UEFA Champions League 2017/18

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Браво Челзи, со 20 и кусур % посед можеа да не уништат. Барса катастрофа.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
Првично ми беше да го пецнам @Донев за еден муабет што го праевме во ПЛ темата.

Што се однесува за играчов, грешките те прават појак како што велиш ама оваа грешка може да ги кошта пролаз даље Челзи. Предобро се бранеа, шанса немаше Барса да дадат гол од изградена акција денеска.
И пак останува истото мислење. Кристенсен ненормално стабилно игра цела сезона, за своите 21 години. Денес прв пат се осети несигурност, иако има веќе играно во ЛШ и против Барса. Ама тоа е, на тие години, се случува.

Иначе малце беше потребно после голот да ја видиме и вистинската Барса :X3:

 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.596
Поени од реакции
7.720
Јас го сонував цел натпревар, па да ви кажам што ќе се случи, да не се нервирате вечер. Ептен цврст натпревар, ама Хазард ќе успее да даде гол за 1-0, само не знам кога точно. После во 86та свират пенал за Челзи ама Хазард некако успева да го утне цел гол, над гол шутна. И во 90та Барса дава за 1-1...
:icon_mrgr:
:vozbud:
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.631
Поени од реакции
10.350
Пак Делофеу шиткај го за 100милионскиот ѓупак клупата да ја греј

300 милиони.. едниот во копа дел реј игра а другиот по болници остана (y)

Арно среќа имавме а и Кристенсен пацер е иначе ова 3-0 требаше да заврши
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Го пишав истово и по класикото, средниот ред на Барса е жалосен, веќе втора сезона.

Паулињо им е најдобар играч сезонава, ги извади на многу утакмици и толку од средината нивна. Ракитиќ игра добро само против Реал, Бускец втора година е просек, Иниеста веќе не може да држи високо темпо.

Денеска Канте и Цеск сами двајца ги издоминираа, беа надиграни и против Реал на Класико пред да ни се деси распад системот, така ќе биде и против друг појак тим со кој би се сретнале.

А па Валверде цело време го форсира тој состав каде што се сконцентрирани сите овие у гужва. Крила нема а ширината ја дава Џорди Алба. Меси и Суарез треба да се извлекуваат за да повлечат.

Сеа тоа е и до некој степен принудно ради повредата на Дембеле со кого сигурно би била играта поразнолика и поширока.

Може имаат доминантна сезона во ЛаЛига но немаат доминантна игра. Многу е читлива и многу зависи од Меси и Алба. Кај Меси е обратно можда нема доминантна сезона на статистички план но мислам дека сезонава е убедливо најкорисен за тимот и го носеше на грб и сам дур Суарез беше у мизерна форма.

Он, Тер Штеген, Алба, Умтити и Паулињо имаат огромна улога у првото место на Барса во лига, другиве се некако сумливи со формата цело време. Не дека е потребно сите 11 играчи да играат у ненормална форма, ама ептен е голема разликата у формата меѓу набројаниве и останатите. А и добро си ја имаат и оваа "шампионска" среќа сезонава, си ги добиваат ваквите утакмици (денес конкретно реми но разбирате).
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.146
Поени од реакции
18.130
Вилијан изигра партија на кариерата, Челзи генерално беше подобар и можеби заслужи да победи. Сепак наивна грешка ги кошта победа, многу лош пас во средина против екипа која што врши пресинг. Не дека Фабрегас, а особено Аспиликуета се прославија со нивните потези после тоа.

Мислам дека ништо не е решено овде, Барса премногу млитава за да може да гарантира сигурен пласман понатаму, иако на Камп Ноу може со иста ваква игра и три гола да дадат.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.721
Поени од реакции
52.656
Сеа зависи споредено со кого. Откако е во Челзи, може за Канте и Аспиликуета да се кажи дека се поконстантни од него.
И многу други.
Не мора да се споредува, ептен е неконстантен. Среќа последнава недела фати форма. Да играше вака цело време, ќе беше страшен играч. Ама цело време е истото, недела-две ќе изигра супер и после ќе го нема месец-два. Сезонава ќе му биде најверојатно статистички најдобра во Челзи, а баш сезонава ги изигра можеби и најлошите натпревари од кога е дојден во Челзи. Губеше топки полесно од Санчез, целата игра му беше ептен фрустрирачка за гледање. Јас знам дека пишав дека е завршена приказна во Челзи веќе. Плус најголемиот проблем е и тоа што колку и да трча, не е доволно ефикасен за играч на таа позиција. Глеј му статистика во ПЛ од кога е дојден. 4, 2, 5, 8, и до сега сезонава 4 голови.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Вилијан изигра партија на кариерата, Челзи генерално беше подобар и можеби заслужи да победи. Сепак наивна грешка ги кошта победа, многу лош пас во средина против екипа која што врши пресинг. Не дека Фабрегас, а особено Аспиликуета се прославија со нивните потези после тоа.

Мислам дека ништо не е решено овде, Барса премногу млитава за да може да гарантира сигурен пласман понатаму, иако на Камп Ноу може со иста ваква игра и три гола да дадат.
Jа мислам дека е решено. Овој тим на Челзи не е способен да брка резултат(у случајов победа) на гостински терен против Барса. Екстремно некој редок случај како црвен картон, пенал или што ти ја знам па Барса да не иде даље. Да останеше 1-0 ќе беше ептен неизвесно на Ноу Камп.
Кристијансен дете мое што не кажа пред да почне утакмицата дека ти се тресат ноџињата.:place:
Не ради грешката, него и у прво полувреме кога без никаков притисок од играч од Барса ја отера у корнер, се виде дека има трема малиот.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.596
Поени од реакции
7.720
Ел Нињо не знам што си гледал ама дека Фабрегас доминирал на средина е далеку од точно . Вилијан искина на мечов .
Ракитич е најконстантен оваа сезона , Паулињо беше добар првата полусезона , сега е паднат во форма . Бускец е мизерија дефанзивно .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom