The Walking Dead

Според мене не е проблемот во бројот на сезони пошто серијава го следи стрипот, проблемот е во лошиот квалитет на 7 и 8 сезона, каде приказна наменета за пола сезона пробаа да ја развлечат да зафати 2 сезони, тоа плус лоши одлуки како убивањето на еден од најбитните ликови во 8 сезона и толку веќе секаков интерес изгубија голем дел од фановите.

Во 9 и 10 сезона се подобри колку толку серијата, ама за жал можеби е прекасно :unsure:
Aко мислиш на Рик, не е мртов. Јас мислам у базата е кај овие Стар Ворс и таа бабата.
 
Aко мислиш на Рик, не е мртов. Јас мислам у базата е кај овие Стар Ворс и таа бабата.

Рик не е мртов ќе има филмови за него, на Карл мислев него го исфрлија во 8 сезона за да не му ја зголемат платата на глумецот :facepalm:
 
Рик не е мртов ќе има филмови за него, на Карл мислев него го исфрлија во 8 сезона за да не му ја зголемат платата на глумецот :facepalm:
Она што спомна најбитен малце ме збуни. Зошто реално дете во постапокалиптична ситуација е повеќе товар отколку придобивка. Доста срања што им се исподесија беа благодарение на децата.
Карл освен за сестра му што се грижеше кога тие волците им влегоа да ги касапат со секири, друго ништо паметно не направи.
 
Да, не беше нешто посебен како лик ама беше еден од побитните, ако одеа по стриповите Карл требаше да стане поинтересен и покорисен лик како што тече времето, пропуштена прилика како и да е.
 
Рик (глумецот де) сакал пауза. По 6 месеци заради снимањето бил отсутен од дома, а детето му расте без него со години веќе. Затоа и така го снема однесен во хеликоптер, за да го вратат кога ќе сака пак назад.
Ама во овие епизоди што ги гледаме сега, не е запишан дека ќе се појави
 
Нема да се врати назад Рик никогаш. Со него се планирани 3 долгометражни играни филмови. Во серијава и спин-оф-ите е завршено за него.
 
Јас се извинувам што мислам дека форум за серија на Кајгана е фан група. Тоа да ти било работна група за анализа на серијата при Македонската академија за филм и театар. Уште еднаш се извинувам.

Патем, епизодите се супер, малце се зезнале кога ги планирале мислеле ќе нема карантини, па Јумико, Магна, мислам и Розита... си останале кај што си биле па не можеле да дојдат на снимање па ги мењале сценаријата. И уште еднаш, серијата е добра и нека си истера. Баш си ги чекам и филмовите, па и другите серии од универзумот. И си ги гледам рано во четврток :)
 
Ти ги пуштаат тебе прво да ги изгледаш четврток, дали ќе ги одобриш или не, па после премиерно одат во недела? :icon_mrgr:
 
Ти ги пуштаат тебе прво да ги изгледаш четврток, дали ќе ги одобриш или не, па после премиерно одат во недела? :icon_mrgr:
Новиве стварно испаѓаат порано, четврток или петок...нез зошто, дали одат премиерно на некој стриминг платформа па ликнуваат.
И минатата сезона испаѓаа торенти неделата сабајле наместо понеделник сабајле, оти на АМЦ Премиум(или така нешто, не ме фаќај за аборот) одеа порано за претплатници, па после ја пуштаа на АМЦ телевизијата..
 
Кај мене брејкинг поинт беше епизодата со тигарот и Неган хахаха ова е првата серија во животот што ја имам прекинато. Требаше да заврши уште истата сезона и ќе завршеше со голем успех, па ќе вадеа спин офс. Вака...
 
Тука негде и јас ја прекинав, истерај ја некако осмата. Деветтата сезона веќе ко друга серија да гледаш. Одлична сезона.
 
Јас ја истерав некако досадната 7 сезона, ама кога го скинаа Карл во 8 сезона rage quit направив во истиот момемент, дури пред некој месец собрав сили да ја догледам и да 9 и 10 сезона големо подобрување беа, иначе додека пишувам приметив дека уште во аватарот ми стои Ниган, од пред 5-6 години :pos:
 
Ти ги пуштаат тебе прво да ги изгледаш четврток, дали ќе ги одобриш или не, па после премиерно одат во недела? :icon_mrgr:
скроз, пред малце ми го пуштија торентот
1616659389874.png
Автоматски споено мислење:

И дајте модераторите да отворат група Кога и зошто престанав да ја гледам серијата *. Ем никој не пишува во групава ништо итересно ем вие го тупите, ем ќе си се соберете од различни серии и ќе си пишувате раат...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom