Serie A 2018/2019

Дали Скудетото ќе остане во рацете на Јувентус?

  • Да

    Гласови: 82 50,3%
  • Не

    Гласови: 32 19,6%
  • Интер

    Гласови: 28 17,2%
  • Рома

    Гласови: 7 4,3%
  • Наполи

    Гласови: 7 4,3%
  • Милан

    Гласови: 20 12,3%
  • Фиорентина

    Гласови: 5 3,1%
  • Лацио

    Гласови: 4 2,5%
  • Друг тим

    Гласови: 3 1,8%

  • Вкупно гласачи
    163
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Кога ја отворив минатата тема мислам дека не ставив анкета, па сега од тоа почнав, мислам дека нема да ја заебам работата. Ако нешто погрешам ќе поправи Клипче. За да не се пребројуваме на голо, поставив анкета каде што може да се дадат еден или два одговори и тоа оние кои мислат дека пак ќе освои Јувентус доволно е да гласаат да, додека оние кои ќе гласаат не, вториот глас им е за тоа кој клуб мислат дека ќе го симне Јуве од тронот.



Да баталиме сега анкетата, да почнеме од почеток :D. Добре дојдовте во темата за сезоната 2018/2019 на најсилното италјанско првенство, кое ќе трае од 19ти август 2018 до 26ти мај 2019 година. Нови прволигаши сезонава ќе бидат Емполи, Парма (за кои има одлука да започнат со -5 бодови) и Фросиноне. Лигата ја напуштија Беневенто(реално ќе фалат дечкиве, лани ја кренаа лигава особено со она 2-2 против Милан :icon_lol: ), Верона и Кротоне. Лигата и натаму останува со 20 екипи покрај долгогодишните муабети дека треба да бидат намалени на 18 заради пред се квалитетот во долниот дел.

Јувентус во сезонава влегува како фаворит да го одбрани насловот. Ова не е некој нов факт, но огромно влијание има доаѓањето на Роналдо, кое беше како гром од ведро небо, потег што го качи Јуве уште едно скалило нагоре. Сепак не може да се зема се здраво за готово, од една страна бидејќи трансфер периодот е далеку од завршен, а има доста шпекулации за излезни трансфери, а од друга страна тоа што заситеноста може да дојде до израз кај поголемиот дел од играчите. Мислам дека тоа ќе биде најголемата шанса за останатите екипи, ако земеме во предвид дека минатата сезона Наполи дојде на еден чекор до тоа да застане на првото место на само 3 кола пред крајот. За среќа Орсато се потруди да не дојде до тоа :rolleyes:.

Интер и покрај сите оправдувања кои ќе ги слушнеме е тимот од кој најмногу се очекува сезонава за предизвик за тронот. Не толку поради играчките квалитети, иако досега направија супер трансфери како Асамоа, Де Вриј и Наинголан и плус напаѓачот Мартинез кој доаѓа од друга лига, колку што поради фактот дека се вратија во ЛШ после долго време, има позитивна атмосфера и секако Интер како клуб има најголема мотивација да го симне од првото место нивниот најомразен ривал Јувентус. Убеден сум дека интерашите имаат големи очекувања од клубот сезонава, за кои пак би рекол дека за разлика од оние на миланезите минатата сезона, имаат своја подлога.

Рома како и повеќе лета уназад трансфер периодот го обележа со продажба на стандарден првотимец. Иако тоа минатите години не им создаде проблеми за пласман во ЛШ и добар настап таму, сепак тоа се смета како ограничувачки фактор за нивниот развој. Беа многу активни на трансфер пазарот, доведоа повеќе млади играчи како Клајверт, Чориќ, Кристанте и Заиноло, а најзвучно име е враќањето на Хавиер Пасторе во Италија после поминати не толку успешни 7 години во Париз.

Наполи се соочува со голема промена која што потекнува од заминувањето на Сари, а доаѓањето на Анчелоти. Овие двајца ми изгледаат како најголемата спротивност што може да постои, па затоа лично моја дилема е дали Наполи повеќе ќе добие од прагматичноста, дефанзивата и тактизирањето на Анчелоти или пак повеќе ќе загуби од недостатокот на креативност, идеи во нападот и генерално играта со топка кое неминовно ќе следува со заминувањето на нивниот довчерашен шеф. Од трансфер пазарот досега може да се издвои трансферот на Симоне Верди од Болоња.

Милан е приказна сама за себе. Летото го почнаа со вест за дисквалификација од ЛЕ, а го продолжуваат со раскинување на соработката со легендарните Фасоне и МираЛеби :icon_lol: кои го одбележаа летото господово 2018 што би рекол протестантот @Scirea . Сепак местото во ЛЕ им се врати. На трасфер пазарот нашироко се зборува за шпекулации за заминување на Бонучи, па го бараат Калдара, Јуве им го дава Игуаин и не ти знам што. Од она досега што се гледа е дека се многу мирни, единствено што дојдоа Иван Стриниќ и Пепе Реина.

Општи информации во пресрет на новата сезона

Како што повеќето дознавме Паоло Талјавенто објави пензија минатата сезона поради достигнување на лимитот од 45 години. Нека му е со лесно во пензија, за среќа во негово време технологијата не беше многу развиена :kafence:. Моментално најдобриот италјански судија, Џанлука Роки, ќе суди уште годинава, така што може него да го очекуваме на најважните мечеви во текот на сезонава. Се разбира се продолжува со употребата на ВАР системот, за чија намена нема предложено значителни измени, така што сега може да сметаме дека ќе се користи по ист принцип од лани. Во ВАР собата ќе има двајца судии, чија надлежност се состои во тоа да реагираат кога има очигледна погрешна проценка од страна на судиите на теренот, а кое се однесува за регуларноста на еден погодок, за пенал, за црвен картон или погрешен идентитет на играч. Останува секако правилото дека интервенцијата се однесува на акција која што е прекината, а играта не е рестаритирана или пак на акција која што трае. Ако играта биде прекината и пак продолжи, ВАР нема ингеренции да реагира. За офсајдот и другите објективни ситуации судијата одлучува без да прегледа, додека за субјективните настани (како што се пеналите и стартовите за евентуален црвен) ќе следува преглед пред одлуката.

Овде може да се види целосниот распоред за наредната сезона

http://www.legaseriea.it/uploads/default/attachments/comunicati/comunicati_m/7704/files/allegati/7759/calendario_seriea.pdf

Дербито на Рим се игра во 7то коло на 30ти септември, миланското е две кола покасно, а Јувентус најтешките натпревари ги игра од 12то до 17до коло каде што покрај градското дерби, се среќава уште и со Рома, Интер и Милан.

Мислам дека нема потреба за повеќе текст, понатаму ќе елаборираме доста, со оглед на тоа што не е завршен ниту трансфер пазарот, каде што очигледно не очекуваат многу изненадувања. Со среќа на сите во текот на оваа сезона и на крајот сите да гледаме како Јувентус пак го крева трофејот по 39131 пат :цицки:, додека Интер и Милан се караат за тоа кој имал помалку мизерна сезона.

Рома и Наполи се небитни :kuracc:
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.416
Поени од реакции
3.634
Незнам што си го стаил Милан во борба за титула? За нив треба друга анкета, и прашањето треба да гласи:

Дали мислите дека Милан ќе банкротира?!
1. ДА
2. ДА
3. ДА
4. ДА

Инаку само за ваша информација Интер ќе биде шампон на Италија.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
За да освои некој друг,треба да ја победи мафијата.Што значи не земање на титулата од арамииве = пораз на мафијата.Шансите за тоа се 0%
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.862
Поени од реакции
6.369
Цела година учеше Англиски ако не и повеќе, нели се спремаше за Премиер, ај воз ај воз еее ај воз ееее :facepalm: ма ке кацо.
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Добар вовед. Содржан со најважните информации. Лацио и Фиорентина изоставени, иако можеше да напишеш по збор два за истите. Сепак имаат по некој навивач на форумов.
Според мене нема сомневање дека Јувентус е фаворит за освојување. Интер теоретски се засили добро, но ќе видиме како ќе функционира тоа на терен. Рома како и минатата сезона и оваа ќе биде енигма. Многу новајлии, па ќе видиме како ќе се покажат. Наполи мислам дека ќе доживее бродолом. Иако Анчелоти е одличен, сепак цела филозофија се менува со неговото доаѓање и ќе биде интересно да се види како ќе се имплементира тоа врз фудбалерите.
Милан очекувам да ја повтори претходната сезона.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
Не можеше да се посака подобро деби за Роналдо, првиот „дејт“ со дамата во Верона. Романтики уште на почеток :D .
Се надевам овие Ро(мео)налдо и Ју(лија)вентус ќе имаат среќен почеток и крај во Верона.
Другите се небитни.
 
Последно уредено:

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Ќе се брка Јуве 7+ наголемо.. осеќам.. И тоа на прогресија.. Сигурно до 10то коло ќе пукнат седмица..
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Па добро, јас иако гласав дека јуве ќе ја земе титулата пак, не значи дека сакам така да биде, ама јебига, таква е калчо реалноста. Ај може ќе ги искобам, па ќе го папнат сезонава :icon_mrgr:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.814
Поени од реакции
8.646
Па добро, јас иако гласав дека јуве ќе ја земе титулата пак, не значи дека сакам така да биде, ама јебига, таква е калчо реалноста. Ај може ќе ги искобам, па ќе го папнат сезонава :icon_mrgr:
Ма ја да сум на твое место ќе бојкотирам и анкета и тема и све, Мондо ве испуштил и вас и фановите на Виола и не е фер :)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Ма ја да сум на твое место ќе бојкотирам и анкета и тема и све, Мондо ве испуштил и вас и фановите на Виола и не е фер :)
Па очекувано е тоа од јувентин :P
Не бојкотирам јас, единствено место кај шо се муабети за калчо ми е ова, баш уживам коа читам препуцавања :icon_mrgr:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Дно од тема но се надевам дека конечно ќе си напраат малер сами јувенташите :Д


Него шо бидна бе со Скиреа да не знае некој? Зашо избриша акаунт? hhhhhhhhhhhhhhhhhhhhhh :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom