The Leftovers

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
Серијава е класична драма или мистеријата е јака? Изгледав 2 епизоди, едвај ми поминаа чекајќи да се прикаже нешто интересно за изгубените/култот и сето тоа.
Серијава кога ќе видиш е во ист момент и најголемата глупост ама и најголемата мистерија во едно, почудни работи да имам гледано во животов тешко :D Изгледај ја до крај, нема да зажалиш.
 
Серијава е класична драма или мистеријата е јака? Изгледав 2 епизоди, едвај ми поминаа чекајќи да се прикаже нешто интересно за изгубените/култот и сето тоа.
Далеку е од класична драма. Мене ми има оставено преголем впечаток, и мистеријата ми беше прејака.
Ко што ти кажа @Ilumious гледај до крај, ако не ти се свиѓа, ќе ти го вратиме времето :D
 
Серијава е класична драма или мистеријата е јака? Изгледав 2 епизоди, едвај ми поминаа чекајќи да се прикаже нешто интересно за изгубените/култот и сето тоа.
Никогаш нема да дознаеш ништо за изгубените, не е тоа поентата. Да беше за нив, серијава ќе се викаше - Изгубени, а не Преостанати. Get it?
 
Ама нели најјако е што сега некој да ти каже - кажи ми што се случува во Leftovers, нема да знаеш од каде да почнеш а и што да кажеш воопшто? :pos:
 
Нора, ај лав ју теткицее :love: :love:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Само што ја изгледав прва сезона. Уфф..
Сеуште се мислам дали е едно од подобрите нешта што ги имам гледано или total bullshit.
Премногу ми се свиѓа да ја оставам, а од друга страна на многу пати до сега се најдов во момент на "што кур гледаш друже?"
Едно нешто што морам да пофалам е карактерите како се напишани, и самиот кастинг.
Дифинитивно ќе продолжам да ја гледам и ќе дадам оценка од кога ќе ја завршам цела.

Само ме интересираше, бидејќи има само три сезони, завршена е серијава или ја прекинале?
 
Завршена, изгледана, језива, ремек дело, никад нема да му ја препорачам на никој да ја гледа од страв да не помисли дека сум ментален.

Ја обожавам серијава. Имам премногу да пишувам за неа, али мислам дека е оладена дискусијата зашто доста каснам, едно 5 години каснам.

После толку Disney и Netflix лимонатки, ми фалеше и требаше нешто вакво квалитетно да изгледам.

Прашањето е, што после неа?
 
Втората сезона ми беше послаба од првата.
Ќе видиме сега третата, последна, што ќе прикаже.

Не ми е во омилени, зашто самиот жанр не ми е по ќејф баш, но е интересна за гледање, иако знам дека куп работи нема да се откријат.
Само ме занима зашто овој Кевин не умира. Како е можно, што се случува со него, го пукаат, го трујат, тој мака нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom