Го зедов S9+ и... ѕвер си е ѕвер
Зо сдравје да си го користиш.
Тури му црна тема да штедиш батерија, стај му црна позадина, смени резолуција у 1080p.
Ако не играш многу игри, исклучи Max Перформанси у Performance Mode,и почесто чисти RAM, Меморија и Батерија.
Вклучи Active Knox Security, а за важни апликации/слики/фајлови стај си ги во S Secure, Knox Security (како и да се викаше), и ако седиш доста до доцна пушти си Blue Light Filter (можеш и автоматски да си го ставиш, на пример после 9 да ти се пушта па се до 6 сабајле).
Flashlight ако сакаш да ти свети доста силно стај го на Max Brightness (Level 5).
За Always on Display, ако сакаш нонстоп да ти биде уклучено (да ти покажува време, нотификации, итн...) тогаш пушти си го, бидејки е корисно. Ако нејќеш, ондак немора.
Always on Display знае некогаш да зима малце од батеријата (не многу ама знае), па така да ако не си сигурен пробај користи малце и види дали ќе ти се допадне, и дали нема да ти мења нешто со трошење на батерија.
За подобро и пореалистично Stereo звук со 3D ефект и силен бас, пушти си Dolby Atmos, и за нормални звучници и за слушалки.