The Walking Dead

Моментално сум сезона 7 е5 ..... Вчера случајно во 23/30 ја начекав 8/4 епизода .....Прва работа шо ми падна на око е колку брзо и кратко содржано беше и траеше епизодата .... Да не дозволат оружјето бла бла,ги испоуби ја сите,се претвори ја во зомби,го бркаа својот крал шо беше фатен од Спасител,па оваа керол беше,наеднаш у рамбо стил освен 2ца ги кине,бегаат и некако еве ти ги Рик и Дерил за краток момент ги кинат на пат .....Рик летив од кров на пат,жив е као и секад .....Бркотницата колку беше аматерски и графички и сценски напраена,поготово Рик кога скока од џип на џип ,другиот као на аутопилот се држеше:lolzz:
 
Ај тоа што скокна, скокна, али што демек не можеше да го запре или стабилизира џипот и го однесе у ендек, мене ми беше идиотски. Петкава не ја ни симнав, ебати серијата кај ја затераа.
 
Што беше со хеликоптерот ? Халуцинација или ... ?
 
На омотот од серијава пишува некаде дека истата го зголемува ризикот од заболувања на рак?
 
Новата епизода, петта по ред беше добра, да бидеме објективни сега. Конечно се појави Ниган и квалитетот одма се примети, човекот е цар! Зборувам за актерот што го портретира Ниган, Jeffrey Dean Morgan. Човекот е класи над останативе глумци во серијата, факт!
Типичен доказ дека и без акција една епизода може да биде интересна, оваа беше таква дефинитивно.
Само жално што мора да чекаме Ниган да се појави во епизода за да крене рејтинг, сосема недоволно да се поправи впечатокот, иако човекот си ја работи работата маестрално не може тој цела сезона сам да ја носи на грб.

Инаку конкретно за епизодата, во кратки црти, ќе ги оставам замерките настрана, овај пат за промена.
Видовме едно ново лице на Ниган, ја разбравме неговата приказна во целост која само го дополни неговиот лик во позитивна насока и му даде една човечка димензија, дека и тој е човек а не само бесчувствителен тиранин.
Дознавме со што се занимавал и за што жали, кој е неговиот најголем грев кој го прави слаб но истовремено и го прави она што е. Претпоставувам дека "Лусил" го добила името по неговата жена.
Гебриел ја дозна неговата причина и целта на постоење или...јас мислам дека допрва ќе ја дознаеме кога Ниган ќе ги обелодени неговите планови за него :D.

Сцената внатре во "Светилиштето" кога се расправаа за кртот меѓу нивните редови ептен ме потсети на филмот "Reservoir Dogs" (кој не го гледал да го гледа).
Исто битен момент е сцената со Рик и Дерил. Кога Рик го одби планот на Дерил и на некој начин докажа дека сеуште размислува со трезвена глава и дека не се претворил во целост во лоша копија на Ниган. Ќе видиме понатаму што и како.
Уште повеќе ја дознавме и причината за лојалноста на жителите или работниците во "Светилиштето" што пак беше објаснување плус за филозофијата на управување со човечките ресурси на Ниган :D.

Сума сумарум задоволувачка епизода со задоцнет тајминг, недоволно да се поправи досегашниот впечаток.
 
BOOOOOOOOORING

yawning.jpg
 
Дно без крај..:pos::pos:
To an untrained eye...

Никад нема да ја прекинат. Крш праи. Цел канал се држи на неа. Уствари мислам дека има апсолутно најголеми бројки во САД (за scripted drama или така нешто). Grey's Anatomy упм. Да бегаме со време, а?

https://tvseriesfinale.com/tv-show/amc-network-tv-show-ratings-33643/
 
To an untrained eye...

Никад нема да ја прекинат. Крш праи. Цел канал се држи на неа. Уствари мислам дека има апсолутно најголеми бројки во САД (за scripted drama или така нешто). Grey's Anatomy упм. Да бегаме со време, а?

https://tvseriesfinale.com/tv-show/amc-network-tv-show-ratings-33643/
Грејс анатоми барем имаше поента некоја, ова....
 
Овие што го затворија Рик ми се најчудната и најглупата група во цела серија, дефинитивно. Што им требаше да ги вметнат нив ? Не се воопшто интересни...дури и преглупаво е со тие движења и ритуали што ги прават ... днО!
 
Како го утрапија Рик овие грдиве [emoji23] сакате? Нејќеме, носи го :pos:

Не беше мизерија епизодава сем Рик и детиштено негово глупо што само влагаат, во беља, ваљда до генот им е. Другово се џвакаше. Фала богу Меги го затвори дртавиот

c10efee64536616a6300a8e1a97b9dcd.jpg
 
Последно уредено:
Овие што го затворија Рик ми се најчудната и најглупата група во цела серија, дефинитивно. Што им требаше да ги вметнат нив ? Не се воопшто интересни...дури и преглупаво е со тие движења и ритуали што ги прават ... днО!
Да, и мене ми се без врска. А што е најинтересно, тие се можеби единствената група до сега што се оригинално напишани за серијата и ги нема во стриповите, или барем јас не сум ги сретнал. Имаше една група со исто име, The Scavengers, многу одамна, уште кога дојдоа прв пат групата на Рик во Александрија, ама тие беа само 5-6 души, и ги предводеше маж, Дерек, и сите беа убиени многу брзо. Џадис во стриповите дефинитивно не постои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom