Muse

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
dafuq is this madness shit

Дури страв ми е новиот албум да го слушам, dubstep and shit.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
И мене не ми се допаднаа новиве песни посебно survival тапа ми е... Unsustainable онака малце подобра но баш како и наслвот неодржлива... а Madness веќе каде каде подобра од предходниве две... ај да се надеваме дека ќе внесат малце повеќе од нивниот шрам:D ... инаку дечките се генијалци во музиката така да не им замерувам за две-три утки голема работа... и да стварно би било добро да дојдат овде да направат концерт, или во најлош(најдобар би бил уствари) случај да им се ставиме ние негде кога ќе прават некој концерт...
Ко на пример ова...
Или ова...
И ова...
А може и ова...
:cuc::cuc::cuc:
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Madness??

Не знам... од 3 песни што излегоа од новиов албум само Survival ми се допаѓа... Unsustainable тапа, Madness онака... ништо посебно. Се надевам дека остатокот од албумот нема да разочара... :(
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841

Jaс го пратам бендот да речам сега ради реда, оти не очекувам дека повторно ќе слушнам нешто во стилот на старите Muse. Како што поминува времево, таа нивна еволуција не можам да ја сфатам. Се бетар и бетар, премногу поп елементи, премногу мекост, шминкерски направено.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Албумот е достапен за слушање на сајтот на Muse, а веќе го има и на YouTube и по торенти.
И да, најлошиот албум на Muse досега... :(
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Ау а јас идам со намера да пишам нешто сосем спротивно од твоево мислење. Значи ептен ме бендиса албумов, нешто сосем поинакво би рекла од се што извале досега, а и воопшто се издвојува од поновиве албуми и песни кои излегле.

Јас препорачувам да се симне и да се преслуша. Веќе имам два три фаворити за хитови, а само еднаш го имам асално преслушано. Ту тамбс ап од мене.(y)
 
Епа тоа поинаквото е далеку од концепцијата со која тргнаа Muse. Јас разбирам еволуција во кариерата, всушност тоа е главен предизвик за секој бенд, но според мене Muse тргнаа во таа лошата еволуција. Има бендови кои со години го цепат истиот стил без око да им трепне и си имаат стандард одредена маса на публика за која работат. Желбата за уште поголема слава и додавање на мекост и комерцијалност во звукот расипа многу бендови. :)
 
Знаеш се води цела дебата по интернет откако излезе албумов, токму на темава за која зборуваме. Едните велат дека новините во звукот им се допаѓаат, а другите велат дека сосем непотребно експериментирале.

Мене ми е тотално небитно дали го смениле звукот искрено, битно ми е дали песните звучат добро. И звучат. Страшен адреналин има во песниве, а воедно има и песни кои се баш она меки за душа. Таква релација има меѓу песните Unsustainable - Explorers. Мене ми се допаѓа во секој случај.

Баш читнав и некои написи од музички критичари и коментарите се повеќе од позитивни, повеќето беа во стилот - Е ова е албум! Јас и мислам дека е супер што има поделено мислење меѓу луѓето, тоа е само потврда дека направиле нешто поинакво. А нешто поинакво денес ретко се слуша.
 
Јас не читам, само преслушувам и си заклучувам :)
Во ниту еден случај не можам да споредам со стариот страшен звук кој откорнуваше со динамика. Албумчето погоре со бандерите е мастерпис, неповторливост.
Јас почитувам мислење на крајот од краиштата и мило ми е што си ја збогати колекцијата за уште еден добар албум како што кажуваш за твоите музички апетити :) Но мене овој албум не само што не ми е добар, туку ми е далеку од добар. Всушност откако излезе тој саундтракот за Твајтлајт кој го постираа чупенцава по фејсбукот, секоја наредна песна на Muse ми имаше некои ете мекни, нежни, женски моменти кои не можам да ги прифатам. Всушност ако добро прошуркаме низ јутубот, песните на Muse со најмалку гледаност, лајкови се за мене тие добрите, неповторливите. Тоа што начукаа по 40 милиони гледаност и повеќе на видеа, не се должи на квалитетот, се должи на поголема комерцијала и прилагодување на музиката за помасовен број.
Еве нешто што некогаш вредеше многу, сега сеуште вреди но ретко е вреднувано.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Ау а јас идам со намера да пишам нешто сосем спротивно од твоево мислење. Значи ептен ме бендиса албумов, нешто сосем поинакво би рекла од се што извале досега, а и воопшто се издвојува од поновиве албуми и песни кои излегле.

Јас препорачувам да се симне и да се преслуша. Веќе имам два три фаворити за хитови, а само еднаш го имам асално преслушано. Ту тамбс ап од мене.(y)
Да ти кажам право мислењето го пишав веднаш штом го преслушав албумот. Ама сега после повеќе преслушувања некои песни што не ми се допаднаа на прво слушање сега ми легнаа. Kaко фаворит ја издвојувам Supremacy, ѕверска песна!

Сепак според мене ова му е најслаб албум, што не значи дека е лош, само другите се подобри :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да ти кажам право мислењето го пишав веднаш штом го преслушав албумот. Ама сега после повеќе преслушувања некои песни што не ми се допаднаа на прво слушање сега ми легнаа. Kaко фаворит ја издвојувам Supremacy, ѕверска песна!

Сепак според мене ова му е најслаб албум, што не значи дека е лош, само другите се подобри :)
Токму така. Убаво кажа. Мене ниетот воопшто не ми беше ни во споредба со останатите нивни албуми, само констатирам дека го преслушав и ми се допадна.

turvior околу последниов албум не можам да се согласам дека е комерцијален, премногу експериментирање има на него за да констатираме такво нешто. Да беа лајт песнички, што удираа на поп, да, ќе се согласев со тебе. Но, овој звук едноставно мене воопшто не ме асоцира на нешто комерцијално.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Токму така. Убаво кажа. Мене ниетот воопшто не ми беше ни во споредба со останатите нивни албуми, само констатирам дека го преслушав и ми се допадна.

turvior околу последниов албум не можам да се согласам дека е комерцијален, премногу експериментирање има на него за да констатираме такво нешто. Да беа лајт песнички, што удираа на поп, да, ќе се согласев со тебе. Но, овој звук едноставно мене воопшто не ме асоцира на нешто комерцијално.
http://www.youtube.com/watch?v=Ek0SgwWmF9w
Песнава на пример :) не е експериментирање, да не беше специфичниот вокал на пејачот и да не го знаев името дека станува збор за Muse ќе помислев дека станува збор за поп песна најсериозно :) Нема ни Р од рок.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Добра е Mandess бе, не брмчете многу :)

Али ги разбирам и другите што критикуваат...

Anne. зашо те нема тебе на темава?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
http://www.youtube.com/watch?v=Ek0SgwWmF9w
Песнава на пример :) не е експериментирање, да не беше специфичниот вокал на пејачот и да не го знаев името дека станува збор за Muse ќе помислев дека станува збор за поп песна најсериозно :) Нема ни Р од рок.
Madness е она што се вика НЗС за сите вкусови. Секој може да ја слуша и човек кој слуша поп и рок. Таква песна има на секој рокенрол албум. Песна за масите. :) Сачувај да дебатирам дека ова е олд скул рокенрол, пошто не е. А мене патем ми се допаѓа песната.

Ама види иако се класифицираат како рокенрол бенд, овој албум не е само рокенрол, има примеси од многу работи, па дури и од дабстеп. Можеби затоа се разидуваме во ставот за албумов. Ако си очекувал рокенрол, јасно ми е зошто сметаш дека не е добар. Јас не го гледам како рокенрол албум, можеби затоа и ми се допаѓа.

Еве оваа песна ептен ме бендиса:

И ова чудо од музичко парче. Прв пат кога го чув, сериозно се прашував што сакал Белами да направи, ама после две три слушања, не можев од глава да го извадам.

Kajgana Shop

На врв Bottom