Се полоша и полоша станува сезоната. Како лани цела група беше утепана, угнетена, без оружја наеднаш сите способни, борци со оружје колку цела АРМ тепаат што ќе стигнат, пола бази на Ниган му ги земаа?
Нема веќе харизматични ликови во серијата, ликови за кој може да се навива, и тие што беа или немаат никаква минутажа (Дерил) или се измелезени скроз (Рик, Керол). Нема никакво поврзување на ликовите, глумата е очај, Ниган има минимално појавување овие три епизоди, затоа и неговиот лик не иде до израз, ни за него не може да навивам.
Сите овие работи од погоре и може некако да поминат, но тоа што најмногу ја руши серијата е што нема приказна, нема излезна точка, нема крај едноставно. Еве го тепаат Ниган и бандата и после што, некој нов негативец, па после него друг и така колку, уште пет, уште десет сезони.
Ја углавном имам став дека секоја серија, па и најдобра да е (а оваа не е тоа) после пет сезони природно е да стане досадна, репетитивна и да губи на квалитет, неминовен процес е тоа. И затоа BB е најдобрата серија, оти не дозволи да тргне по таа паѓачка траекторија туку си заврши точно на време.