Еве вака....
Мала репортажа од некој што не бил у Сити Мол, ама у маало му е, па му е преку К од тоа....
Ако ви требаше денеска некое копито или сељачиште, а не сте го виделе низ маало - бил таму сигурно...(без увреди).....
Македонски примитивизам у „1 на 1“.....неасфалтирана улица од една страна со паркирана механизација и мајмуни што мислат дека некого ќе заебат па возат по нејзе и се враќаат назад...од другата страна улица со ниедно улично светло полна со дотерани мои комшии, соседи (јебем ли га што се) што не сум ги видел подотерани во живот, гарант нови гаќи имаа извадено за оваа „прилика“....абе да им кажат „од утре нема држава да имате“, ко глувци по дома ќе се кријат, ама овде излегоа и некои што од зграда не мрдаат ни 8 по рихтер кога дрма и истите имаа извадено онакви колици као за на пазар, ко да не отишле на одмор пошо штекале пари за денов денешен...
Ко архитект по хоби и професија не ни сакам да го доживљавам објектов...едно време ми беше кеиф што се реши конечно она селскана ливада, ама денеска сфатив дека уште поголемо село бидна од нејзе...објект - архитектонски просек, веќе виден (така....лим алукобонд во боја), по временскиот рок во кој беше „зашлапан“ очекувам и да не е многу долготраен...
Стално Германија ја земам како некаков репер во животов (а не треба) и нивното домаќинско и економско сфаќање за потрошувачката и купувањето, односот кон попустите и сл. и некако и може да разберам некој таков тип на конзумеризам, мада и тоа не го оправдувам којзнае колку....конзумеризам си е конзумеризам, паметот ти е негде на ливада, ти вртат некакви јаки светла и мириси, кинески плочка доле, гипс-картон горе и ти вадиш пари за 300 глупости што не ти требаат и си го мериш со комшијата дали тебе ти е пополна количката - wtf??? ЗОШТО???
И уште тоа да го дочекувам дотеран, избањат, што викаат „ко за свадба“....кај отиде веков!??? Не утепаа блокадите, визните режими, тоталитарните режими, народ неизживеан.....абе на фејсбук го тераа у К инвеститорот дека немало H&M да има или Старбакс, довчерашни пазарски или ЕКО-шопинг center муштерии, што не разликуваат франк од браво кафе со грепка....
Ене го кај ми е......и не одам, за инает.....бар додека не се олабаи (или тоалетнава да ми се потроши), а очекувам дека брзо ќе се случи тоа, пошо и така на сите им се празни новчаниците....
....може навредив некого, речникот ми е тој....фрлив некое пивце, пошо ми го упропастија денов, се убив од пцуење во кола а и на нозе Бога ми....