- Член од
- 6 мај 2008
- Мислења
- 1.836
- Поени од реакции
- 495
Не ми е јасно зошто е продаден Havard Nordtveit ? ? ?
Жити се од каде ваква информација?Не ми е јасно зошто е продаден Havard Nordtveit ? ? ?
Слушнав, и ?Се загрижил професорот за играта во одбрана, ама немало да купуват во Јануари???????!
http://www.goal.com/en/news/9/england/2010/12/30/2283067/arsene-wenger-worried-about-arsenals-defending-after-draw
--- надополнето ---
http://www.goalsarena.com/video/england-barclays-premier-league/29-12-2010-wigan-athletic-arsenal_en.html
Само слушајте што кажува чоекот! последните 4 минути мислам.
ПОСЕБНО Македонец_7!
Ако не ја свати поентата алал да ти е!Слушнав, и ?
Толку од мене за годинава, одам на забави... Се читаме во Новата година...
Поздрав и убав помин до сите
Друже одлично си го напишал ова. Комплетно се сложувам со тебе.Не ми е јасно како по толку катастрофа резултати сеуште сме во игра за титула. Сигурно ова ќе да е најлудата сезона во Премиер.
Многу сакам да освоиме титула, посебно додека Венгер е суште тука, веројатно тој и Фабрегас најмногу ја заслужуваат, сепак овие двајцата со потпросечни и просечни играчи и соиграчи го држат тимот во врвот.
Од Венгер сакам да преземе одговорност барем, ако не за секој барем за 3 порази, неможе цело време некој друг да е крив за тоа што губиме бодови, што добивме предходните сезони кога чуваше играчи, ништо, повеќето беа цела сезона повредени, ништо нема да добиеме ни оваа. Едноставно не губиме ништо, титула немаме, што ќе не чини ако се обидеме да ја освоиме, бидејќи мислам дека претходните сезони, па и оваа, не се ни обидуваме да се бориме за титула, Ноември и ние сме веќе 3 или 4 со 8-9 бода разлика. Оваа сезона, ние си играме исто, си губиме исто, само нашите конкуренти почнаа да губат исто колку нас и затоа сме израмнети, првиот тим што ќе ја прнајде својата победничка форма и направи серија, ќе ја освои титулата, без разлика кои други ќе бидат зад него и колку после него ќе бидат константни.
Оваа сезона пострашно е што одбраната ни е поголема дупка и утка од кога и да бил претходно, што неможеме да се одбраниме ни од најслабиот тим, од сите примаме голови, не требаше да се продава Туре, со Вермален двајцата ќе беа страшни, идеална двојка.
Да се разбереме, не барам ниту сакам Венгер да замине, ама можам да го критикувам за секоја грешка што ќе ја направи, а ги има многу во последно време.
1. Се опушти многу во Арсенал, изгледа се мисли дека никој ништо не му може, тоа не е здраво за тимот, мора да постои притисок подеднакво врз секој и успехот да се дели помеѓу секој;
2. Ги стиска парите како циција на пазар, гледа и ништо не купува, децата растат и си заминуваат во други клубови каде постигнуваат какви такви резултати со подпросечни игри, цело време произведуваме готов производ во форма на комплетен играч кој потоа се продава на некој друг тим;
3. Што го воведе глупавото „правило 30“ заради кое изгубивме доста играчи, Пирес на пример, Анри си замина бидејќи не сакаше да јаде Арсенал срам кога ќе го примораше секоја година да потпишува договор на 1 сезона, срање;
4. Ако незнаеш сам да си најдеш голман, прашај и плати, ќе ти најде некој друг.
Се изморив од набројување, си отворив многу работа, но некој мора да сноси одговорност, ако за ништо друго барем за играчите, тие да не си мислат дека се неспособни, разочаран работник не е продуктивен.
Мислам дека една титула ќе реши многу проблеми, било каква титула, некаде да бидеме први, ќе не потсети сите што е тоа слава, како се освојува итн. ќе влијае позитивно на играчите па и на Венгер.
Ме нервира тоа што им се приговара и се напаѓаат сите што го критикуваат Венгер, тој не е светец,( Не дај боже уставен судија во Македонија) па да не го критикуваме.
Поздрав.