ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.429
- Поени од реакции
- 42.701
СП е турнир што трае месец дена, националните првенства и ЛШ траат цела сезона. Плус што Снајдер беше феноменален и на Светското и беше најдобар стрелец ако не се лажам. А и тој стигна до сам крај, не излгоа во групна фаза па до толку Иниеста или Чави да постигнале повеќе од него.Три - четири пати е правен истиот муабет на форумов па веќе е заморно секоја година да се повторуваме ама ќе пишам пак. Снајдер никогаш не бил на нивото на Чави или Иниеста, ниту во 2010 ниту било кога. Светската титула на Шпанија е далеку повредна од ЛШ на било која екипа.
Тоа што Интер ја освои ЛШ и во полуфинале ја елиминираше Барселона не значи дека беше најдобра екипа во тој момент. Барса одигра под нивото во Милано, мада пред тој натпревар имаше цел сплет на околности што имаа влијание на играта, плус тука беше голот од офсајд на Милито. На Камп Ноу предоцна се скрши бункерот и немаше време а и среќа за втор гол. Така да се наредија коцките за Интер да игра финале и да освои. Ако не беше така, Чави и Иниеста ќе имаа и ЛШ и СП таа година па Снајдер немаше да го споменуваме ни како фуснота.