Навистина штета ова што го читам за Љаиќ ама тоа е тоа треба да се помириме. Досега сме откриле и развиле како играчи многу таленти. Сега имаме една група на нови надоаѓачки ѕвезди кон кои треба да се насочиме и нив да ги развиваме. Тука се браќата Да Силва, Обертан, Тошиќ, Велбек, Македа, Гибсон, Еванс (головите со Тотенхем
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
) и секако Валенсија и Андерсон за кои сметам дека има простор уште да напредуваат. По пензионирањето на Гигс и Сколс, во средината треба да се зацементираат Керик и Флечер и тие да бидат мозокот на тимот. А Нани некако не ми се совпаѓа во сета оваа слика. Ако и оваа сезона не покаже напредок (а некако така тргнала работава) не знам колку уште Ферги и управата ќе чекаат на него. Веќе има 23 години, а нема напредок ни 10 % од она што го имаше кога дојде.
Манчестер отсекогаш работел и ќе работи одлично со талентите и тоа е факт. Е сега не може сите да имаат среќа и идеално да се снајдат и да ја продолжат кариерата на Олд Трафорд. Некои нема да ги бива, некои ќе бидат позајмени, а подоцна и продадени на помалите клубови како Сандерленд, Барнли, Виган и слични, а некои пак ќе си го трасираат патот во дресот на Јунајтед. Бидете среќни што клубот има таква политика за младинската академија која гарантира титули во иднина, која овозможува од морето на таленти да се извлечат најдобрите. Нека му ја мислат другите клубови како Реал, Челзи, Ливерпул и други кои својата иднина ја темелат на КУПЕНИ, ГОТОВИ играчи кои може, но и не мора секогаш да носат успеси. А се покажало досега дека почесто е она второто. Дали се сеќавате Реал и Ливерпул да извадат некој играч од својата академија (ако воопшто ја имаат?) по Раул, Овен и Жерард? А Челзи пак освен Тери се друго им е купено на готово. За тоа време Манчестер ги изваде, a на некои и одлично заработи: Руни, браќата Невил, Бекам, Нистелрој, Флечер,Браун, Роналдо, тука може да се сместат и Гигс и Сколс иако се постари бидејќи дошле во Манчестер на 15-16 години. Потоа Роси, Пике кои си ја најдоа среќата во други клубови. И секако новите млади таленти кои ги спомнав погоре како Андерсон, Обертан, Тошиќ, Гибсон, Еванс...
Ајде малце да се вратиме на денешницата и она што не очекува денес, а тоа е дуелот против Вест Хем. Клуб со одлична школа, една од најдобрите во Англија, кој може многу да не намачи како лани кога со мајсторијата на Гигс победивме со 1-0. Очекувам конечно Бербатов да се најде во првиот тим и да придонесе во победата која ништо чудно повторно може да биде со 1-0. Претходните неколку сезони Вест Хем често знаеше да освои 3,4 па и 6 бода од дуелите со Манчестер. Време е за наплата на долговите.