Да прашам додека не сум заборавил: некој што бил на текма на ЛШ, конкретно во Белград.
Дали прават проблем ако носам помало ранче со мене (во ранчето power bank, капа, ракавици, шал...)?
У принцип во Германија не дозволуваат ранци/торби поголеми од А4 формат. Е сега во Белград дозволувале како што пиша некој погоре. Сега кога бев у Белград влегов со педерка и ми ја претресуваа, али powerbank-от го оставив у смештај, не ми се ризикуваше. Ако сакаш да ги избегнеш сите гужви низ град и на стадион, ти препорачувам најкасно саат и пол пред утакмица да се моткаш околу стадион (околина), а најкасно саат да влезеш пред утакмица. Е сега ако си класичен балканец, можеш и на 5 минути пред почеток да се буткаш, ама не верувам дека би сакал такво нешто
Исто, не се нумерирани седиштата на трибините (за Југ зборам, за другите не знам), така да ако сакаш да си седиш на точно избраното место,влези и порано од горе напишаното.Обично го запазуваат редот, ама за седиштата е калакурница. Јас си седев точно на моето, ама дојдов бааги порано.Имав време, не ми беше досадно. Ако си позади гол (не со навивачи на Баерн), рачунај дека ќе стоиш 90 минути
