Горе долу за се се согласувам околу скандалот со продажбата на картите, само би додал уште едно нешто што мислам дека е суштинско. Да не се лажеме главната причина за хаосот беше во тоа што цели 13 години репрезентацијата не стапнала во Битола. Во една таква ситуација интересот за натпреварот е далеку далеку поголем отколку што собира салата. Мислам дека не е баш до цената (скапа или евтина) суштината, туку до тоа што многумина, предвидливо, не дојдоа до карти и се снаоѓаа кој како стигне.
А за неспособноста на организацијата, недозволивите пропусти итн се стои и се надевам ќе се научат грешките за во иднина.
Ова е добра можност РФМ во секои квалификации по еден натпревар да организира надвор од Скопје. Моментално освен Битола и евентуално Охридската сала, не знам дали на друго место може да се задоволат условите од ЕХФ, но за почеток и тие две сали може да се користат и да се ротираат. Кога ќе се створат услови во друг град и тој може да се вклучи во "ротацијата". А останатите натпревари ќе си останат во Скопје и тоа е доволно, особено со оглед дека реално има можност скопската публика да следи елитен ракомет преку Вардар и Металург дури и без репрезентацијата.[DOUBLEPOST=1540635881][/DOUBLEPOST]Неколку коментари и за самиот натпревар:
- Меѓу сите критики за нашата игра, по малку заборавивме дека пред се Турција одигра далеку над очекувањата. Реално се покажа дека Турците бе беа потценети само од нашите играчи туку и од медиумите и публиката
- Со исклучок можеби на Томовски, Георгиевски и до некаде Манасков и Пешевски сите останати повеќе или помалку разочараа.
- Многу коментари (дури и од Раул) имаше за нападот, но мој впечаток е дека главниот проблем беше во одбраната (како во транзиција кога практично воопшто не се враќавме и чисти контри имаа турците, така и во позицион напад кога пречесто премногу лесно со индивидуални потези ја "одработуваа" нашата зона.
- Во напад преодна оценка и за Талески кој одигра сосема солидно напаѓачки (за разлика од во одбрана)
- Една од најслабите партии на В.Маркоски за репрезентација
- Тотална незаинтересираност на Борко на голот
- Столе сеуште не е вратен во форма по повредата. Лош во напад, уште полош во одбрана
- Кузмановски невидлив, Прибак очајно лош, Кире просечен...
- И можеби најважно, голема вина јас гледам и кај Раул. Почнувајќи од бесмислениот потег Митревски да го стави на трибини во Битола, а на терен во Грција, преку форсирањето на Прибак токму против Турците кои одлично го познаваат со оглед дека веќе долго е во Бешикташ, па се до целосно нелогичната верба во Ф.Лазаров кога натпреварот се кршеше во последните 10-15минути, кога скоро цело време го играше како среден бек/организатор на игра (а Ф.Лазаров, без разлика што беше слично блед како и Прибак и Кузмановски во организацијата на нападите, сепак е голем проблем во одбрана, а да не зборувам што реално нема натпревари веќе на високо ниво - игра во 4та лига во Германија). Прилично неподготвен и несериозен пристап на Раул - доста чудно за него. А и сеуште не ми е јасно зошто толку се плаши да им даде шанса на помладите играчи - ова му беше мана и во Вардар не само во репрезентацијата.
Како и да е, победа си е победа, да не претеруваме клучни се идните натпревари почнувајчи од гостувањето утре во Кожани.