѓаат "5 до 12" што се вели да уплаќаат. Операторкава брзо куца со цел сите да ги услужи пред да почнат натпреварите, и нормално во брзање ќе згреши некој натпревар. И многу нормално ќе му згреши на најголемиот сељак (сељак и селанец не е ист поим колку да знаете) што е во маалото, и почна да и се издерава, да кажува погрдни зборови. Капак на се тие што чекаа позади, го подржуваа сељаков :facepalm:. Кога се расчисти гужвата, одам да уплатам ливче, гледам оператеркава со солзи во очите неможе глава да крене, само ми го зема ливчето и ми го искуца...
Добро де имаат ли осет говедава по кладилнициве? Да им еб.ш се живо и диво, дегени прва класа. Доаѓаат 5 до 12 а натпреварот само што не започнал, и потоа вработените им се криви за се... трпат секаква тортура од нив. Капак на се, ако се во минус при крајот на денот на работа, мораат од свој џеб да го надополнат сефот.
Кој ли го измисли она "Играчите/Муштериите се секогаш во право" крвта јас да му ја е.ам? Абе на такви неандерталци треба одма тужба да им се крене за малтретирање...
Па морав баш сега да ми текне на случкава, и јас се изнервирав :(

Да не отвараме сега нова тема за односот на "коцкарите" спрема вработените низ кладилниците го начекав ова мислење у ДК и решив да го цитирам тука за да продискутираме.

Разбирам дека сите си сакаме квалитетна услуга и разбирам дека има вработени што претеруваат и си играат курташак но што е со "коцкариве" што уплаќаат 10 секунди пред да почне утакмицата и доколку вработениот не ја стигне или ја промаши тогаш прават скандал?

Дали и вас ве нервираат тие или секогаш иде муабетот " Абе споро куца педеров/курвава" ?

Баш ме интересира да продискутираме и да се реактивира темава бидејќи имал смешни ситуации вработен vs коцкар низ кладилнициве наши.
 
Ма какво "Муштеријата е секогаш во право" тоа си е само маркетиншки трик ниедна компанија не верува во ова.
 
Море мене и не ме нервираат толку вработените, колку што ме дразнат сталните гости таму. Абе ојте си дома, а не да дремете како тикви преку плот. Дерат се, замарат, ако гледат утакмица понашат се како да не смееш да писнеш (тука се заебале, ама ај), погоре глеам жалете се дека по кладилниците било несредено, од сталните гости е тоа, вработен ќе мине еднаш, два пати, ќе собере све ѓубре шо има, ама јок бе, ќе урипат со сендвич, ќе остават книшките на маса. Кај нас у СЛ вработените се горе-доле ОК, ама од оние сталните гости да ти дојде да ги поредеш до еден ѕид и да стрелаш тај џган.
 
По кој критериуми спорт лајф ги вработуваат женските во обложувалниците бе?
Не знаат ни комбинации ни пак се разбираат од нешто. :mad: :гомце:
Една денес 5 пати ми го погреши ливчето и викам неписмена ли си па и се навреди. o_O
Mи вика ај го ливчето со шифрите да видиме дали јас сум неписмена. Го извадив од корпата и го фрлив во таа смотана фаца.
Пред толку луѓе крева паника кај виновна па и има уста да зборува. Ако и се работи нека работат ако не нека бидат манекенки цел ден нокти си чепкаат гледат што побрзо да уплатат. Па и ги мрзи да го преправат ливчето.
 
Во Битола горе долу се ок...класика како и во сите градови Спорт Лафс на Мијалков се мизерија....Моцарт најспремни а мене искрено најдобри и најпривлечни ми се Златна Копачка..бидејќи некако амбиентот е многу добар,најголема кладилница,има простор внатре фудбал да изигра чоек и 20-тина плазми со посебен шанк за ако сакаш да си порачаш за пиење..билтени и додадоци во секоја маса ама онака уредени, се разбира со стила и ливчиња...секоја чест за нив...

А најмногу ме нервираат Еврогол бидејќи тие никогаш немаат билтен и кога ќе му побараш те гледаат на криво тие чупињата што работат внатре како небаре пари му земаш..ќе му речам дека не го земам и ќе му го вратам и пак се замислуваат дали да ти дадат..скоро никогаш не оставаат билтени по масите и најголемите идиоти/селани уплаќаат таму во живо и ги малтретираат чупињата колку да се најдат во муабет..

Моцарт ја претеруваат со малите коефициенти ама се најпрофесионални нема тука што...Спортко најмногу ме нервираа со нивните дебилни понуди во кошарка/ракомет каде немаше граница со децимала 0,5 туку на пример границата на кошеви/голови ќе беше стрикно 156 и имаше плус,минус и точно 156:facepalm:..едноставно сами си ги бркаа муштериите а дуќанот му беше во најпрометното место во градот , во срцето на Широк Сокак...мило ми е што затворија бидејќи се дегени..сите 1.90 хендикепите а тие паметни се правеа 1.80:facepalm:..мрш таму да ви ебам ѓупците
 
Мене највеќе ме нервираат кога се двајца вработени на шалтерот(Зборувам за Спорт лајф бидејки највеке таму уплаќам)и јас кога уплаќам кај едниот од нив и овој му коментира на колегата за моето ливче и тоа најчесто со коментари од типот "Е овакво ливче ако не се фати,срамота", или како "Ту овие утакмици колку пати денеска ги уплатив" и другата замерка ми е што во сите нивни кладилници во целиот град од сите вработе најголемиот број се мажи,има само три девојки.
 
Пред некое време бев да си уплатам ливче со 2 утакмици- 2 во 1.
И го подавам ливчето на девојката на шалтер, она го гледа, ми мава еден потсмевачки поглед и ми вика "Добро девојко! Кој те лаже вака да играш?" :confused::eek:
Господе Боже! За мои пари, како сакам така ќе си играм.
 
Пред некое време бев да си уплатам ливче со 2 утакмици- 2 во 1.
И го подавам ливчето на девојката на шалтер, она го гледа, ми мава еден потсмевачки поглед и ми вика "Добро девојко! Кој те лаже вака да играш?" :confused::eek:
Господе Боже! За мои пари, како сакам така ќе си играм.
Да била таа паметна немала да работи во кладилница
 
Пред некое време бев да си уплатам ливче со 2 утакмици- 2 во 1.
И го подавам ливчето на девојката на шалтер, она го гледа, ми мава еден потсмевачки поглед и ми вика "Добро девојко! Кој те лаже вака да играш?" :confused::eek:
Господе Боже! За мои пари, како сакам така ќе си играм.

Дај боже да влези такво ливче па да види кој кого лажи :))))
 
Затоа и престанав да одам во кладилница. Нјапрво атмосферата ми е лузерска тамо се некои сеирџии експерти од вработени до гости. Ретко уплачам во последно едино од работа уплачаме заедничко колку за забава и оди еден колега да уплати. Да дозволат легално кладење преку интернет само тоа би го користел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom