Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.749
Поени од реакции
5.467
http://www.thefirstpost.co.uk/56869,sport,football,transfer-talk-manchester-united-must-pay-75m-for-david-villa

Видете само колку бараат за Виља :icon_lol: За овие пари Чак Норис ќе го купиме :mad:

убаво имаше изјавено Ферги, знаат дека сме Манчестер знаат дека имаме пари од продажбата на Роналдо и поставуваат астрономски цени на играчите.. играч кој што едвај вреди 15 милиони му бараат 35 - 40 милиони... значи не зборам за Виља ја цитирам изјавата не Ферги :)
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Вака сеа ке ја изгуби самодовербата и ке падне мн во играта и може да си ја уништи кариерата!!
:pos::pos::pos: Морав, извини...

Дај не зезај, прочитај се убаво 2-3 пати пред да напишеш... на 17 години да си ја уништи кариерата, бидејќи не добил работна дозвола... па таков е законот ЈБГ, кога тим како Манчестер Јунајтед те бара, значи поседуваш квалитети да играш за Светски клуб... ако не е Манчестер, тука се Челзи, Интер, Барса, Реал, Милан... и Тевез додека играеше за Коринтијанс (мислам) требаше да потпише за Јунајтед, ама компликации во договорот со менаџерот негов и потпиша за Вест Хем, "место на коњ, на магаре" и после година време дојде во Јунајтед... па немора да значи дека поминал последниот воз за Љајиќ да игра за Светски клуб (во случај Манчестер Јунајтед)... има само 17 години и иднината е пред него.

А, јас го гледав вчерашниот натпревар на Партизан со Тулуз и Љајиќ не одигра како што знае и затоа беше изваден, а дека со солзи го напуптил теренот и не верувам, сето ова е само надоврзана шпекулација на тоа што Јунајтед го откажа неговиот трансфер (и тоа баш од англиски медиум) :toe:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.768
Поени од реакции
6.735
Навистина штета ова што го читам за Љаиќ ама тоа е тоа треба да се помириме. Досега сме откриле и развиле како играчи многу таленти. Сега имаме една група на нови надоаѓачки ѕвезди кон кои треба да се насочиме и нив да ги развиваме. Тука се браќата Да Силва, Обертан, Тошиќ, Велбек, Македа, Гибсон, Еванс (головите со Тотенхем :vozbud:) и секако Валенсија и Андерсон за кои сметам дека има простор уште да напредуваат. По пензионирањето на Гигс и Сколс, во средината треба да се зацементираат Керик и Флечер и тие да бидат мозокот на тимот. А Нани некако не ми се совпаѓа во сета оваа слика. Ако и оваа сезона не покаже напредок (а некако така тргнала работава) не знам колку уште Ферги и управата ќе чекаат на него. Веќе има 23 години, а нема напредок ни 10 % од она што го имаше кога дојде.
Манчестер отсекогаш работел и ќе работи одлично со талентите и тоа е факт. Е сега не може сите да имаат среќа и идеално да се снајдат и да ја продолжат кариерата на Олд Трафорд. Некои нема да ги бива, некои ќе бидат позајмени, а подоцна и продадени на помалите клубови како Сандерленд, Барнли, Виган и слични, а некои пак ќе си го трасираат патот во дресот на Јунајтед. Бидете среќни што клубот има таква политика за младинската академија која гарантира титули во иднина, која овозможува од морето на таленти да се извлечат најдобрите. Нека му ја мислат другите клубови како Реал, Челзи, Ливерпул и други кои својата иднина ја темелат на КУПЕНИ, ГОТОВИ играчи кои може, но и не мора секогаш да носат успеси. А се покажало досега дека почесто е она второто. Дали се сеќавате Реал и Ливерпул да извадат некој играч од својата академија (ако воопшто ја имаат?) по Раул, Овен и Жерард? А Челзи пак освен Тери се друго им е купено на готово. За тоа време Манчестер ги изваде, a на некои и одлично заработи: Руни, браќата Невил, Бекам, Нистелрој, Флечер,Браун, Роналдо, тука може да се сместат и Гигс и Сколс иако се постари бидејќи дошле во Манчестер на 15-16 години. Потоа Роси, Пике кои си ја најдоа среќата во други клубови. И секако новите млади таленти кои ги спомнав погоре како Андерсон, Обертан, Тошиќ, Гибсон, Еванс...

Ајде малце да се вратиме на денешницата и она што не очекува денес, а тоа е дуелот против Вест Хем. Клуб со одлична школа, една од најдобрите во Англија, кој може многу да не намачи како лани кога со мајсторијата на Гигс победивме со 1-0. Очекувам конечно Бербатов да се најде во првиот тим и да придонесе во победата која ништо чудно повторно може да биде со 1-0. Претходните неколку сезони Вест Хем често знаеше да освои 3,4 па и 6 бода од дуелите со Манчестер. Време е за наплата на долговите.
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Искрено колку и да е добар Љајиќ не вреди 10 милиони фунти во моментов. Неговата реална сума би била 5-6 милиони преку сила. Јас искрено повеќе би сакал да му се даде шанса на некој од младинците во клубот кој играат одлично за младинските категории како Еикрем, Клеверли, па можеби и Гибсон.

Јас искрено мислам дека причините зошто Љајиќ нема да дојде е дека финансиите на клубот се во незавидна состојба и во моментов не можеме да трошиме поголеми суми на парин за нови играчи. Јас пред некое време реков дека од тие 80 милиони од продажбата на Роналдо нема да видиме ни фунта, зошто тие веќе се искористени за плаќање на каматите кои се инаку 14.25% годишно од заемот кој леприконон Глејзер го земал од еден американски труст (ме мрзи да го барам постот бајаги е понапред).

Затоа нека не ве чуди што сме во долгови. Мене искрено повеќе ме загрижува финансиската положба во клубот отколку тоа што Љајиќ нема да дојде. Одлуката да не се донесе Љајиќ е одлука на Глејзерови а не на Ферги. Ако се продолжи со ваквиот начин на работа немој да ве чуди ако на лето продадеме играчи од првиот тим како Нани (по кој нема да жалам многу) и не дај боже Видиќ.

Премногу ќе беше добро за да е вистинито дека Глејзер и синовине толку добро го водат клубот. Тие Јунајтед го гледаат како машина за правење пари и како ништо друго. Девојчено на јутјуб што ги пее нашите песни поише знае за фудбал него овие газдиве. Ако им требаат пари очајно ќе преземат очајни мерки на енормна штета на клубот и око нема да им трепне. Тие се и газди на Тампа Беј тимот за рагби, епа кој случајно го познава тимот знае дека тој тим под водство на Глејзер не видел цент за нови играчи и вложувања во клубот и е во многу лоша состојба во моментов.

 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
За дуелот со Вест Хем верувам дека може да биде незгоден со оглед на тоа дека последниве години постојано на Аптон Парк се губат бодови. Сепак оваа година Вест Хем има катастрофална одбрана, примаат по 2 гола во просек секој натпревар така што очекувам да биде пробиена нивната одбрана без преголеми проблеми.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Вест Хем се заебан тим , со заебана атмосфера на домашен терен...
ГИ имат најозаглосените навивачи во англија ICF (интер -сити-фирм).....и ко за беља не се многу лоши во дуелите против нас ,последниве неколку средби...

АМААА..

....ние сме шампиони...
..ние планираме да останеме шампиони...

Мислам дека ќе ги ТУРИМЕ !!
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622







<







Berbatov - Rooney

Giggs - Fletcher - Carrick - Valencia

Evra - Vidic - Brown - O'Shea

Van Der Sar

Мој Тип:
Верувам дека Вест Хем ќе ни направат проблеми, но без Кол не сметам дека се доволно способни да не тепаат, така да сметам дека ќе биде интересен натпревар и накрај ќе успееме да ги победиме минимално.
Вест Хем 1 - 2 Јунајтед.
O'Шеј не е повреден ? O'Shea is struggling from a dead leg which he suffered whilst on international duty with the Republic of Ireland last month.Како и да е, Рафаел може да го замени солидно.Другото е ОК,и јас очекувам тесна победа.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.458
Поени од реакции
423
Man Utd: Kuszczak, Fletcher, Neville, Brown, Evra, Gibson, Anderson, Valencia, Scholes, Giggs, Rooney.
Subs: Foster, Owen, Berbatov, Park, Carrick, Nani, De Laet.

Составот растура :music3:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Man Utd: Kuszczak, Fletcher, Neville, Brown, Evra, Gibson, Anderson, Valencia, Scholes, Giggs, Rooney.
Subs: Foster, Owen, Berbatov, Park, Carrick, Nani, De Laet.

Составот растура :music3:
леле...се плашев дека Флечер ќе игра десен бек...и еве се оствери :)

Секако доколку е овој составот...

Интересно ќе биди...
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Гибсон, ебати шуто шо го има, уште топката и голо да погодеше! :mad:

ЕДИТ: нека уче од чичко Сколс :D
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Хех, до што дојдовме Керик и Флечер да играат во одбрана . :tv:

Иначе Сколси, одличен погодок . :vozbud:
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Слабо заангажирани за фудбал овие нашиве во прво полувреме..... Добро е барем гол шо постигнавме....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom