Нема врска тоа, апла ризично е да платиш 23 милиони за играч на Порто.
Не постојат по преценети играчи од тие на Порто, не знам како уште има луѓе што се лажат да пазарат од таму. Деко и Рикардо Карваљо се последните класа играчи што излегле од таму, еве и Џејмс може да го сместиме тука.
Бековите поготово им се крш, и ние за Переира исто вака се палевме, две ЛЕ по ред освоено, најбољи бек у Европа кур се тресе, врска немаше кај нас. Другите бекови исто, Босингва, Пауло Фереира, Фусиле сите пропаднаа, еве и овој Данило у Реал што отиде уште од старт покажува знаци на феил трансфер.
Средината исто, Фернандо-Мутињо-Гуарин освоија 2 ЛЕ по ред, најјак везен ред у свет, првиот у Сити резерва, вториот у Монако, третиот кај нас неможе 5 добри утакмици у континуитет да изигра.
Нападот исто, Фалкао 1-2 добри сезони у Атлетико еве го пропадна а нема ни 30 години, Хулк забега у Русија, Варела у 4та лига у Парма.
Штоперите ги забораив, после Карваљо немаат ниеден со завидна кариера, Маикон неможе да излезе од кај нив, Отаменди забега у Бразил едно време, еве последнава година успеа некако да се соземе, Роландо иако беше добар у Интер ене го у Андерлехт забегал, Мангала за малце што не го избркаа од Сити.
Не остава простор за надеж дека ќе успее овој, ризик трансфер е како и да вртиме, 23 милиони а година дена пред истек на договор е премногу за лев бек од Португалија.
Иначе како тоа бил најбољи бек у ЛШ лани а го нема у најдобриот состав а Кондомија го има? хехе