The Leftovers

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.678
Поени од реакции
34.164
interesna teorija..

ama ja mislam deka vrskata pomegu dvata perioda e samo zemjotresot

go imase togas go imase i sea...
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
Не ми е јасно ова со 2%. Што сакаш да кажиш? Како потомци?
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
Ахам. Ова со бебето е во период уште од периодот во првата сезона?
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Не би ме зачудило почетната сцена со праисториските луѓе да е само за wow фактор, да додаде на мистријата, да збуни. Не му е прв пат на Damon Lindelof да вметнува вакви фори, на пример поларната мечка во LOST. Не велам дека тоа е случај и во The Leftovers, но сепак гледајте со резерва.

Поентата ми е, не барам deeper meaning во секоја сцена, уживам во хаосов од случувања и оставам серијава да ме вози.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Аиииии перверзија епизода, а како само почна бедно. Сеа сфаќам зошто не сакаше да ја гушне сестра му во ресторанот.

Во градење ликови и нема рамна на серијава моментално.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
Јас ја гледав вчера репризата на ХБО ама не бев вклопен баш па денеска ја изгледав на лап топ ама пак не сфатив некои работи.
1. Која беше таа жената што се убисо фамилијата?
2. Оваа црната што го е*еше Томи, зошто се понаша така?
3. Што работи Лори онака со луѓе?
4. Зошто го истепаја Томи?
Следната епизода ќе биди фрикин гуд!!!:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Последно уредено:

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Јас ја гледав вчера репризата на ХБО ама не бев вклопен баш па денеска ја изгледав на лап топ ама пак не сфатив некои работи.
1. Која беше таа жената што се убисо фамилијата?
2. Оваа црната што го е*еше Томи, зошто се понаша така?
3. Што работи Лори онака со луѓе?
4. Зошто го истепаја Томи?
Следната епизода ќе биди фрикин гуд!!!:vozbud::vozbud::vozbud:
1. Некоја рандом жена која пробаа да ја конвертираат од култот (Guilty Remnant) назад во нормален живот. Беше лабилен лик со испран мозок, живееше во страв и тоа е тоа. Неуспешна реинтеграција.
2. Таа беше регрут во култот минатата сезона баш од Laurie и претпоставувам сега напреднала во хиерархија па сакаше да прати некаква порака. Нејасно кои и се мотивите.
3. Во минатата сезона во епизодата со пожарот имаше wake up момент и сфати дека Guilty Remnant им ги пере мозоците и ги прави да ја заборават фамилијата. Сега пишува книга и се обидува да им ја раскаже правата вистина за култот и да одврати што повеќе луѓе да се вклучат во него.
4. Го фатија дека е шпиун и работи против нив. Се обидуваше да ги одврати членовите и да најде "пациенти" за проектот што го имаат со мајка му.

Допрва ќе се расветлуваат мистериите, така да земи ги моите размислувања и одговори со резерва.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
^
Вреди, почни ја.

Фала многу, @Tegla. Ми разјасни многу работи. Сега можам да продолжам со уживање дури ја гледам серијата.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Истите ликови и место е од прва сезона?
Вреди да ја почињам или не?
Ако ти се допадна првата и оваа сезона ќе ти се допадне пошто е со истите ликови но има и нов проширен каст како и нова локација.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ако ти се допадна првата и оваа сезона ќе ти се допадне пошто е со истите ликови но има и нов проширен каст како и нова локација.
Мех ми беше првата да бидам искрен, премногу мистерија ми створи некаква монотомија ама ја продолжив ради музиката и од пуста радозналост што ќе излезе на крајот и на крајот не излезе ништо :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ја изгледав првата од сезонава.

Позабегана серија не постои. :несвест:
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Последнава епизода беше доста динамична, без некој wow моменти ама интересна и брзо ми пројде.

Многу ми се допаѓаат оние агли на ликовите кога ги даваат во макро план, каде со фацијални експресии и body language кажуваат многу. Навистина има квалитетни актери серијава, освен пожарникарот можеби.

Интро сцената ми влезе под кожа со таа заразна мелодија. Стандард добро HBO интро. Музиката низ епизодите, исто.

Приказната знам дека најверојатно не води никаде или ќе има срање разврска (ала LOST) ама мора да му се признае на Lindelof за атмосферата и ликовите во неговите серии.

Сцената кога го викна да и ја поправи чешмата очекував повеќе. Се знае што требаше да следи. :pos:
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
Еве веќе две сезони, се чудам како толку бавни епизоди ми врват дур трепнам. Ко што кажа ти, не се случуваат некои wow моменти ама сепак е цело време интересно.

Приказната си е прича сама за себе.:pos: Ни ќе ни откријат нешто ни ништо. Едино само повеќе заплеткуваат. Пример тоа со тој човекот што и ги плати стварите на девојка му на Кевин. Од кај знае тој за нејзината трагедија? :rolleyes: Ова со девојките е матна работа. :свиркам: А, и тоа при крајот на епизодата додека Кевин зборваше со оваа мртвата и ко замина таа, тој човекот што му рече која ти е пријателката? Како ја виде тој па? Многу многу мистерија има. Којзнае до кај ќе не влечкаат.

Ептен јак момент ми беше ко се јави девојката на Кевин в полиција (ваљда) и ко праша онака од околу: „Се случи пак? Кажете ми дали се случи повторно?“. Некако језиво ми беше.

Ми пречи тоа што во една епизода не ги покажуваат и овие во Миракл и овие другите кај Лори. Не знам што е поентата вака башка да ги даваат. Сега во другава епизода можи ќе бидат тие. И што, ко различни серии да гледаме.:drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom