Skopje City Mall

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Некој што беше ако видел нека пише дали работи кугланата или и таа сеуште не е отворена?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.915
Се знаеше какви ќе бидат цените и сепак со нестрпление го очекувавме мислевме дека ќе има нешто певтино, но не е така.
Уште кога видов кои продавници ќе ги има знаев дека е Рамстор+Веро+2 спрат ГТЦ собрано на едно место и дека сам еднаш ќе влезам и никогаш повеќе и на сите цени ќе се чудам како да сум дојден од некоја пустина.
И пак ќе одиме за Солун и Бугарија сакале или не, мора да признаеме дека имаат доста поевтини работи.
Џабе отвараме вакви работи прво треба да се покачат платите па сите да си купиме.

Не знам дали постои некој што мисли дека со просечна плата ќе си дозволи да се облекува од таму?
Ќе има попусти но дали ќе начекаме. Некогаш нe сум ни сигурен дека продаваат оригнал затоа што имам купено фармерки од теранова и ги носев многу помалку време од оние небрендираните.

И турската роба не е за потценување има некои работи кои се доста квалитетни и модерни и се продаваат по бутиците за мала цена.
Имам земено кожено палто за 1500 ден и го носам 3 години како ново е, а да земев од 9000 ден oд пул&бер џабе фрлени пари за 3 год пак ќе сакам ново и ќе фаќа прашина.

Е за патики сум еднаш во годината да се купуваат оригинал од адидас, најк и пума продавниците макар и со кредитна картичка, вреди да се даде 50-80 евра отколку 3 пара од пазар кои мирисаат на гума и после носење да ти е срам да идеш некаде на гости.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ти во твојот пост кажа дека те нервира името Skopje City Mall.
Ај да кажеме дека тотално си изумила дека македонската транскрипција на тоа име е ‘Градски Трговски Центар Скопје‘ и дека такво нешто веќе има и е најверојатно патентирано за да нема 5 градски трговски центри во Скопје, ај да го игнорираме тоа, сакаш да кажеш дека те нервира сосема правилното име на еден објект заради фуфли кои го злоупотребуваат изразот?
Значи, името како имe - Skopje City Mall не ме нервира. Ме нервира употребата на зборот мол во зборувањето. Еве ти дадоа претходно пример како е напишано на некои места: Молот нуди... За такви работи се нервирам, не дека ме нервира конкретно името на местото.

На пример, нормално ќе кажеш: Бев во Скопје сити мол - сосема во ред, такво си е името. Мене ме нервира кога го користат зборот мол наместо трговски центри и со првиот пост претпоставив дека со давањето на ова име, ќе се зголеми и неговата употреба.

Не сум против името, само дадов забелешка и моја претпоставка.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Значи, името како имe - Skopje City Mall не ме нервира. Ме нервира употребата на зборот мол во зборувањето. Еве ти дадоа претходно пример како е напишано на некои места: Молот нуди... За такви работи се нервирам, не дека ме нервира конкретно името на местото.

На пример, нормално ќе кажеш: Бев во Скопје сити мол - сосема во ред, такво си е името. Мене ме нервира кога го користат зборот мол наместо трговски центри и со првиот пост претпоставив дека со давањето на ова име, ќе се зголеми и неговата употреба.

Не сум против името, само дадов забелешка и моја претпоставка.
Да беше само мол во јазикот..ама има многу англицизми кои се употребуваат ... пикник,викенд,бренд,тренд.. и многу не ми текнува сега,со фејсбуков па почнаа место допаѓа,лајк,или место спорели-шерни :LOL:
Глупости..
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иначе бев, таква гужва... немам зборови.:eek: Ме фати нервоза, не ни видов се што е отворено и си отидов. Во Карфур, не ми беше ни на крај на памет да влезам, страшна гужва беше, ќе почекам да се олабави гужвата па на раат да разгледам што има како има, вака немаше лезет.
Мене ми се допаѓа трговскиот, иако не начекав баш некои добри парчиња облека или па не успеав да ги видам од гужвата...:icon_lol:Сепак си се подновив со штикли, а во Шатце имаше добра промоција на парфеми (Нина Ричи) од типот на купуваш еден, добиваш два, така да се исплатеше.:LOL:


Да беше само мол во јазикот..ама има многу англицизми кои се употребуваат ... пикник,викенд,бренд,тренд.. и многу не ми текнува сега,со фејсбуков па почнаа место допаѓа,лајк,или место спорели-шерни :LOL:
Глупости..

Одредени англицизми се прифатени и прилагодени на македонскиот јазик и тоа е во ред. Мене ме нервира кога се зема одреден збор и само се додава -то, -та, -ов, -ва и слично.
 

Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
Некој што беше ако видел нека пише дали работи кугланата или и таа сеуште не е отворена?
Не рабоќат уште.

Чоече не ми се веруе кој шкарт народ сме биле..кич колку сакаш,фуфи издотерани ко бугарски матурантки,гужва гужва ко само денес ке го има трговскиот и утре ке пропадне у земја. Тоалетни се изнасаа у вреќи,беспари да беа немаше толку да изнасаат.Успеаа да го ѓубросаат цел трговски за еден ден,незнам дали не ги гледаа кантите луѓено па си фрлаат кај стигнат,којзнае.
Цените опасни по џеб,за нијанса поскапи од грчки космос и бугарскиот мол,не верувам дека при големите попусти ке има намаленија ко што доликува,ке биде пак само на излог со огромни бројки
а со ситни букви до70%
Недостасуваат места за да седнеш и одмориш нозе,нема клупи,нема некакви декорации,изглеа како да не е уште довршен внатре,едноставно нема душа некако трговскиов. Ај можда ке се смени тоа со тек на време.. Незнам за другите ама мене не ми ги исполни очекувањата,можеби неможев да го доживеам поради гужвата,ама тоа што го видов не ме одушеви.
Пред да се отвори си мислев,конечно ке имаме некое место кај што ке можеш да го поминеш денот и да си поминеш убаво. Се се мислам дека нема да им успее на инвеститориве планот да се оттргне Македонецот од шопинг во Солун или Софија,барем не од ова што го видов.
Следно што чекам е Карфур да отворат на оваа страна од Скопје,накај Аеродром :) кој ке се ака до Карпош..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Abe cekajte ne e gotovo uste, ima mnogu rabota. Vo Carrefour tavan fali, primeti nekoj ili jok?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.932
Поени од реакции
41.915
Кој ќе примети дека фали таван сите гледаа повеќе тоалет да си купат. А ме интересира колку пари беше тој тоалет во Carrefor со 24 во 1 обично е 120-140 ден во тинекс.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Во цел комплекс фали таванот.Мислам дека така и ке остане.
Eden od gradeznicite tamu mi kaza deka navodno ke se staval ama ne stignale na vreme e sea koga I dali, ne znam. :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Во Карфур таван не фали таков си е брендот, секаде низ цела Европа е така, туку тоа за Солун, мислам дека и Икеа на 5 ката да отворат пак нашинците ќе се акаат до таму.
А веќе трендот на чекирање почна, сега кај си еве бе во Скопје Сити Мол :eek:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Eee jas se cekirav tamu use pred mesec dena, sigurno mnogu me mrazele :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom