Ако Роналдо игра шпиц, тогаш е најдобриот шпиц во Италија, не се правете наудрени.

Ако игра друга позиција во нападот, тогаш ќе биде најдобриот на таа позиција во Италија.
Освен ако годините не почнат да му влијаат на играта, а тука најмногу мислам на атлетските способности, па има некој пад на перформансот сезоната што следува, кој сигурно и ќе се случи за најмногу 2-3 сезони, оваа сезона нема ниеден играч во Италија што е блиску до неговиот квалитет.
Ова е тип што 7-8 сезони наназад дава повеќе од 40 гола по сезона. Неколку пати го преминуваше прагот од 60 гола по сезона, друг универзум е за другите шпицови во Италија.
Нормално, никој не очекува дека ќе игра како во зенитот, ама талентот што го поседува е доволен за дури и на 33 години да биде во трката за најмногу дадени голови.
И мислам дека ќе биде. Мое лично мислење е дека, најголема конкуренција ќе му биде Икарди, кој очекувам да има монструозна сезона.