Најтрагичното за Медведев е што има да жали, и тоа многу, и покрај Се, прво, брејк шансите на 1-0 мислам у петти сет, кога рафа прв пат јадеше опомена за одовлекување на сервис и под дифолт мораше да сервира втор, а мислам и 40-15 беше за русинот у истиот гејм ( ова со опоменава беше на 30-40 ако не се лажам ), а потоа и на 2-2, 40-0, рафа веќе го предаде гејмот а русинов пушти еден зицер форхенд у аут пола метро, кога рафа и практично се откажа од тој поен а и гејм, по што овој крахираше и изеде брејк.
Бевме сведоци на уште едно епско финале, какви две финалиња на слем последователно имаше мајко мила
, ова доколку на крај го добиеше медведев ќе беше најголемиот upset не у тениска историја, туку општо можда и најголем спортски upset што некогаш бил просведочен, у топ 3 секако.
Коментаторот мислам дека погреши, не е ова прв меч на медведев у 5 сета, бар ја така мислам зашто видов статистика дека има 4 дур траеше преносов а можда и сум грешка, ама ниеден не добил, така да победа после 0-2. 2-5 у петти сет, никад да не победиш претходно у пет сета, плус против рафа за кој веќе сите знаеме што значи овој триумф ... па немаше ни да има доволно зборови у било кој речник за да го опишат она што Медведев денес дефакто можеше да го направи. На ова све да се додаде и односот кој го имаше публиката кон него на туров, освен во финалето можеби.
Рафа покажа и докажа дека е еден од најголемите, а наредна година реално огромни се шансите да се официјализира и како Најголем, свака част, ќе рече некој апла изи моуд имаше до финале што е и точно, ама Медведев за све наплати од нигде никаде.
п.с. Американскава публика по не знам кој пат докажа која мизерија од народ се, секој можен стереотип кој важи за дебиливе го сведочиме на us open, секоја година, без апсолутно никаков исклучок.