Не дека е теорија на заговор, напротив, јавна тајна е мислам дека големиве корпорации од оваа бранша имаат и медиуми и критичари на платен список, истовремено и војуваат меѓу себе и гледаат и да наштетат на нешто туѓо, и истовремено да воспеваат сопствени просечни проекти и да влијаат врз публиката. Критичарите на Rotten Tomatoes ми се класичен пример за ова и штета што се изгуби веќе смислава на рецензии и све тоа се претвори во каша попара ко да гледаш вести, и едните се за едната страна, другите за другата, и со тоа се изгуби самата смисла на една добра осмислена и објективна критика за филмската уметност.
Мислам дека бев жртва на вакво нешто за премиернава епизода, едно месец дена сум бомбардиран со позитивни ствари за оваа сезона, и за луѓе што имале прилика да видат што се дешавало пред да искочи премиернава епизода, па као конечно го имаме вајбот од прва сезона конечно (тотален false маркетинг), па најдоброто нешто после прва сезона и слично ... за да добијам тешко срање од прва епизода, со низа апсолутно непотребни сцени и очајна глума и тотално некористење на потенцијалот на Џоди Фостер.
Кога сме кај неа, и потенцијалната тематика што би се обработувала во овој серијал, се знае кој вајб под дифолт се добива кога е она вклучена во ваков проект, нормално и ова дополнително влијаеше кај мене да ја почнам, али ништо од тоа, пробуваат нешто ново и секако, цело е кога има све и ќе се суди на крајот, ама првава епизода за мене беше патење искрен да бидам, ништо спектакуларно не понуди и иако нормално, си завршуе со клифхенгер, кај мене има точно нула желба инстантно да ја глеам и втората епизода. Ги знаете оние серии што ги почињате, и излезена е цела сезона, и си викаш ај една епизода ќе изглеам и толку, и у наредни 4-5 саати све поминуете од што е ебано добро ... епа ова у моментов не е една од нив.
Мачно беше ова за гледање, да имаше уште една епизода, после 24 часа ќе беше пуштена.
Ќе видиме што и како ќе се случува во остатокот од сезонава, ама за мене лично почетоков не е ветувачки, и не сум изненаден што конкретно публиката, прилично лошо ја оценува првава епизода. Имав високи очекувања, ради целата онаа мрачна атмосфера (зима, Аљаска, убиство, Џоди Фостер и тн), добив ниско квалитетно снимено парче, обично, што можеше да помине и со глумци кои дебитираат во светот на филмот, и кое не прави milking на True Detective серијалот.
п.с. Секој втор лик у серијава халуцинира
, а ќерка и на Џоди Фостер, која у епизодава беше стаена чисто за да се посочи дека е тинејџерка и истовремено лезбејка и да се штиклира тој дел за esg скорот, тешко антипатично створче, инстантен плус би имала сезонава ако некој ја упокои, надежно на сам почеток од втора епизода, буквално така да почне, први 10 секунди и аааајт.
п.п.с. Спиралниот симбол, од сцената со фотографиите на под со Џоди Фостер, паралела со истиот симбол од прва сезона и Yellow King, тука најверојатно ова повеќе ќе се користи зашто и на трејлерите преовладува истиот симбол.