Инсталација и подесување на Ubuntu

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Инсталација на Ubuntu 8.04 и 8.10

Денеска ќе видиме како да инсталираме Убунту (8.04 и 8.10), која ја препорачувам на сите почетници на Линукс како нивна прва дистрибуција. Туторијалот е објаснет во детали, со цел да може секој да го инсталира без разлика дали е експерт или почетник во областа на ГНУ/Линукс.


Прво да дадеме еден краток опис како успешно ќе ја завршиме инсталацијата:

1. Прво ќе влеземе во Live ЦД-то
2. Преку него ќе создадеме партиции кои ќе ни се потребни за инсталација
3. Ќе ја подесиме инсталацијата со опции како на пример Временската зона/видот на тастатурата итн.
4. Ќе ја завршиме инсталацијата

Значи, прво што треба да направите е да отидете во вашиот BIOS и да наместите да се бутира ЦД-ромот пред хард дискот. Откако ќе го направите ова, ставите го ЦД-то од Убунтуто во ЦД драјвот и рестартирајте го компјутерот. После вчитувањето на информациите од BIOS-от, компјутерот ќе го побара првиот бутабилен медиум, кој во нашиот случај е наместено да е ЦД-ромот каде имаме бутабилно ЦД на Убунту. Откако ќе се прочита ЦД-то од драјвот ќе ни се појави оваа слика на мониторот:



Значи овде одбираме јазик со кој сакаме да ни се гледаат опциите на првиот екран. Јас ќе одберам Англиски, вие можете и да продолжите и со македонски. Сега, поради тоа што ќе правиме партиции пред инсталација, ќе кликнеме на Try Ubuntu т.е. Првата опција. Доколку веќе имате направено партиции можете директно да кликнете на Install Ubuntu и да го прескокнете делот за правење на партиции од овој туторијал. Откако кликаме на првата опција, ќе почне да ни се вклучува Убунту лајв системот, уклучувањето зависи од брзината на вашиот компјутер како и капацитетот на РАМ меморија која ја имате.



Откако ќе се лоадира целиот систем, ќе ни се појави убунту десктопот(мојот е многу мал поради тоа што инсталацијата ја вршам во витруелна машина, но истата не се разликува од инсталацијата на вистински хардвер.):



Сега ќе го подготвиме нашиот хард диск со правење на 2 нови партиции врз кои ќе ни биде инсталиран нашиот Линукс. Прво ја покренуваме програмата за правење/модификација на партиции на хард диск од локацијата System > Administration > Partition Editor



Ќе ни се отвори прозорец како овој:



Во средината тоа што го гледаме е нашиот хард диск и неговите партиции. Кај мене пишува дека е unallocated т.е. Дека е празен поради тоа што немам ништо инсталирано на него. Доколку имате веќе постоечки партиции на вашиот хард диск, следете ја оваа процедура за да намалите простор од некоја партиција кој ќе го искористиме за правење на нашите 2 Линукс партиции. Првин, кликнете на партицијата која сакате да ја намалите, потоа десен клик, Resize/Move, ќе ви се отвори прозорче со големината на вашата партиција, едноставно со влечење на десниот дел на партицијата ослободувате простор кој можете да го забележите во долните 2 квадрати. Минимално за Убунтуто ќе ни бидат потребни некаде околу 2-3 ГБ, јас имам хард диск од 5. Кога веќе имаме празен простор со кој можеме да работиме, ќе почнеме да ги правиме партициите. Ќе направиме прво главна партиција која ќе ја користиме како root партиција со mount point “/” која ќе е со фајл систем, ext3 и една SWAP партиција која ќе ни служи како некој вид на РАМ меморија, па кога ќе нема повеќе место за запишување на податоци во реалната РАМ меморија, дел од нив ќе се запишат во оваа партиција. Најдобрата големина на SWAP партицијата е двапати од големината на РАМ-от. Значи, на слободното место (во сива боја) кликаме со десен клик па одиме на NEW, и ја правиме партицијата едноставно со помош на влечење, значи ја намалуваме првата имајќи на ум дека треба на тоа место да направиме SWAP партиција. Овде треба да се напомене дека од второто (десно) мени треба да одбереме Filesystem: ext3



Кликаме Add, истото го правиме на останатиот простор само што овде за Filesystem ставаме linux-swap.



Повторно кликаме Add. Сега откако ги направивме овие партиции, истите тие треба да ги запишеме на дискот. Кликаме на Apply копчето од менито со копчиња. Откако ќе кликнеме Apply ќе не праша дали сме сигурни за промените што сме ги направиле да бидат запишани на хард диск. Кликаме Apply и модифицирањето на хард дискот почнува со додавање на новите партиции:



После завршувањето на сите операции ќе ни се појави ова:



Сега, можеме слободно да излеземе од оваа програма. Од сега натаму имаме спремна партиција на која ќе го инсталираме Убунтуто. Откако ќе ја затвориме програмата од десктопот ќе кликнеме на иконката за инсталирање на Убунту т.е. Install. Откако ќе кликнеме на неа, ќе ни се појави водичот на инсталација, кој ќе не води до крајот на инсталацијата.



Првото нешто што треба да направиме е да одбереме јазик на кој ќе се одвива инсталацијата и јазикот на финалниот систем, одберете го и кликнете Forward. Сега на следниов дел ја одбираме нашата временска зона со помош на стрелката од глувчето.



Следно ја одбираме нашата тастатура, ако не сте сигурни за овој дел кликнете Forward и оставете се како што е.



Понатаму, што треба да направиме е да ја одбереме партицијата на која ќе се инсталира оперативниот систем.



Овде има неколку опции, како на пример, да го форматира цел хард диск и да го инсталира Убунтуто на цел хард диск, да го искористи неупотребениот простор од партициите или пак мануелно. Ние ќе одеме мануелно заради тоа што веќе ги имаме направено партициите. Значи одбираме Manual и кликаме Forward, потоа ќе ни се појави ова:



Кај вас сликата можеби ќе е друга ако постојат други партиции, но нас не интересира само онаа на која во колоната type и пишува ext3. Кога ќе ја најдеме која е таа партиција, двапати кликаме на неа со што ќе ни се појави ова:



Овде само треба да смениме 3 работи и тоа: Use as : Ext3 Journaling file system Format partition : Да Mount point: / Значи се на се да изгледа вака:



Кликаме ОК и Forward. Следниот чекор е да го наместиме нашето корисничко име и лозинка.



Овде јас ќе си ги внесам моите информации а вие внесете она што на вас ви е најдобро.



Кликаме Forward Доколку имате Windows оперативен систем веќе инсталирано овде ќе ве праша дали сакате да импортирате некој јузер од него, но поради тоа што кај мене нема ништо на хард диск тој чекор се прескокнува. Значи следно имаме:



Ова ни е листата на сите работи кои сме ги направиле при водичот за инсталација. Сега сме спремни да кликнеме Install и да го инсталираме нашиот Убунту.



Откако ќе се инсталира, ќе ве праша дали сакате да продолжите со користење на Live Cdто или сакате да го рестартирате компјутерот.



После инсталација, при старт на компјутерот ќе ви се покаже мени од кое треба да одберете кој оперативен систем да се уклучи. Значи ако имате друг оперативен систем, тој автоматски ќе биде детектиран и додаден во менито за избор при инсталација. Со среќа во користењето на Убунту.

Автор: "Туторијалот за едукативни цели беше преземен од тука"
Објавено на: 01.06.2008
____________________________________________________________________________________









Апгрејд од Ubuntu 8.04 во Ubuntu 8.10

1. System/Administration/Software Sources



2. Кликнете на „Updates“ табот и променете го „Show new distribution release“ во „Normal releases“.



3. System/Administration/Update Manager



4. Кликенете на дугмето „Chech for new updates“.

5. Доколку не ја пронајде новата верзија (8.10), инсталирајте ги апдејтите кои ги пронашло и повторно стиснете на „Chech for new updates“.
Би требало да добиете ваква слика:



...кликнете на „Upgrade“, следете ги инструкциите и тоа е тоа :)
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
221
А инсталација на 9.04? :)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Додавање/подесување на кирилична поддршка на Ubuntu 8.04 и 8.10

1. System > Preferences > Keyboard



2. Во прозорот кој ќе ни се отвори го селектираме табот „Layouts“ и притискаме на зеленото плусче за да додадеме нов јазик.



3. Додаваме „Macedonia“ и притискаме „Add“...



4. После тоа во „Keyboard Preferences“ ќе селектираме „Macedonia“ и ќе притиснеме на „Other Options“ за да наместиме на кои дугмиња од тастатурата да ја менуваме поддршката.

Значи одкако ќе притиснеме „Other Options“ ќе ни се отвори еден прозор, ќе одбереме „Layput Switching“ и ќе ја штиклираме „комбинацијата“ која највеќе ни одговара (кај мене е Alt + Shift)



А инсталација на 9.04? :)
Иако до сега ама баш ич се немам дружено со Ubuntu 9.04 инсталацијата е иста, а за апгрејдување незнам :) (али може да се најде на Google).

П.С. Кој го интересира за Ubuntu 9.04... скриншотови од Ubuntu 9.04.

Него ја идам даље (као фрик некој, сам пишувам постови :icon_lol:)

Next...

Активирање на драјверите за графичката (во мојов случај Nvidia) и активирање на екстра ефектите

- Драјверите

1. System > Administration > Hardware Drivers
Во прозорот кој ќе ни се отвори би требало да ја имаме листата на драјверите, ќе ја видите листата, ќе го селектирате драјверот со најновата верзија и ќе стиснете на „Activate“.




- Екстра ефектите

1. System > Preferences > Appearanced
Во прозорот кој ќе ви се отвори ќе го одберете табот „Visual Effects“ и ќе кликнете на „Extra Effectes“ и со самото тоа ќе ги активирате Екстра Ефектите (Ова ќе ви го подобри визуелниот дел, изгледот, интерфејсот и визуелните ефекти)



Напомена: Доколку системот неможе да ги пронајде драјверите пробајте во терминал напишете „sudo apt-get update“ (без наводниците) и потоа обидете се повторно, доколку ни вака несака тогаш најверојатно ќе морате „рачно да ги инсталирате драјверите“.

Кога веќе спомнавме визуелни ефекти, да кажам и за CompizConfig Settings Manager-от.
Тоа е додаток од Убунту кој ќе ви овозможни најразлични ефекти (3D десктоп, желе прозорци, maximaze и minimize со ефекти и слично).
Него можете да го инсталирате на следниов начин:

Во терминал напишете:

Код:
sudo apt-get install compizconfig-settings-manager
одкако ќе го инсталирате можете да го стартувате на следниов начин:

Притиснете alt + f2 и во прозорот кој ќе ви се отвори напишете „ccsm“ или пак можете и вака:

System > Preferences > CompizConfig Settings Manager

Одкако ќе го стартувате имате да бирате најразлични опции, прочепкајте, видете кои за што се (и јас не сум ги пробал сите)... како ќе ви се допадне така сетирајте си ги ефектите, само ќе кажам за 3D десктоп дека мора да ја подесите следнава опција:

Во CompizConfig Settings Manager > General Option > Desktop Size = 4
Значи Desktop Size ќе наместите да биде 4 и после тоа ќе му ги додадете Cube ефектите и ќе добиете можност за 3D десктоп, десктопот ќе го ротирате со притискања на:

alt + ctrl + shift и ќе кликнете на лев клик на маусот, држејки на лев клик на маусот го ротирате десктопот :)
Скратените команди можат да се проментат во опциите на CompizConfig Settings Manager по ваш избор :)

И за крај едно сликиче :)

 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
221

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Сеирот беше во тоа што 9.04 искача утре :)
Е коа незнам ќе ми пукаш сеир :kesa:
Мада ми падна малце чудно, ама си реков ај да се праам на Тошо :icon_lol:


Него прашање до модераторот... ако темава ја смета за корисна тогаш да спремам уште некој туторијал (ако може така да се каже) можеби ќе му бидат од корист на некој, а ако не... :toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Сеирот беше во тоа што 9.04 искача утре :)
Го симнав и само набрзина го пуштив како live CD некои битни промени во графичкиот изглед не приметив освен што приметно побрзо се подигна системот од ЦД за разлика од 8.10 верзијата.......таа темната тема ми фати око, опен офис 3 има, гимп, два месенџери кои добро работат, кабловскиот интернет сам ми го препозна DHCP-услуга така да ништо не подесував...и то.... како за прв поглед.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
221
Тоа што го имаш симато е Release Candidate. Не би требало да има страшно многу разлика меѓу тоа и она што ќе се спушта утре.. али.. шо знам, шубе ми е да инсталирам RC на продукциски систем.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тоа што го имаш симато е Release Candidate. Не би требало да има страшно многу разлика меѓу тоа и она што ќе се спушта утре.. али.. шо знам, шубе ми е да инсталирам RC на продукциски систем.
Бар кај Убунту ауто надградбата функционира одлично:toe:
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
221
шо знам, шубе ми е
Бар кај Убунту ауто надградбата функционира одлично:toe:
Да..да.. точно. Али, затоа ти реков, шубе ми е... не дадов некаква реална причина :)
Едноставно, наречи го суеверие поради лоши искуства од порано (под порано подразбирам Windows :) )
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
9.04 уште е RC сега бев на страната на убунту
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
хехе е да стварно не кажаа него многу бавно бе го симнува со 33-4 кпбс оди негде изгледа не трпат серверите
 
I

Intex

Гостин
Вака сега, ако го инсталирам Убунтото со Install on Windows, дали можам да го ставам во иста партиција со Windows-от и дали можам да го бутирам кога ке го вклучам PC-то?
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Вака сега, ако го инсталирам Убунтото со Install on Windows, дали можам да го ставам во иста партиција со Windows-от и дали можам да го бутирам кога ке го вклучам PC-то?
A зашто би инсталирал во иста партиција ?

Иначе за инсталирање можеш да го инсталираш, али лесно можеш да го поебеш Windows-от. До сега не сум инсталирал така Linux, али логички би требало тој сам да си креира ext3 и swap партиции и после при подигање на оперативниот систем ќе има ntfs, ext3 и swap партиција односно ќе те праша кој оперативен систем да се стартува.
Само пак ќе ти кажам, така многу лесно можеш да го поебеш Windows-от.
 
I

Intex

Гостин
A зашто би инсталирал во иста партиција ?

Иначе за инсталирање можеш да го инсталираш, али лесно можеш да го поебеш Windows-от. До сега не сум инсталирал така Linux, али логички би требало тој сам да си креира ext3 и swap партиции и после при подигање на оперативниот систем ќе има ntfs, ext3 и swap партиција односно ќе те праша кој оперативен систем да се стартува.
Само пак ќе ти кажам, така многу лесно можеш да го поебеш Windows-от.
Па таму ми пишува, дека после тоа можам да го одинсталирам со Add/Remove Programs, што е доста лесна постапка.
 
На врв Bottom