- Член од
- 11 јули 2014
- Мислења
- 1.126
- Поени од реакции
- 341
- Возраст
- 34
Ебено епизодиште!!! Овие планираат да не мрднат.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па од тогаш почнало се, ваљда. Меган одпосле го напушти мажот и се приклучи на GR.Коментари за финалето?
Мене ми беше малку мех, но во целина добра епизода. Кевин најпосле со фамилијата и опкружен со саканите. Ова со белите и Иви ми беше твист невиден, и некако уште од почеток не си претпоставував таква теорија па одлично осмислено ми беше. Само не знам како Мег влијаела врз Иви цело ова време, ваљда преку некои други нејзини луѓе, пошто нели она коа прв пат дојде во Миракл со мажот ѝ тогаш прв пат имаше контакт со нејзе, кога оваа ѝ даде моркови.
Ќе видиме во кој правец ќе се движи трета, јас верувам дека ќе ја обноват.![]()
Не би рекол дека GR ги преиспитуваат своите верувања и правила. Линделоф имаше добро објаснување за тоа во интервјуто за Variety: слично како со расцепот на Христијанството или фракциите во Исламот, групата која ја води Меган е фракција во рамки на самата секта. Тоа што Меган поставува нови правила кои важат за нејзината група, не значи дека се менува од корен GR. Исто онака како што по реформацијата опстанале и католичката и протестантската црква, така ќе продолжат да постојат и GR, и фракцијата на Мег - но секоја независно една од друга, иако се базираат на иста цел (да им помогнат на другите да не заборават на 14.10), онака како што и сите христијански религии се базираат на ист текст (Библијата).[DOUBLEPOST=1449616640][/DOUBLEPOST]EDIT: Еве и „трета фракција“: во понеделникот, фанови на серијата, облечени како GR, со цигари во уста пред зградата на HBO во NY, со тетратки и испишано „RENEW“ на нив.ГР исто продолжи да се развива во сезонава. Не во аспект дека се многу повеќе луѓе и слично туку дека со Мег како главна и како секта почнуваат да ги преиспитуваат правилата и верувањето на самата секта, тоа што сите почнаа да пеат на крај пред Кевин е доказ дека и они се развиваат што значи дека и во следната сезона ако има, ќе имаат подруга задача отколку да бидат само жив потсетник за луѓето.
Дада, на тоа мислев затоа и пишав, убаво што ме надополни
Иначе, мора да има трета сезона, мора.