Не знам што да пишам не се опишува со зборови... Сега сум во пост-концертна депресија пошто најинтересното за наредниве 3-4 години заврши
Концертот почнуваше во 22, а ние за да фатиме добро место се нацртавме уште во 15. Си мислевме дека нема да има никој толку рано, but we were so wrong... Првите 10тина "реда" веќе беа зафатени од најзабеганите фанови, не можев да дојдам до оградата. Мјуз маици, капи, чанти насекаде, дури и тетоважи. Сонцето си печеше, ние се топевме ко восочни фигури, се потуравме со вода, некои и чадори си носеја. Од сцената не прскаа со црево со прскалка како цвеќиња не полеваа... Колку и да умирав од жешко прејако поминав дури и при чекањето. Толку сонце немам јадено никогаш во животот. И пази, вода пиење сведено на минимум, оти ако ти се примоча толку од местото, нема шанси пак да се вратам толку напред. Предгрупи беа Tempels и Unkle. Интересни беа, ама искрено не му оврнував многу внимание и едвај чекав да завршат, и повремено си седнував на земја да се одморам. И така прегладнет прежеднет, во друштво на други понеинтересни бендови конечно дочекавме.
Сцената почнаја да му ја местат пола саат пред официјалниот старт ама пак каснеја 20тина минути. Другите бендови за 5-10 мин си ги местеја сцените, овие разгалени перфекционисти
Пијаното на точно измерени цм и агол од микрофонот, не смее да отстапува ни милиметар, такви ситници се местеа цело време. Па саундчек на тапаните, на гитарата, на басот, на секоја нота... Од бендот уште ни трага ни глас. И кога веќе беа при крај подготовките Мет почна да не тиза од зад сцена. Му го бришеја уште пијаното, и тој ќе сквичеше малку со гитарата од назад, и ние сите ААААААААААА. И пак ни трага ни глас уште 5 минути. Па пак истото се пофтори неколку пати... И конечно сцената се затемни, сите почнаа да вриштат , уштр пред да почни музиката сите го пееја Psycho рифот знаејќи што следува. И кога почна она IF YOU DO NOT TO WHAT ARE YOU TOLD TO DO YOU WILL BE PUNISHED DO YOU UNDERSTAND - AYE SIR! мене срцето в петици, го осеќав кај шо чука 200 на минута. Визуелните ефекти при ова беа многу јаки, прво се гледаше видеото од Drill Sergeant, а при она Aye Sir само силуетите на бендот се појавуваа 2 секунди... И кога почна рифот општ хаос, пошто сакав почетокот да го снимам ќе ми испаднеше телефонот од раце. Не ми се веруваше дека Метју Белами е на десетина метри од мене. Местото беше полно вкрај, имаше луѓе дури до ВЦината кои се наоѓаа надвор од the venue (не знам како би било на македонски). После продолжи ја со класиката Plug in Baby, јас измеѓу песни се зазборав со една гркинка која ми ја пофали позадината на телефонот (absolution каверот) и испадна дека ист омилен албум и артворк имаме, и пошто ги препознавaм песните на Мјуз уште при првата милисекунда од звукот шо го прај Мет со гитарата цело време и годев која песна следува и се чудеше xD На крајот ми рече give me your facebook we can talk about Muse all day... И сеа си заработив спамер xD
После следуваше Hysteria, со Heartbreaker и Back in Black outro... Да го гледаш Мат кај шо свири на гитара е нешто неописливо, го прави да изгледа како најлесната работа во светот.
После на мое големо изненадување следуваше Butterflies & Hurricanes... Сликата од прстите на Мет кај шо летаат преку пијаното нема да ми излезе од глава. Потоа уште едно изненадување, Bliss! Малку ме разочара што не распали со фалсетото на крај, ама крај на турнеја е, гласот му е при крај, а и искрено изгледаа малку уморни и како да сакаа само да си исвират и да заминат.
После The Handler, визуелните ефекти со две раце кај шо ги управуваат Мет и Крис како puppets му е нешто прејако.
Supermassive Black Hole, општ хаос, скокање пеење, и тоа не само на лириксот туку и на рифот.
После имаше едно drum n bass соло на Дом и Крис... Растурија, who the fuck needs Matt
Ќе кажам дека Дом ви е drum machine, многу потценет тапанар...
На Madness и Dead Inside беше малку чил и зедов малку здив го одморив гласот.
Starlight колку и да е cheesy или poppy има некој посебен шмек во живо... Сите околу тебе пеат во еден здив, плус хулабалоните. И да, допрев hullaballoon xD
Time is Running Out повторно ја здиви публиката, после кога почна The Globalist знаев дека концертот е при крај и веќе почнс да ме обземс некое чудно тажно-среќно чувство. Визуелните ефекти на песнава перверзии, цел филм...
Mercy исто како Starlight, во живо е друга приказна, при кулминацијата на крајот при последниот рефрен експлозијата до конфетите е врв, си зедов конфртс и ми стои обесена в соба. Еве вака нешто беше, сликава е од некни, не е моја
На крај на Knights of Cydonia па не знам колку лакти изедов... Се чудам како немам ниедна модринка.
Кога остана празнс сцената видов еден куп расплачени лица, бушави, испотени...
Maт на крајот рече нешто со брзината на светлината од кое шо разбрав само love you и see you soon... Се надевам!
Во сетлистата ме разочара само што фалеше Stockholm Syndrome, мојата омилена лајв песна. Оваа да ја свиреа не знам дали ќе останев жив од шутки xD
Друга замерка што имам е за звукот. Фестивал е ова и не користат свое озвучување туку озвучувањето на организаторот. Е сеа на некои песни гласот на Мет едвај се слушаше од музиката, понекогаш басот беше слаб и такви работи. Затоа нареден пат кога ќе ги гледам нема да биде на фестивал туку на нивно приватно шоу во арена, каде што звукот е кристално чист.
За бендот, за енергијата и за перформансот немам замерки, Мјуз се Мјуз.
Дом фрли палица на двa три метри пред мене, а Мат сувиот во рацете едвај ги дофрли перцата до ограда. Да дојдевме само пола сат порано ќе бев до ограда на само двс три метри од бендот,и можда ќе фатев нешто, ама што е тука е, нареден пат (по 3 - 4 години минимум
)
И уште еден regret имам шо многу време потрошив на сликање и снимање, сакав да имам што повеќе сеќавања, ама испадна спротивно, ме знам дали е ради ова, ама сега концертов ми се чини како да беше сон, како да не се сеќавам доволно на детали туку онака ми е магливо. Мора пак да одам dammit! Muse are like drugs xd
Еве ви едно
сликче да ви доловам колку бев блиску, други слики ќе ставам друг пат. Ако сакате клипчиња побарајте ми инстаграм во пп