Вака сега, основните работи за инсталација и после инсталација се опфатени но има еден дел за кој немам напишано, а тоа е делот „Како да се конектирате на интернет“. Е сеа бидејки тоа не зависи само од оперативниот систем, а јас имам интернет од телекабел со автоматски сетинзи, такада нема да пишувам за нешто што и самиот нема да знам за што пишувам. Значи доколку имате кабелски интернет не би требало да имате проблеми со конектирањето на интернер, а доколку имате некој друг интернет тогаш доколку не би можеле да се снајдете или побарајте на Google или прашајте во темата „
Општо - Помош околу Линукс“ и ќе најдеме решение

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Како да инсталирате тема за десктоп на Ubuntu ?
Има повеќе варијанти, али јас ќе ви кажам една која мислам дека е наједноставна.
Прво симнете ја посакуваната тема (не ја отпакувајте) и потоа одете на следнава локација:
System > Preferences > Appearance (во табот Theme) и кликнете на дугмето „Install...“. Треба да ви се отвори еден прозорец, во тој прозорец ќе отидете на локацијата каде што ви се наоѓа симната тема, ќе ја селектирате темата (ќе повторам мора да биде запакувана) и ќе кликнете на „Open“. Потоа следуваат 1-2 прозорци за потврда на успешно инсталираната тема и прашање дали сакате веднаш вашата тема да биде заменета со новоинсталираната.
Како да инсталирате тема за Login Window на Ubuntu ?
Симнете ја темата за Login Window-от и на ја отпакувајте, потоа одете на следнава колација:
System > Administration > Login Window потоа внесете ја лозинката на вашиот јузер и ќе ви се отвори еден прозорец. Одене во табот „Local“ и притиснете на дугмето „+Add...“ и треба да ви се отвори еден прозор. Во тој прозор одете до локацијата каде што ви се наоѓа темата која сакате да ја инсталирате, селектирајте ја темата (значи мора да е спакувана) и кликнете на дугмето „Install“. Ако добро ме држи сеќавањето и тука мислам дека ќе следуваат 1-2 прозорци со потврда и прашање... и тоа е тоа
Players на Ubuntu ?
Плеери има повеќе... али јас го користам Amarok плеерот за mp3 и вас ви ги препорачувам или Amarok или VLC плеерот.
За инсталација на Amarok, отворете терминал и пишете:
Код:
sudo apt-get install Amarok
За инсталација на VLC отворете терминал и пишете:
E сега... доколку инсталирате Amarok, тој под Default нема кодеци за mp3 но во новата верзија како што успеав да видам ставиле и автоматски детектор (ако може така да се каже)... значи кога ќе се обидете да отворите mp3 песна, тој „автоматски детектор“ ќе детектира дека се обидувате да отворите песна од непознат формат (во случајов mp3) и ќе ви постави прашање кое гласи „Amarok нема кодеци за mp3... дали сакате автоматски да ги инсталира“... вие ќе притиснете „Yes“, ќе се инсталираат кодеците и фурајте слушајки музика

Иначе плеерите можете да ги најдете во Applications > Sound & Video >...
MSN за Ubuntu ?
MSN-a за Ubuntu има еден тон, али како најслични со обичниот MSN се aMSN и Emesene... такада би ви препорачал еден од нив да си инсталирате такашто ќе пуштите терминал и ќе пишете:
За aMSN:
Код:
sudo apt-get install aMSN
За Emesene:
Код:
sudo apt-get install Emesene
MSN-ата можете да ги најдете во Applications > Internet >...
Skype за Ubuntu ?
Ова е прилично едноставно, одете на официјалната страна на Skype во делот за
Download и симнете ја верзијата за Ubuntu (нека не ве бунат верзиите, иаку таму ги пишува постарите пасува и на 9.04) и одкако ќе го симнете само стартувајте го скрајот, логирајте се и тоа е тоа.
Хух... доста е за денес.
