stick figure
#MiaSanArsenal
- Член од
- 2 мај 2010
- Мислења
- 4.811
- Поени од реакции
- 3.706
dafuq is this madness shit
Дури страв ми е новиот албум да го слушам, dubstep and shit.
Дури страв ми е новиот албум да го слушам, dubstep and shit.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
... инаку дечките се генијалци во музиката така да не им замерувам за две-три утки голема работа... и да стварно би било добро да дојдат овде да направат концерт, или во најлош(најдобар би бил уствари) случај да им се ставиме ние негде кога ќе прават некој концерт...



Jaс го пратам бендот да речам сега ради реда, оти не очекувам дека повторно ќе слушнам нешто во стилот на старите Muse. Како што поминува времево, таа нивна еволуција не можам да ја сфатам. Се бетар и бетар, премногу поп елементи, премногу мекост, шминкерски направено.Madness??
![]()
Не знам... од 3 песни што излегоа од новиов албум само Survival ми се допаѓа... Unsustainable тапа, Madness онака... ништо посебно. Се надевам дека остатокот од албумот нема да разочара...![]()

Албумот е достапен за слушање на сајтот на Muse, а веќе го има и на YouTube и по торенти.
И да, најлошиот албум на Muse досега...![]()
Епа тоа поинаквото е далеку од концепцијата со која тргнаа Muse. Јас разбирам еволуција во кариерата, всушност тоа е главен предизвик за секој бенд, но според мене Muse тргнаа во таа лошата еволуција. Има бендови кои со години го цепат истиот стил без око да им трепне и си имаат стандард одредена маса на публика за која работат. Желбата за уште поголема слава и додавање на мекост и комерцијалност во звукот расипа многу бендови.Ау а јас идам со намера да пишам нешто сосем спротивно од твоево мислење. Значи ептен ме бендиса албумов, нешто сосем поинакво би рекла од се што извале досега, а и воопшто се издвојува од поновиве албуми и песни кои излегле.
Јас препорачувам да се симне и да се преслуша. Веќе имам два три фаворити за хитови, а само еднаш го имам асално преслушано. Ту тамбс ап од мене.![]()

Епа тоа поинаквото е далеку од концепцијата со која тргнаа Muse. Јас разбирам еволуција во кариерата, всушност тоа е главен предизвик за секој бенд, но според мене Muse тргнаа во таа лошата еволуција. Има бендови кои со години го цепат истиот стил без око да им трепне и си имаат стандард одредена маса на публика за која работат. Желбата за уште поголема слава и додавање на мекост и комерцијалност во звукот расипа многу бендови.![]()
Јас не читам, само преслушувам и си заклучувамЗнаеш се води цела дебата по интернет откако излезе албумов, токму на темава за која зборуваме. Едните велат дека новините во звукот им се допаѓаат, а другите велат дека сосем непотребно експериментирале.
Мене ми е тотално небитно дали го смениле звукот искрено, битно ми е дали песните звучат добро. И звучат. Страшен адреналин има во песниве, а воедно има и песни кои се баш она меки за душа. Таква релација има меѓу песните Unsustainable - Explorers. Мене ми се допаѓа во секој случај.
Баш читнав и некои написи од музички критичари и коментарите се повеќе од позитивни, повеќето беа во стилот - Е ова е албум! Јас и мислам дека е супер што има поделено мислење меѓу луѓето, тоа е само потврда дека направиле нешто поинакво. А нешто поинакво денес ретко се слуша.

Но мене овој албум не само што не ми е добар, туку ми е далеку од добар. Всушност откако излезе тој саундтракот за Твајтлајт кој го постираа чупенцава по фејсбукот, секоја наредна песна на Muse ми имаше некои ете мекни, нежни, женски моменти кои не можам да ги прифатам. Всушност ако добро прошуркаме низ јутубот, песните на Muse со најмалку гледаност, лајкови се за мене тие добрите, неповторливите. Тоа што начукаа по 40 милиони гледаност и повеќе на видеа, не се должи на квалитетот, се должи на поголема комерцијала и прилагодување на музиката за помасовен број.Ау а јас идам со намера да пишам нешто сосем спротивно од твоево мислење. Значи ептен ме бендиса албумов, нешто сосем поинакво би рекла од се што извале досега, а и воопшто се издвојува од поновиве албуми и песни кои излегле.
Јас препорачувам да се симне и да се преслуша. Веќе имам два три фаворити за хитови, а само еднаш го имам асално преслушано. Ту тамбс ап од мене.![]()

Да ти кажам право мислењето го пишав веднаш штом го преслушав албумот. Ама сега после повеќе преслушувања некои песни што не ми се допаднаа на прво слушање сега ми легнаа. Kaко фаворит ја издвојувам Supremacy, ѕверска песна!
Сепак според мене ова му е најслаб албум, што не значи дека е лош, само другите се подобри![]()
http://www.youtube.com/watch?v=Ek0SgwWmF9wТокму така. Убаво кажа. Мене ниетот воопшто не ми беше ни во споредба со останатите нивни албуми, само констатирам дека го преслушав и ми се допадна.
turvior околу последниов албум не можам да се согласам дека е комерцијален, премногу експериментирање има на него за да констатираме такво нешто. Да беа лајт песнички, што удираа на поп, да, ќе се согласев со тебе. Но, овој звук едноставно мене воопшто не ме асоцира на нешто комерцијално.
не е експериментирање, да не беше специфичниот вокал на пејачот и да не го знаев името дека станува збор за Muse ќе помислев дека станува збор за поп песна најсериозно
Нема ни Р од рок.http://www.youtube.com/watch?v=Ek0SgwWmF9w
Песнава на примерне е експериментирање, да не беше специфичниот вокал на пејачот и да не го знаев името дека станува збор за Muse ќе помислев дека станува збор за поп песна најсериозно
Нема ни Р од рок.
Сачувај да дебатирам дека ова е олд скул рокенрол, пошто не е. А мене патем ми се допаѓа песната.