wild dolphin
Мал човек а голем ждерач
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 1.702
- Поени од реакции
- 229
да сонуваш како некој те ранува значи среќа во љубовта посебно ако ги сонвуаш куршумите тоа се толкува како среќни вести, тоа што си чекала да умреш значи долг живот е пред тебе. другарите во сонот или од клас сооучениците значи дека со нив ќе се сретнеш зближиш чуеш и сл.Jas imam nov son :pos2: kako sedam so sestra mi kaj mene doma i kako me puca so psitol me pogoduva vo vrat i kako cekam da umram demek, ali i jas sum ja spukala so pistol...i kako stojam na prozor i gledam eden drugar sto go neam videno odamna i kako praime muabet preku prozor, ali gledam deka site od mojot klas drugarive odat negde demek ke odat na ekskurzija nekoja...i naednas kako se naogam so decko mi na aerodrom, kako trebalo da letame negde enz, i mu vikam ali nemas viza, ne mozes taka samo...i naednas vleguvame vo nekoe internet kafe i toa kako pod zemja nekoe, kako vo palestina negde demek internet kafevo se naoga kako sedime na kompjuter i resavame pascal zadaci, ali demeek site pc imaat nanormalni kameri, a kaj mene ima dva posebni dela spoeni megusebe pa na pcto posle toa...i kako mi predava nekoja so crna kosa, niska zena taka sredno debela....hmmm stvarno nez .....aj pls tolkuvanje
а тоа што си била со дечко ти на аеродром тоа значи нешто убаво ќе ви тргне некоја среќа, задачите кои си ги решавала најверојатно се некакви проблеми кои те тиштат нешто што ти стои на пат што треба да го решиш.
тоа е најбитното што го извлеков од сонот остантатиот дел од сонот со професорката и компјутерот не значи ништо.
јас лично мислам дека е како резултат на преокупираност.Пред некој ден сонував како сум положила матура со просек 100.4% и како сум влегла во државна квота на факултетот по информатика(бтв брат ми студира на тој факс) и сум била во првите 10 на листата,не се сеќавам точно која бев битно имаше подобри и од мене.И сега многу ме стави на мисла сонот оти во план сум на флолошки.Има ли некакво значење ова или пак е резултат на тоа што мозокот ми е преокупиран со таа мисла околу матурските испити?Фала ондапред.
Сонував едно мало досадно дете како ме следело а јас никако да се откачам од него...И така ме следело ме следело ме следело и на крајот ми пукнал филмот, сум зел лопата и го треснав по глава...и детето умре
Друго сум сонувал како со братучед ми и со уште еден мој другар за малку ќе сме направеле сообраќајна несреќа
Трето...сум ја сонувал баба ми како пуше цигари :хаха: а многу ги мрази цигарите
дете ако е машко посебно велат некаков проблем некаде слушнав ако детето или бебето е женскао наводно се толкува како ангел, ако во твојот сон детето е машко најверојатно се работи з анекаков проблем кој на крај ќе го решиш.
да соновите се психологија и се третираат како дел од психологијата бидејќи доаѓаат дирекно од потсвета на човекот а знаеме дека потсвеста е предмет и на психологијата.Не сум против сонововниците и таквото толкување, некогаш и јас така си ги протолкувам соништата, но повеќе сум за психилошкото толкување на сонот, некако ми е пореално, не само Фројд што некој веќе го спомнува погоре, туку повеќе психолози ги проучувале соновите. Бев на предавање на еден француски психолог пред околу година дена баш за соновите, и обидувајќи се да ни објасни дека сонот е дел од тоа што ни се случува ни кажуваше повеќе примери од кој еден ми остави голем впечаток. Од прилика иде вака: Една девојка скоро секоја вечер сонува како ја брка некој и таа бега, секое утро се буди задишана и уплашена и незнае зошто е тоа така, тоа и трае долго време, секоја вечер истото, една вечер пак го сонува истото, но застанува во сонот се врти и прашува, зошто ме бркаш цело време. кој си ти, што сакаш од мене, одговорот бил јас незнам, ти сонуваш ти треба да знаеш зошто бегаш, од кого и од што бегаш.
Потоа работеше на сон на една девојка која ја виде прв пат во животот, за која незнаеше ништо, разработувајќи го сонот, видовме дека иако беше многу нереален сон имаше врска со нејзиниот реален живот, со тоа што таа прави, што сака да направи, што мора, иако во сонот немаше никој близок, многу од непознатите ги претставуваа нејзините блиски...
за соновите од доста психолошки тези имам прочитано дека можата да бидат реални и нереални, тие што се нереални се најчесто во вид на симболи тие симболи луѓето различно ги толкуваат но добар дел од симболите кај сите народи имаат слично знчаење како на пример вода, змија, сонце оган, леб, дрвја и мн. други, некогаш симболите од сонот ти кажуваат во блиска иднина што ќе ти се случи што немора д се случи тоа незнам од што зависи но некогаш ти ја прикажуваат моменталната психичка состојба а некогаш ти го отсликуваат минатото, затоа психолозите нашле решение односно го одгатнале сонот на девојката.
да и секогаш се препорачува сонот кој го сонвуаме да пробаме да го поврземе со нашиот живот со она што сме, што сакаме да направиме и со околината што не опкружува. сонвоите се чиста психологија.
според сонот мислам ќе имаш проблеми во врската со девојката, бидејќи кола е кавга посебно црна нешто Тажен ќе бидеш, духови се толкуваат како кратко прекинвуање на некоја љубовна врска, заради кое ти ќе се чувствуваш непријатно бидејќи маскарот во сонот е некаква непријатност, крв во сон некаде се толкува како глас а некои го поврзуваат тоа со пари, материјална добивка. непријатен сон во секој случај но дај Боже да не се оствари. секое добродва дена по ред сонувам чудни сонови, сепак се сеќавам само на ситни детаљи!
Пред 2 дена сонував како ја со некој друг (не сум сигурен ама мислам девојка ми беше) сме се возеле во мојот автомобил и одеднаш почнало нешто ептен чудно! Нешто ко масакар, и цело време патот ни го пресекувала една црна кола со две девојки (се сеќавам само дека шоферката беше плавуша) облечени во црно! Меѓу другото, биле ко духови т.е. преминувале преку огради и ѕидови без никакви последици. И сме заспале во автомобилот од што сме биле уморни и кога се разбудив видов одпозади едно дете (се сеќавам точно кој) за кој не сум сигурен дали одпочеток бил во колата. После тоа некој негов познаник тропна на прозорецот да му отвориме и ни раскажал што се се случувало на тој масакар. Меѓу другото, горниот дел од тренерката бил надвор од колата и кога ми го подаде познаникот имаше крв на неа....
МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ ОБЈАСНИ ШТО ЗНАЧИ ОВА ?:nesvest:
вода и огин во сон се чувства вода е преголема емотивност а огин некаква агресија нешто врие во тебе.дали некој може да ми објасни што значи да сонувач многу вода и многу огин???
ве молам објаснете !!!
ако во сонот водата е чиста односно бистра и ладна тогаш е среќа посебно ако пливаш во таква вода значи некаков успех ако водата е мутна тогаш значи некаков проблем или нејасна ситуација.
огин ако е со пламени без дим тогаш е убаво среќа во љубовта, успех.