Ова ми се мене искрено фаци на кои им давале медали за учество.
Не многу паметни, со огромна самодоверба и со самото тоа сметаат дека не смее никој да им го пререче нивното мислење. Ова почнува од дома, јас лично гледам скоро секаде родители што на мочковци од пет години кога црекаат во маркет, им се извинуваат. Мене мајка ми во живот ми се нема извинето, па и кога требало. Али затоа знам дека не сум специјална снегулка на светов, дека не сум најпаметна и дека секој може да ми залепе критика и кога треба и кога не треба.
Во Канада мислам дека беше, имало составено група на фб, во која можеш комотно да пишеш име и презиме, адреса и работно место на некој за кој ти се сомневаш дека е сексуален манијак. Немаш докази, немаш апсолутно никаков пример, освен тоа што можеби ти пишал здраво на фб. Групава со месеци мислам дека не е затворена и имало над илјадници имиња. Луѓе веќе почнале да тужат, зашто губеле работа, дружби со колеги, итн.
Значи идеме до општество, еве ова го земав само ко еден пример на сите лудости кои моментално на запад се дозволени да се случуваат, во кое секој ќе може без никакви докази да ти оцрни име и се што си правел ти во животот, зашто едноставно му се може. Немаш доказ, никој не ти ни бара, само им требаш за да задоволиш некоја нивна цел.
Не верувам дека ќе се сопрат работите или дека нема да одат на полошо од ова. Особена група која има многу внијание врз светот и младината се пореметениве холивудски фаци, кои сега ја користат секоја прилика да искажат некое политичко мислење, наместо да забавуваат народ, што им е основната поента на постоење.