Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.186
- Поени од реакции
- 18.281
Кога ја отворив минатата тема мислам дека не ставив анкета, па сега од тоа почнав, мислам дека нема да ја заебам работата. Ако нешто погрешам ќе поправи Клипче. За да не се пребројуваме на голо, поставив анкета каде што може да се дадат еден или два одговори и тоа оние кои мислат дека пак ќе освои Јувентус доволно е да гласаат да, додека оние кои ќе гласаат не, вториот глас им е за тоа кој клуб мислат дека ќе го симне Јуве од тронот.
Да баталиме сега анкетата, да почнеме од почеток . Добре дојдовте во темата за сезоната 2018/2019 на најсилното италјанско првенство, кое ќе трае од 19ти август 2018 до 26ти мај 2019 година. Нови прволигаши сезонава ќе бидат Емполи, Парма (за кои има одлука да започнат со -5 бодови) и Фросиноне. Лигата ја напуштија Беневенто(реално ќе фалат дечкиве, лани ја кренаа лигава особено со она 2-2 против Милан ), Верона и Кротоне. Лигата и натаму останува со 20 екипи покрај долгогодишните муабети дека треба да бидат намалени на 18 заради пред се квалитетот во долниот дел.
Јувентус во сезонава влегува како фаворит да го одбрани насловот. Ова не е некој нов факт, но огромно влијание има доаѓањето на Роналдо, кое беше како гром од ведро небо, потег што го качи Јуве уште едно скалило нагоре. Сепак не може да се зема се здраво за готово, од една страна бидејќи трансфер периодот е далеку од завршен, а има доста шпекулации за излезни трансфери, а од друга страна тоа што заситеноста може да дојде до израз кај поголемиот дел од играчите. Мислам дека тоа ќе биде најголемата шанса за останатите екипи, ако земеме во предвид дека минатата сезона Наполи дојде на еден чекор до тоа да застане на првото место на само 3 кола пред крајот. За среќа Орсато се потруди да не дојде до тоа .
Интер и покрај сите оправдувања кои ќе ги слушнеме е тимот од кој најмногу се очекува сезонава за предизвик за тронот. Не толку поради играчките квалитети, иако досега направија супер трансфери како Асамоа, Де Вриј и Наинголан и плус напаѓачот Мартинез кој доаѓа од друга лига, колку што поради фактот дека се вратија во ЛШ после долго време, има позитивна атмосфера и секако Интер како клуб има најголема мотивација да го симне од првото место нивниот најомразен ривал Јувентус. Убеден сум дека интерашите имаат големи очекувања од клубот сезонава, за кои пак би рекол дека за разлика од оние на миланезите минатата сезона, имаат своја подлога.
Рома како и повеќе лета уназад трансфер периодот го обележа со продажба на стандарден првотимец. Иако тоа минатите години не им создаде проблеми за пласман во ЛШ и добар настап таму, сепак тоа се смета како ограничувачки фактор за нивниот развој. Беа многу активни на трансфер пазарот, доведоа повеќе млади играчи како Клајверт, Чориќ, Кристанте и Заиноло, а најзвучно име е враќањето на Хавиер Пасторе во Италија после поминати не толку успешни 7 години во Париз.
Наполи се соочува со голема промена која што потекнува од заминувањето на Сари, а доаѓањето на Анчелоти. Овие двајца ми изгледаат како најголемата спротивност што може да постои, па затоа лично моја дилема е дали Наполи повеќе ќе добие од прагматичноста, дефанзивата и тактизирањето на Анчелоти или пак повеќе ќе загуби од недостатокот на креативност, идеи во нападот и генерално играта со топка кое неминовно ќе следува со заминувањето на нивниот довчерашен шеф. Од трансфер пазарот досега може да се издвои трансферот на Симоне Верди од Болоња.
Милан е приказна сама за себе. Летото го почнаа со вест за дисквалификација од ЛЕ, а го продолжуваат со раскинување на соработката со легендарните Фасоне и МираЛеби кои го одбележаа летото господово 2018 што би рекол протестантот @Scirea . Сепак местото во ЛЕ им се врати. На трасфер пазарот нашироко се зборува за шпекулации за заминување на Бонучи, па го бараат Калдара, Јуве им го дава Игуаин и не ти знам што. Од она досега што се гледа е дека се многу мирни, единствено што дојдоа Иван Стриниќ и Пепе Реина.
Општи информации во пресрет на новата сезона
Како што повеќето дознавме Паоло Талјавенто објави пензија минатата сезона поради достигнување на лимитот од 45 години. Нека му е со лесно во пензија, за среќа во негово време технологијата не беше многу развиена . Моментално најдобриот италјански судија, Џанлука Роки, ќе суди уште годинава, така што може него да го очекуваме на најважните мечеви во текот на сезонава. Се разбира се продолжува со употребата на ВАР системот, за чија намена нема предложено значителни измени, така што сега може да сметаме дека ќе се користи по ист принцип од лани. Во ВАР собата ќе има двајца судии, чија надлежност се состои во тоа да реагираат кога има очигледна погрешна проценка од страна на судиите на теренот, а кое се однесува за регуларноста на еден погодок, за пенал, за црвен картон или погрешен идентитет на играч. Останува секако правилото дека интервенцијата се однесува на акција која што е прекината, а играта не е рестаритирана или пак на акција која што трае. Ако играта биде прекината и пак продолжи, ВАР нема ингеренции да реагира. За офсајдот и другите објективни ситуации судијата одлучува без да прегледа, додека за субјективните настани (како што се пеналите и стартовите за евентуален црвен) ќе следува преглед пред одлуката.
Овде може да се види целосниот распоред за наредната сезона
http://www.legaseriea.it/uploads/default/attachments/comunicati/comunicati_m/7704/files/allegati/7759/calendario_seriea.pdf
Дербито на Рим се игра во 7то коло на 30ти септември, миланското е две кола покасно, а Јувентус најтешките натпревари ги игра од 12то до 17до коло каде што покрај градското дерби, се среќава уште и со Рома, Интер и Милан.
Мислам дека нема потреба за повеќе текст, понатаму ќе елаборираме доста, со оглед на тоа што не е завршен ниту трансфер пазарот, каде што очигледно не очекуваат многу изненадувања. Со среќа на сите во текот на оваа сезона и на крајот сите да гледаме како Јувентус пак го крева трофејот по 39131 пат , додека Интер и Милан се караат за тоа кој имал помалку мизерна сезона.
Рома и Наполи се небитни