Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
1 јуни 2011
Мислења
23.141
Поени од реакции
35.562
Има некои вести околу отворање на аеродромот и како ќе оди со летовите? Германија ги продолжи рестрикциите за патување до средината на јуни, имам лет на 1ви ама гледам уште не е откажан од Визер =/
Рано е може да го откажат и ден два пред полетување. Чекај до крај додека ти го откажат, не го откажувај сам.
моите имаат лет во понеделник, денес ми стигна меил дека летот е потврден и според нив во ред е да се лета. Ама ако ние не се осеќаме, да си платиме казна и може да ни вратат тоа што ќе остане за враќање. Дали тоа они знаат нешто што ние не знАеме, затоа то јас не најдов никаде дека нашиот аеродром е отворен, или пак аеродромот каде што ќе слетаат моите
Јас разбрав дека од 17 мај ќе почнат да летаат, ама ај да видиме дали е точно ова. :unsure:
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
4.447
Поени од реакции
7.361
Ми го откажаа летот јупиииии :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
13.307
Поени од реакции
9.294
Јас работам на брод, моментално пловиме кон Европа и на 16ти стигаме во Саутемптон и компанијата ни букираше лет скоро на сите македонци на 17ти јуни од Лондон (Лутон) до Скопје. Али уште не се знае дали летот ќе се реализира, наводно се чека 16ти да видат дали владата ќе дозволи да се отвори аеродромот.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
4.447
Поени од реакции
7.361
Ќе го откажат затоа што аеродромот во скопје не може да се отвори, им треба бар недела дена претходно да знаат. Летот беше на 19 скопје париз
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
6.043
Поени од реакции
3.878
Јас работам на брод, моментално пловиме кон Европа и на 16ти стигаме во Саутемптон и компанијата ни букираше лет скоро на сите македонци на 17ти јуни од Лондон (Лутон) до Скопје. Али уште не се знае дали летот ќе се реализира, наводно се чека 16ти да видат дали владата ќе дозволи да се отвори аеродромот.
мај или јуни чекате?
Снаами работи на Seabourn моментално се Холандија утре летаат за Софија после до граница со такси, па со автобус во карантин
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
13.307
Поени од реакции
9.294
мај или јуни чекате?
Снаами работи на Seabourn моментално се Холандија утре летаат за Софија после до граница со такси, па со автобус во карантин
За мај се работи друже, извини, значи сега за 4 дена, најново HR ни кажа дека картите ни се резервирани автоматски преку системот пошто карта ко карта секој може истата карта во моментов да ја резервира. Знаат и они дека вонредната состојба кај нас трае до 16ти и дека е можно да се отвори аеродромот тогаш и да чекаме до последно што ќе одлучи владата. Постои и голема шанса летот да не се реализира.
 

Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
3.707
Поени од реакции
6.619
Дали некој има WizzFlex да сподели искуство? Колку кошта, дали се исплаќа, дали може да се комбинира со wizz discount?
 
На врв Bottom