Да, точно е дека не е се во статистиките и се согласувам дека Модриќ ја заслужи златната топка за минатата сезона, ама дека Меси не заслужил златна топка во 2010 е најголемата глупост која може да се прочита само на форумов и никаде на друго место.
Прво, Меси таа сезона ја играше на невидено ниво, не само што постигнуваше многу голови и тоа доста од нив беа ремек дело, туку целокупно играше на фантастично ниво, голови, асистенции, дриблинзи, буквално доминираше. Во четврт финале му даде четири, ЧЕТИРИ гола на Арсенал, тогаш за првпат почнаа муабетите за најдобар во историјата. Не знам дали ве има фатено амнезија или зборувате од омраза спрема Меси/Барса, ама никој не може да му ја оспори златната топка на Меси за таа сезона.
Второ, Интер таа сезона имаше тимска игра каде буквално секој играч имаше подеднакво важна улога плус зборувате за освоеното триплете, а заборавате дека Интер освој титули во мизерната Серија А без некоја конкуренција (и сега е истото само сега Јувентус е тој што доминира). Таа сезона во Интер сите играчи вршеа одлична работа и секој од нив имаше важна улога што во офанзива што во дефанзива. Цезар, Лусио, Матераци, Мајкон, Снајдер, Ето, Милито, па дури и Пандев сите имаа значајна улога во успехот на Интер. Кога би бирал поединец побрзо би го одбрал Мајкон пред Снајдер, таа сезона Мајкон беше најдобар десен бек, играше фантастично цела сезона.
На прашањето кој залслужил повеќе да добие златна топка Чави или Иниеста, одговорот е Иниеста. Иниеста беше најдобриот среден играч таа година и во Барса (длабоко во сенка на Меси) и во Шпанија на светското првенство плус постигна и гол во финалето за титула.