Не би сакал да цитирам никого посебно бидејки сите имаат право на свое мислење. Сепак мое мислење е дека за пропаднатата шанса вчера највиновен е Венгер. Некаде мнооогу порано напишав дека Арсен Венгер се однесува како претриемач и води фирма, а не клуб. За жал веќе ниту фудбалот не го води желбата за успеси и одличната тактика и игра туку едноставно - ПАРИТЕ. Воопшто не би се изненадил кога по некое време би прочитал дека и овој натпревар бил наместен (нормално повеќе би сакал да верувам на ова отколку на тоа дека неможеме да пружиме добра игра).
Не ми се веруваше вчера дека после таков напор и победа над Челзи, откога на цел тим моралот му оде у небеса, на терен се извади еден катастрофален тим кој иако не пружаше никакви закани (и головите беа за никаде али ајде гол си е гол) сепак беше оставен до крај да ја изигра таа патетика. Молим ти се у 80-та минута ги внесува Волкот и Вилшир, заборавив дека се супермен и бетмен и одма ќе ја средат ситуацијата. Незнам кој погоре напомена дека кога се одмараат играчи не се одмара цел тим, несмее кохеренцијата да се изгуби, полека двајца по двајца.
Ваквите мали незгоди и трагични испади на Венгер не чинат скоро секоја година титула.
И еве за да не се најде некој у небрано, официајлно изјавувам дека ВЕНГЕР треба да си оди под итно (ако дедо мраз ми испуни желба и го прати у Манчестер да ги среди тамо нив
).
Имаше еден италијански клуб (името неќам да му го спомнам) кој си фаќаше титули секогаш со сигурна и стабилна игра против пацерите, а со двата најјаки клуба не се замараше многу. Ние сме обратно, со најјаките тимови играме мање више одлично, али со оние кои искачаат од лига или се тука некаде, продаваме и промовираме играчи купени по 5 фунти.