Чинам лани (можда годинава негде јануари? не знам, небитно) пишував со некој тука за боксофисот и како е паднат и дека ајде лани демек прва посериозна година после Ковид, уште не може да се суди, ама мислам дека оваа декада ќе биде историска за Холивуд и ќе има сериозно влијание за иднината.
Општо гледано, и првиот пат кога актерскиот гилд имаше штрајк тоа беше проследено со промени во Холивуд (интересен детал - претседател на актерскиот гилд кога за прв пат имаше таков штрајк беше Роналд Реган, подоцнежниот претседател на САД), но овој пат тоа се комбинира пар години после сериозните промени кои беа произлезени поради Ковид пандемијата.
Па така, премногу филмови излегуваат подоцна од планираното, многу филмови завршуваат со снимање подоцна од плановите, секој поголем блокбастер сниман во ова време има поголем буџет од првичните очекувања и генерално секој план што било кое студио го имало во 2019 за следната декада дефинтиивно нема ни 2% да биде исполнето.
Е сега, ова ме носи кон муабетот дека по се изгледа, 2023 нема да биде единствена година со солиден број на финансиски флопови, бидејќи еве, до сега од првиве неколку филмови што излегоа оваа година повеќето делуваат како да би изгубиле пари за студијата. Има тука филмови како Dune 2 или можеби Годзила/Конг, ама знаејќи како функционираат студијата, факт е дека "од 10 филмови со голем буџет 1-2 ги враќаат парите назад" е сериозен проблем.
Ќе се појави тука пак нешто како Барбенхајмер (Дедпул 3 на пример) и ќе помине добро, ама факт е дека навиките на публиката се сменети и дека на Холивуд ќе му треба време да се опорави од оваа декада.
Предоцна е одма да се направат промени и оттаму ќе видиме уште многу финансиски флопови во следниве години, а веќе првите промени ваљда ќе ги видиме на крај на оваа декада или на почеток на следнава.
Само не сум сигурен дали ова ќе донесе целосна промена на блокбастерот како жанр и дали тоа ќе видиме повеќе драми/комедии/ромкоми/хорори и слични филмови за кои не е потребен огормен буџет во таа улога на "летен филм за масовна публика", или баш напротив, во борба да се надоместат загубите ќе се намали бројот на нискобуџетни филмови на сметка на одење 'all in' на тие 2-3 франшизи што се уште ќе прават пари без разлика на се.