Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.105
Поени од реакции
84.765
^ама добро, филмот спаѓа во "жанрот" црнечки филм, за таа публика е наменет, не си таргет публика, ова е ко Американец да гледа македоски филм и да каже дека све се дешава во Македонија и зборат на македонски. Ако не се лажам беше онака филмче излезенио не требаше да е ептен мејнстрим освен за таргет пубиката (од памет зборам, го немам гледано)
----

Нејсе

Пинг @Луѓе што сакаат да ги гледаат сите филмови номинирани за Оскари секоја година т.е. Злате и ваљда уште некој тек-тук

Глејте го Challengers да си направите некаков прогрес на листата на филмови со номинации за Оскар во 2025.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.915
Поени од реакции
15.902
вчера па одеше еден од филмовите на Клинт иствод, за Хари Калахар...
Clint Eastwood is 94 years old. He still drives his 1988 model car when he has enough money to buy an automobile factory. In the photo we see him buying his own fuel at the gas station. You are a great man, Clint Eastwood.

 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.119
Поени од реакции
9.972
@Sussaro го изгледа филмот за Аца Лукас? Баш сакам да прочитам твое мислење за тоа генијално дело за музичкиот маг. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.349
поише е шаман неголи маг
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.349
НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ Пичка ви матер! Немојте Крул!
зарем ништо не ви е свето?


Лошиот злосторник ја грабна принцезата и сега принцот ќе ја ослободи. - Господ знае како овој костур на причата ќе испадне у воук римејкот...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.832
Поени од реакции
23.346
@Sussaro го изгледа филмот за Аца Лукас? Баш сакам да прочитам твое мислење за тоа генијално дело за музичкиот маг. :D
За жал не. Ни тој, ни оној за Џеј. И книгата му ја имам и не сум ја прочитал. Сум кажал дека не сакам да читам книги на српски јазик (строго македонски или англиски) ама секако тука направив исклучок и ја нарачував од шофери на шлепери да ми ја земат од Србија. И ена ја стои. Живи бруки сум :(.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.397
Поени од реакции
58.278
Се воздржувам некако да ја прекинам претплатата на Нефликс ама се повеќе го губам трпението. Имам само неколку причини поради кои го толерирам. Една причина е што не гледам телевизија па без Нетфликс немам за што да уклучам телевизор. Фудбал гледам на лаптоп па не ми менува многу. Втора причина е што го имам дадено пасвордот на пола фамилија да гледаат бесплатно, третата е што се уште фаќам Friends а најавуваат дека ќе го вратат Lost.

Ама за филмови како иритира тоа е нешто ненормално. Вчера бев уморен и решив после подолго време да изгледам нешто, и избрав еден филм по име To Catch a Killer (2023). И почна се нормално, ветувачки. Главната хероина е полицајка, пријатен лик за гледање. Филмот од типот „најди го убецот“. И си оди се така како што треба до половина филм, и одеднаш U-turn кон Woke Street и с'иба мајката. Детективот, човек пред пензија, наеднаш открива дека е геј, се појавуваат расисти/нацисти, нешто како Q-Anon ликови иако тоа можеби не беше спомнато, и така... одеднаш ми текна дека уживав во првиот дел од филмот не дека беше нешто посебно, туку дека не форсираа со глупости, за момент подзаборавив дека по дифолт треба да ги очекувам срањата.

Се жалиме веќе подолго време, не е дека пишувам нешто ново. Да не бидам разбран погрешно, сум пишал и порано: не ми е мене проблем ни некој да е геј, нити пак сум чувствителен на теми како расизам итн. Проблемот е што секаде ги натураат, толку е очигледно дека на сила ги форсираат приказните во тој правец и без никаква причина почнуваат некој наратив кој нема никаква врска со дејствието на филмот. Безмалку како да студиото нема да им го прифати филмот ако не се чекираат овие неколку услови.

Изгледав два филма во авион за време на лет, не можам да ги оценам објективно затоа што не се гледа филм така, мене филмовите ми беа топ затоа што ми се погоди летот: комфор, ручек, вино, па сладолед, па сок од портокал, па кафе, па уште вино... кога ќе се сетам ми доаѓа пак да летам, на Викенд кај Берни би му дал десетка во тие услови :pos:

Енивеј, се работи за Napoleon и Killers of the Flower Moon.

За првиот океј, разбирам дека има историски недоследности, некои сцени се хаотични, посебно првата третина од филмот нема темпо, нема хемија. Но некои сцени ми оставија силен впечаток, како на пример битката со Русите и разводот на Наполеон и Жозефина, како и последната сцена која наликува на сцената на Марлон Брандо кога умира Дон Вито. И глумата на Жоакин Феникс секако, не личи на Наполеон ама јак глумец, нек с'ибе векот.

За вториот би рекол на кратко две работи:

Првата е дека ликот на Ди Каприо е одлично напишан, вистински секојдневен мал човек, алчен, дволичен, навидум изгледа како „го знаевме добар човек беше“ а во него крие мал милион фрустрации и неисполнети желби и само прашање на време е каде и кога ќе направи беља.

Втората е дека Скорсезе кој е малечок по раст веројатно има и мало куре и за да компензира за тој комплекс што го носи од деството мора сите филмови да ги прави по 3 и пол саати, матер му негова, 6 месеци од животов имам потрошено на гледање негови филмови. Нека оди во пензија, не можам веќе.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.349
Се воздржувам некако да ја прекинам претплатата на Нефликс ама се повеќе го губам трпението. Имам само неколку причини поради кои го толерирам. Една причина е што не гледам телевизија па без Нетфликс немам за што да уклучам телевизор. Фудбал гледам на лаптоп па не ми менува многу. Втора причина е што го имам дадено пасвордот на пола фамилија да гледаат бесплатно, третата е што се уште фаќам Friends а најавуваат дека ќе го вратат Lost.

Ама за филмови како иритира тоа е нешто ненормално. Вчера бев уморен и решив после подолго време да изгледам нешто, и избрав еден филм по име To Catch a Killer (2023). И почна се нормално, ветувачки. Главната хероина е полицајка, пријатен лик за гледање. Филмот од типот „најди го убецот“. И си оди се така како што треба до половина филм, и одеднаш U-turn кон Woke Street и с'иба мајката.
Демек коа виде дека полицајка е главен лик не знаеше што ќе биде филмот?
Сите ебани криминалистички серии и филмови имаат женски главен лик или женски спореден кој е у ствари главен, кој му кажува што да праи на главниот лик и кој го пробива главниот лик низ плотот.
Да отидеш у Америка и да видиш кои све детективи се занимаваат со убиства и кои се тие луѓе кои ја вршат таа работа, гарант ќе видиш дека има помалку од 1% жени, а не сите како што ни прикажуваат.

Ја купувам Нетфликс еднаш годишно по еден-два месеца. Баш пред два дена ми заврши овгодинешниот Нетфликс. Буквално све е идеолошки потковано. Буквално. (освен некои ствари од постара продукција)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.397
Поени од реакции
58.278
Види, жени може да форсираат колку сакаат, немам против. Само да немаат фризура со три бои и пенис. Инаку не се работи за силен феминистички лик туку за доста кршлива млада девојка, целата приказна си е на место кога се работи за главниот лик, немам забелешки за тоа.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.503
Поени од реакции
9.568
Не знам како може некој да гледа филм или серија од Нетфликс, а и не можам да сфатам како некој се претплатува на тоа срање. Буквално се секта којашто во секој филм или серија мора да форсира woke пропаганда. Поради нив е уништен начинот на снимање серии со правење квантитет серии со кратка приказна, напикана во една сезона без супстанца и без градење на квалитетни ликови. Поради големиот профит којшто го имаше сектава со тој нов рецепт беше принудена да снима конкуренцијата, па затоа умре телевизијата и сериите од типот на Сопранос и Жицата.

Тежок канцер и убиец на седмата уметност. Денот кога ќе пропадне оваа секта треба да се прогласи за државен празник на сите љубители на филмската уметност.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.119
Поени од реакции
9.972
За жал не. Ни тој, ни оној за Џеј. И книгата му ја имам и не сум ја прочитал. Сум кажал дека не сакам да читам книги на српски јазик (строго македонски или англиски) ама секако тука направив исклучок и ја нарачував од шофери на шлепери да ми ја земат од Србија. И ена ја стои. Живи бруки сум :(.
Вчера го изгледав и Недеља. Може пројде послабо од Тома, пред сѐ ради мелодрамата што Бјела знае да ја спакува, али квалитетно сработен и држи внимание од почеток до крај. Да го гледаш поскоро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom