The Leftovers

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
Мене па оваа ми беше најлоша од сезонава. По многу нешта ме потсети на Lost.

Се прашувам само какви печурки јаде Линделоф.
 
MOTHER OF GOD :eek:

Си викам леле ама е предвидлива иии...БУМ!

Серијава е LOST 2.0 дефинитивно.
 
Eве убаво објаснување за твистот од новата епизода, не беше динамична како претходната ама далеку од лоша епизода беше епизодата. Крајот интересен, ќе видиме што се ќе се издешава во финалето :D
 
Ја изгледав вчера петата епизода, денес би требало да ја завршам. Не е лоша вторава сезона, подобра ми е од прва некако, шо знам, поинтересна, поубав тек на настани и развој има.
Епизодава за Кевин беше добра, Лори колку и да ме нервира има убав развој и баш беше јако ко му рипна на онај.[DOUBLEPOST=1449271518][/DOUBLEPOST]Го чекам со душа финалево!
Каков разовј имаше сезонава еј, кулминација беше International Assassin, ау каков мајндфак на прва, ме изеба, ме изврте, ме изгуби за да останам без учење после гледањево и да разглабам теории. Имав претпоставки, за некои бев блиску, за некои бев скроз грешка ама чичко Гугл и неколку ривјуа ја испеглаа работава.
Серијава е една од најтешки за гледање и пратење ама вреди!!
 
Последно уредено од модератор:
Многу интересна теорија прочитав на TVShowTime дека Лив Тајлер планира да ги натера трите девојки да се обесат на мостот кој води до гратчето. Се сеќавате во осмата еписода, со Кевин Гарви дека на оној свет еден чичко ги спремаше јажињата на мостот? Плус - му шепна нели нешто на Кевин. Според теоријава, чичкото му кажал на Кевин за тоа што планира Меган, и сега во финалево тој ќе се обиде да ја спречи.
 
Според теории од редит, ги има милион ама има една што држи вода а го вклучува Кевин како водач на ГР :D
Така да не, се исклучувам од било какви теории.
 
Коментари за финалето?

Мене ми беше малку мех, но во целина добра епизода. Кевин најпосле со фамилијата и опкружен со саканите. Ова со белите и Иви ми беше твист невиден, и некако уште од почеток не си претпоставував таква теорија па одлично осмислено ми беше. Само не знам како Мег влијаела врз Иви цело ова време, ваљда преку некои други нејзини луѓе, пошто нели она коа прв пат дојде во Миракл со мажот ѝ тогаш прв пат имаше контакт со нејзе, кога оваа ѝ даде моркови.

Ќе видиме во кој правец ќе се движи трета, јас верувам дека ќе ја обноват. :)
 
Коментари за финалето?

Мене ми беше малку мех, но во целина добра епизода. Кевин најпосле со фамилијата и опкружен со саканите. Ова со белите и Иви ми беше твист невиден, и некако уште од почеток не си претпоставував таква теорија па одлично осмислено ми беше. Само не знам како Мег влијаела врз Иви цело ова време, ваљда преку некои други нејзини луѓе, пошто нели она коа прв пат дојде во Миракл со мажот ѝ тогаш прв пат имаше контакт со нејзе, кога оваа ѝ даде моркови.

Ќе видиме во кој правец ќе се движи трета, јас верувам дека ќе ја обноват. :)
Па од тогаш почнало се, ваљда. Меган одпосле го напушти мажот и се приклучи на GR.

Инаку мене финалето ми беше супер, една од подобрите епизоди што сум ги следал, и едно од најдобрите финалиња. Многу ми е криво што серијава не добива поддршка од критиката каква што заслужува. Еве, и глобусите се ближат, и по сѐ изгледа втора година по ред ќе помине дури и без mention. :(
 
Само јас очекував за време на последниот земјотрес да се сруши куќата со цела фамилија на Кевин внатре?

Целата сезона ми беше врв. Секоја епизода им беше одлично сработена.
 
Мене пак највеќе ми се допадна што финалето имаше убав closure со фамилијата обединета на крај.

Малце ми беше тешка за следење и ме измеша максимално ама пак не трепнав од што ми беше интересна. Каква музика имаше и како глумеа сите, партали!
 
Финалето беше одлично од многу аспекти. Највеќе ми е мило за Кевин што се врати дома и го чекаа сите заедно, затоа што како лик бележи најголем развој сезонава и помина најмногу ватафак моменти со единствена цел да биде со својата фамилија. Моментот кога ја одбра јакната од Mapleton PD ја одбележа неговата еволуција, значи дека се најде себе си, кој е и што е. За секоја пофалба и восхит е Џастин, во првата сезона воопшто не беше лош, дефинтивно беше добар глумец и умеше да пренесе емоција и моменти на екран ама сезонава ја искина буквално, backbone и е на серијава како лик и со оглед колку е тешка серијава и комплицирана, неговата глума е за восхит, респект.
Од друга страна ми е многу криво за Мајкл и Ерика, ама ептен. Да го видиш своето дете да се одрече од својата фамилија, љубов и нега за секта е heartbreaking. А како беше доловено у епизодава, каква емоција имаше у овие сцени плус одличната глума и од двајцата е само потврда дека The Leftovers e врвна серија, колку и да изгледа конфузна.
ГР исто продолжи да се развива во сезонава. Не во аспект дека се многу повеќе луѓе и слично туку дека со Мег како главна и како секта почнуваат да ги преиспитуваат правилата и верувањето на самата секта, тоа што сите почнаа да пеат на крај пред Кевин е доказ дека и они се развиваат што значи дека и во следната сезона ако има, ќе имаат подруга задача отколку да бидат само жив потсетник за луѓето.
Ќе застанам овде да не пишувам за секој посебно затоа што ме мрзи и ќе треба да изгледа како есеј со оглед колку ликови и материјал има за коментирање.
Во глобала сезонава за мене лично е класа, две над првата сезона. У секоја смисла. Од режија, глума, сценографија и особено приказна која сезонава е помалце конфузна но и има позадина и темели на кои се развива и држи, не е секоја епизода прича за себе и тако то.
Нора е срце <3
 
ГР исто продолжи да се развива во сезонава. Не во аспект дека се многу повеќе луѓе и слично туку дека со Мег како главна и како секта почнуваат да ги преиспитуваат правилата и верувањето на самата секта, тоа што сите почнаа да пеат на крај пред Кевин е доказ дека и они се развиваат што значи дека и во следната сезона ако има, ќе имаат подруга задача отколку да бидат само жив потсетник за луѓето.
Не би рекол дека GR ги преиспитуваат своите верувања и правила. Линделоф имаше добро објаснување за тоа во интервјуто за Variety: слично како со расцепот на Христијанството или фракциите во Исламот, групата која ја води Меган е фракција во рамки на самата секта. Тоа што Меган поставува нови правила кои важат за нејзината група, не значи дека се менува од корен GR. Исто онака како што по реформацијата опстанале и католичката и протестантската црква, така ќе продолжат да постојат и GR, и фракцијата на Мег - но секоја независно една од друга, иако се базираат на иста цел (да им помогнат на другите да не заборават на 14.10), онака како што и сите христијански религии се базираат на ист текст (Библијата).[DOUBLEPOST=1449616640][/DOUBLEPOST]EDIT: Еве и „трета фракција“: во понеделникот, фанови на серијата, облечени како GR, со цигари во уста пред зградата на HBO во NY, со тетратки и испишано „RENEW“ на нив. (y)
vAMB4to.png
 
Последно уредено:
Дада, на тоа мислев затоа и пишав, убаво што ме надополни :)
Иначе, мора да има трета сезона, мора.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom