Twin Peaks

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Денес заврши Твин Пикс на сител... :nesum: али каковкрај!! Купер опседнат со Боб?! Зошто таков крааааааај?!! :nesvest: Криво ми е што остана волку недоречено, штета што ја укинале серијава бидејќи мислам дека ќе останела исто интересна и да продолжеле да снимаат.
Многу ми е драго што добив шанса да го видам ова ремек дело. :smir: Утре ќе го гледам филмот.
 
Денес заврши Твин Пикс на сител... :nesum: али каковкрај!! Купер опседнат со Боб?! Зошто таков крааааааај?!! :nesvest: Криво ми е што остана волку недоречено, штета што ја укинале серијава бидејќи мислам дека ќе останела исто интересна и да продолжеле да снимаат.
Многу ми е драго што добив шанса да го видам ова ремек дело. :smir: Утре ќе го гледам филмот.
Крајот е стварно зафркнат, а филмот гледај го...малце језив е на моменти, ама ќе видиш како е убиена Лора.
 
Дејвид Линч... кој цар. Ни самиот не знае кој ја убил Лора Палмер :)
 
супер беше крајот...мене ми се допадна...
 
Сите ми ја фалат оваа серија. Вчера си ја извадив 1-та сезона. Па ке видам каков впечаток ке ми остави.
 
Мене искрено крајот некако ме разочара (крајот на серијата), а целосно серијата беше мошне морничава и психоделична на моменти, повеќе моменти. :) Филмот малку го поправи впечатокот за крајот, ама не целосно.
 
Ја имам изгледано прва сезона, кога тогаш ќе ја ѕирнам и втората. Викаат дека оваа серија донесе револуција во телевизијата. На времето била навистина нешто шокантно. Сите овие извртени изопачени луди серии од типот на LOST денес, се производ на ударот кој го предизвикал Twin Peaks некогаш...
 
Ја имам изгледано прва сезона, кога тогаш ќе ја ѕирнам и втората. Викаат дека оваа серија донесе револуција во телевизијата. На времето била навистина нешто шокантно. Сите овие извртени изопачени луди серии од типот на LOST денес, се производ на ударот кој го предизвикал Twin Peaks некогаш...
Втората сезона според мене е послаба од првата а и плус во втората сезона малку епизоди се режирани директно од Линч.

П.С. - По грешка место цитирај, на измени стегнав првиот пат :)
 
Серијава само што почнав да ја гледам и е чиста 10ка(големо фала до џимеј што ми ја изрежа)

сценава од такт ме извади-
 
Почнав да ја гледам и стигнав до кај 6та епизода ама не ме натера понатака да продолжам да ја гледам. Отворив спојлери и разочаран бев од тоа кој бил убиецот. Со тоа немаше поента зошто да ја гледам, а и предолго трае една епизода и досадува. Инаку има добри ликови и добра е ама за тоа време, не се споредува со серии од оваа декада.
 
После релативно долг период, седнав пак да ја гледам серијава, во една поопуштена атмосфера отколку пред две - три години (ја даваа кај нас и во средината на 90 - тите, но тогаш бев помал и не ги гледав сите епизоди, па нема да го земам во предвид тоа).
Дефинитивно, Твин Пикс е една од најдобрите што ги имам гледано. Атмосферата изобилува со некаква мистичност и недореченост, во позитивна смисла на зборот, при што многу нешта се препуштени на имагинацијата на гледачот. Сакам да кажам дека не е се медиокритетски „нацртано“ или преџвакано и поготвено за конзумација.
Иако Линч не е режисер и сценарист на сите епизоди (на Wikipedia прочитав дека Дајан Китон режира една од нив), секогаш е присутно неговото влијание. Дијалозите и ликовите сместени во чудниот и прекрасен град кој крие морничави тајни се сосем нормални за една таква средина во која се испреплетуваат повеќе граници, видливите меѓу САД и Канада,меѓу цивилизацијата и не толку допрената природа, но и помалку видливите меѓу реалноста и надреалното, меѓу сонот и јавето.
Разврската во серијата од тоа што го имам прочитано и слушнато е изнудена под притисок на телевизиските продуценти и нестрпливата публика (или нешто слично). Штета што крајот не е препуштен на креаторите на серијата.
Најавната тема, компонирана од А.Бадаламенти, е прекрасна.
И нешто за крај, повеќе како прашање отколку како констатација. Во повеќе сцени на филмови од Линч, сум забележал машини, тешка индустрија, оџаци од кои испарува чад... Дали се работи за некаква аверзија на режисерот кон модерниот, индустриско - технолошки напредок, кој е постигнат по цена на губење на човечноста и духовното или сум се излажал?
 
Одлично согледување, добро си го доловил работите се согласувам у целост!

Линч за преседател! :wink:
 
Аууу језива серија е ова бе! Ја давале на времето на прва програма, мајка ми ја гледала додека била бремена со мене.Добра серија е, не викам не ама не е мој тип, премногу ми е језива.А па песнана кога почнува ауууу бегааај мрш!

Ќе заборавев да кажам дека постоела можност јас да се викам Лора! Ај погодете зошто! ц ц ц
 
Завршив со гледање на првата сезона пред неколку дена и треба психички да се подготвам за вторава :) Јак mindfuck e :) и на крајов ме остави со тоа едвај чекам да најдам слободно време да ја догледам...
 
Интересна, возбудлива, непредвидлива серија со невообичаена глума. Има освоено три Golden Globes.
TwinPeaks_openingshotcredits.jpg
Сиже: Во гратчето Twin Peaks, кое се наоѓа во крајниот северозапад на САД, во државата Вашингтон, се случува убиство. Убиена е Лора Палмер. За решавање на убиството помага и FBI со агентот Дејл Купер, кој е ексцентричен по природа. Но, немаше да биде толку невообичаено, ако и градот во којшто доаѓа Дејл Купер, е дури и повеќе ексцентричен отколку што е тој.

Се случуваат толку заплети, така што ќе морате да фаќате забелешки, за да не сфатите нешто погрешно, или пак да не го сфатите воопшто. Не знам дали оваа серија е давана на нашите телевизии, може да каже некој ако се сеќава. На почетокот ќе изгледа чудна серијата, но со текот на времето се навикнуваш. Има две сезони. Вкупно 30 епизоди.

Главниот лик, агентот Дејл Купер го глуми Kyle MacLachlan, кој, можеби на некој од вас ќе ви биде познат.


Создавачи на серијата се Mark Frost и David Lynch. Била премиерно прикажувана од 1990 до 1991.

Моментално ја завршив првата сезона. До сега е феноменална, за понатаму ќе видиме, иако не се сомневам дека ќе биде супер.
Можеби некои ќе се потсетат и по музиката.:)


http://www.imdb.com/title/tt0098936/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom