True Detective

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Деца, полека малце, немора да ја раскажувате. Таман ја симињам. Серија одамна не ми привлечела внимание. Ваљда Џени ќе заврше работа. :rolleyes:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Ќе ја гледам за гледање, само она пирсаните образи на црнката знам дека ќе ме нервираат во секоја сцена кајшто ќе ја видам.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
Излезе првата епизода од 5 сезона на True Detective. Многу различна атмосфера од предходните сезони, повеќе мистерија и хорор елементи има дури и од првата сезона.

Мене многу ми се допадна пилотот, самоедна мала замерка за CGI елементите во една од почетните сцени изгледаше малку чудно/евтуно, али другото се е top notch, баш трејдмарк HBO квалитет.
 

Magic Mike

Blessings and Love
Член од
20 септември 2023
Мислења
686
Поени од реакции
1.809
WTF е со supernatural елементите во новава сезона!?
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Пуштам на зелка точка орг , јер замунда не работи на моја локација... Ако е барем на пола добра од прва сезона.. бичу најсречни џак.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
ОК е прва епизода, ќе видиме како ќе тера. Најверојатно натприродните елементи ќе станат психолошки во одреден момент. Ептен тапа ќе биде ако забегаат на таа страна.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.215
Поени од реакции
41.298
Не дека е теорија на заговор, напротив, јавна тајна е мислам дека големиве корпорации од оваа бранша имаат и медиуми и критичари на платен список, истовремено и војуваат меѓу себе и гледаат и да наштетат на нешто туѓо, и истовремено да воспеваат сопствени просечни проекти и да влијаат врз публиката. Критичарите на Rotten Tomatoes ми се класичен пример за ова и штета што се изгуби веќе смислава на рецензии и све тоа се претвори во каша попара ко да гледаш вести, и едните се за едната страна, другите за другата, и со тоа се изгуби самата смисла на една добра осмислена и објективна критика за филмската уметност.

Мислам дека бев жртва на вакво нешто за премиернава епизода, едно месец дена сум бомбардиран со позитивни ствари за оваа сезона, и за луѓе што имале прилика да видат што се дешавало пред да искочи премиернава епизода, па као конечно го имаме вајбот од прва сезона конечно (тотален false маркетинг), па најдоброто нешто после прва сезона и слично ... за да добијам тешко срање од прва епизода, со низа апсолутно непотребни сцени и очајна глума и тотално некористење на потенцијалот на Џоди Фостер.

Кога сме кај неа, и потенцијалната тематика што би се обработувала во овој серијал, се знае кој вајб под дифолт се добива кога е она вклучена во ваков проект, нормално и ова дополнително влијаеше кај мене да ја почнам, али ништо од тоа, пробуваат нешто ново и секако, цело е кога има све и ќе се суди на крајот, ама првава епизода за мене беше патење искрен да бидам, ништо спектакуларно не понуди и иако нормално, си завршуе со клифхенгер, кај мене има точно нула желба инстантно да ја глеам и втората епизода. Ги знаете оние серии што ги почињате, и излезена е цела сезона, и си викаш ај една епизода ќе изглеам и толку, и у наредни 4-5 саати све поминуете од што е ебано добро ... епа ова у моментов не е една од нив. :ROFLMAO: Мачно беше ова за гледање, да имаше уште една епизода, после 24 часа ќе беше пуштена.

Ќе видиме што и како ќе се случува во остатокот од сезонава, ама за мене лично почетоков не е ветувачки, и не сум изненаден што конкретно публиката, прилично лошо ја оценува првава епизода. Имав високи очекувања, ради целата онаа мрачна атмосфера (зима, Аљаска, убиство, Џоди Фостер и тн), добив ниско квалитетно снимено парче, обично, што можеше да помине и со глумци кои дебитираат во светот на филмот, и кое не прави milking на True Detective серијалот.

п.с. Секој втор лик у серијава халуцинира :ROFLMAO:, а ќерка и на Џоди Фостер, која у епизодава беше стаена чисто за да се посочи дека е тинејџерка и истовремено лезбејка и да се штиклира тој дел за esg скорот, тешко антипатично створче, инстантен плус би имала сезонава ако некој ја упокои, надежно на сам почеток од втора епизода, буквално така да почне, први 10 секунди и аааајт. :pov:

п.п.с. Спиралниот симбол, од сцената со фотографиите на под со Џоди Фостер, паралела со истиот симбол од прва сезона и Yellow King, тука најверојатно ова повеќе ќе се користи зашто и на трејлерите преовладува истиот симбол.
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.273
Поени од реакции
45.670
Травис е таткото на Раст :cautious:
Спомната беше и фондацијата Татл од прва сезона во однос на симболот.

Колкава е разликата од глумата на Џоди Фостер до црната глумица примена по рамковен.
Иначе и тука сите мажи се лигуши, гилиптери и насилници, сите жени се храбри херои . Да не симињам од замунда би бил разочаран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom