Затвори прозор, чади! (ајвар, зимница...)

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
леле ајвар мн е убав баталете од продавница домашниот е поубав
 
Моиве денес ги завршија настапите во дворот во дисциплините полнење на 20 тегли ајвар и полнење на 10 тегли кисели краставици.
Цело попладне јадам ајвар како да не сум видела, ептен убаво ми се погоди со сирењето и малку мевце што беше останато. Мераци:)
 
Кај мене сеуште нема направено ајвар:(
Како што читам вака, лиги ми течат.Првиот ден кога е топол 2-3 тегли ќе смачкам со сирење.Мх, мх, милина:zlo:
 
Од помагањето во годинашнава сезона(зимници), во рацете сум се напраил како аграрец.

Не беше Јован за тие пиперки, печени, лупени... од семки исчистени...
 
Топол ајвар на кришка домашен леб со меки кори, и убаво масно сирење... најдобра комбинација :pipi:

Џену... има ли име за болеста наречена ајваро јадење во гоолеми количини?
 
Топол ајвар на кришка домашен леб со меки кори, и убаво масно сирење... најдобра комбинација :pipi:

Џену... има ли име за болеста наречена ајваро јадење во гоолеми количини?

лепота,јас преферирам со црн леб:wink:
 
Мислам дека белиот е далеку подобар за со ајвар:)
 
ми го зема комшивката ќумбето (Бог да ја прости ) и не ми го врати ... и сеа неам на шо да праам ајвар ,малиџано ,лутеница , кечап и разни домашни специјалитети
 
да белиот е повкусен,ама јас навикнав на црн а и поздрав е:wink:

Знам тоа.Ама кога станува збор за ајвар се прават исклучоци:)

ми го зема комшивката ќумбето (Бог да ја прости ) и не ми го врати ... и сеа неам на шо да праам ајвар ,малиџано ,лутеница , кечап и разни домашни специјалитети

Па појди и земи си го назад.Сигурно комшивката не си го понела со неа:pos:
Ајвар не смее да се пропушти:)
 
Мене ме изгледа глупо тоа масовно правење „зимница„ поготово во град.
Па кога ќе видам некој на кров на зграда како чади... ау, ми иде да ги фрлам од кров. Што ќе ви е толку ајвар бе луѓе? Па јебига, не живееме на Хималаите па да ни треба толкава залиха. Ако ти се пријаде некогаш ајварче, купи си од продавница - и готово! Нема ни да се исчадиш, ни да се измориш...
..не изгледа глупо заш нема бре место ...а и има голема разлика од домашно и од купечко...од домашно нема замена...инаку обожавам кога се прае ајвар..уу мн сакам д аљупим хих...сакам ајвааааааар:vozbud::vozbud:
 
Најдобар ајвар е домашниот кој што сака нека збори од домашен подобар нема, а надјобар е со бело лепче и солено сиренце
 
Acid, ти препорачувам 1 тегла ајвер Струмички, еве можи јас да ти дадам, да видиш убавина па да видиш дали нема да правиш толку ајвар вгодина, многу е сладок посебно со сирење и саламичка! ))))

Инаку за темава ние правиме ајвар секоја година, но не масовно со комшии или слично, онака сами, не праиме нешто друго што би можело ја незнам .:wink::wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom