Altair
Шмеќер
- Член од
- 30 јуни 2008
- Мислења
- 306
- Поени од реакции
- 192
Не ми се верува дека дури сега дознав за бендов (случајно преку децата со каверот).Уфф, децава - растур, ден ми разубаве.
Инаку, според мене, еден од најдобрите „живи“ бендови, и со цело срце го исчекувам новиот албум.
Едноставно се фантастични, почнувајќи од Maynard што е одличен лирицист (што се покажува и во A Perfect Circle и во Puscifer ) и за чудо е единствен „препознатлив“ лик од бендот, па до неверојатните рифови на Adam , тврдите бас линии на Justin и бесните битови на Danny.
А и видеата се, приказна за себе, ме дигале до небо и ме копале 2 метра под земја.
Препорака - иако е на сензитивна тема (злоспоставување на деца), еден од најдобрите аудио-визуелни склопови.
Мислам дека се заљубив веднаш - предобри се
Откако разгледував текстови на некои песни нивни, почнав да барам по нет објаснувања и налетав на многу интересни фан теории - поготово за песната 46&2 , како се однесува на некое човеково евоулирање во повисока фаза/димензија?!
Претпоставувам дека си им фан , па ти дали имаш некое мислење во врска со некои метафорични значења на песните?