Secret Movie Oscar

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Трет круг тајни размени на филмчиња. Март ќе биде Оскаровски месец!

Правилата:

На секој член (Номиниран) што учествува ќе му се додели друг член (Оскар) на кој што ќе треба да му даде некаков персонализиран предлог за филм.

Филмот треба да биде во знак на темата, а тоа значи дека филмот треба да има добиено номинација за Оскар во барем една од следниве категории:


Најдобар Филм
Филм од неанглиско говорно подрачје
Кинематографија
Сценарио
Женска главна улога
Машка главна улога
Анимиран филм
Режија

Откако ќе го изгледа филмот, Оскарот ќе напише збор-два во темава дали му се допаднал и кои му се впечатоците од предлогот.

Тајмтејбл:

05.03.
Сите заинтересирани членови се пријавуваат во темава заклучно со сабота.

06.03.
Во недела со помош на генератор се избираат Номинираните и истиот ден се известуваат кој ќе биде нивниот Оскар.

12.03.
Номинираните имаат рок заклучно со 12ти Март нивниот предлог-филм да го испратат во мојот инбокс, доколку сакате може да оставите и некој коментар/порака до вашиот Оскар зошто баш тој филм сте го избрале.
*тој што ќе треба мене да ми предложи филм, за да не дознаам кој е (уствари можам да дознаам по пат на елиминација, али ај), нека го прати во пп кај @Corvus , а после она ќе ми го каже само насловот

13.03.
До 13ти Март секој Оскар ќе добие филм, освен еден среќник чиј Номиниран традиционално ќе го снема од форумов веднаш после пријавувањето.

31. 03
До 31ви Март сите треба да го имаат изгледано филмот и да имаат напишано впечатоци за предлогот во темава. Откривањето на Номинираниот е по лично убедување, и никој предложувач нема да биде откриен доколку самиот не одлучи да го направи тоа.



Пријавувањето започнува ВЕДНАШ!

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom