Mondo, еве ја одма ти кажувам дека повеќе ме боли поразот вчера. И тоа пази, Интер не заслужи да победи, очајно играше, ама за волја на вистината и Лацио не беше поарен, головите ги дадоа од пенал и поради тоа што заспа одбраната на Интер после изведениот корнер на Лацио, нешто што не смеат никако да си го дозволат во иднина. Али нервира тоа што Мело го направи најидиотскиот пенал на светот и го остави тимот без бод.
Инаку Перишиќ да, некако најмалце покажува од балканциве што ги земавме, ама далеку од тоа дека е лош. Перо многу трча и многу покрива во дефанзива, лично јас сум задоволен со него. Кондогбија до сега е најслаб трансфер од сите што ги направивме, нормално зборам за овие поквалитетните што ги земавме. Али пак не можам да го наречам флоп или дрво затоа што во два наврати беше и повреден, првиот пат мислам десетина дена го немаше на терените, а еве вториот пат месец дена не играше. Така да не можам да кажам дека тотално потфрлил кога мака мачел со повредите.
Манчини ја поеба вчера поради тоа што не ги стартуваше Љаиќ и Брозовиќ, а таман го воигра тимот со една формација... Нема што да ротира и да менува, се знае, напред Икарди, позади него Љаиќ, Перишиќ и Јојо, а пред одбраната Брозгара и Медел. Или ако ептен не сака до толку офанзивно и ако сака да има одлична алтернатива од клупа може пример без Јојо или Перишиќ да почне, а место него да улета Кондогбија или Гуарин во средина, али никако Мело дегенот да биде партнер со Медел, јер креативност -50000000000000. Љаиќ МОРА да биде стартер, дефинитивно најдобар играч на Интер во моментов, цела игра зависи од него. Откако влезе во второ одма ја раздвижи играта, одма се осети разлика.