Знаеш се води цела дебата по интернет откако излезе албумов, токму на темава за која зборуваме. Едните велат дека новините во звукот им се допаѓаат, а другите велат дека сосем непотребно експериментирале.
Мене ми е тотално небитно дали го смениле звукот искрено, битно ми е дали песните звучат добро. И звучат. Страшен адреналин има во песниве, а воедно има и песни кои се баш она меки за душа. Таква релација има меѓу песните Unsustainable - Explorers. Мене ми се допаѓа во секој случај.
Баш читнав и некои написи од музички критичари и коментарите се повеќе од позитивни, повеќето беа во стилот - Е ова е албум! Јас и мислам дека е супер што има поделено мислење меѓу луѓето, тоа е само потврда дека направиле нешто поинакво. А нешто поинакво денес ретко се слуша.
Јас не читам, само преслушувам и си заклучувам
Во ниту еден случај не можам да споредам со стариот страшен звук кој откорнуваше со динамика. Албумчето погоре со бандерите е мастерпис, неповторливост.
Јас почитувам мислење на крајот од краиштата и мило ми е што си ја збогати колекцијата за уште еден добар албум како што кажуваш за твоите музички апетити
Но мене овој албум не само што не ми е добар, туку ми е далеку од добар. Всушност откако излезе тој саундтракот за Твајтлајт кој го постираа чупенцава по фејсбукот, секоја наредна песна на Muse ми имаше некои ете мекни, нежни, женски моменти кои не можам да ги прифатам. Всушност ако добро прошуркаме низ јутубот, песните на Muse со најмалку гледаност, лајкови се за мене тие добрите, неповторливите. Тоа што начукаа по 40 милиони гледаност и повеќе на видеа, не се должи на квалитетот, се должи на поголема комерцијала и прилагодување на музиката за помасовен број.
Еве нешто што некогаш вредеше многу, сега сеуште вреди но ретко е вреднувано.