Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
И после зошто иделе странците да ни кажват шо да прајме. Ова е 2018 год или 1998.
РФМ вика Пелистер е крив му ја препуштивме организацијата на натпреварот. Значи како прво Пелистер ако имаше кадарни луѓе немаше да е на ниво какво што е. Ама еве и да е таа приказната дека се било препуштено на клубот ,мене пак не ми е јасно овие од РФМ дали имат мозок.
Салата мислам дека со седишта прима околу 3000 гледачи ако не и помалку.
Прво треба карта мин. 300 ден се знае дека ќе има многи публика и со тоа одма 20% редуцираш публика.
Второ во секој град кај нас обезбедување односно вратари се истите фаци кои се и членови навивачки групи.Со оглед фактот шо уште е во мода некои ликови дека му е понижување да плаќат карти , оти се јаки "фаци" се знае како се решава. Агенција од друг град и решен проблем. А на тие фаците дај те му 50 карти гратис да се курчат и решен проблем. КАј е во целата приказна одговорноста на агенцијата за обебедување ,оти нивни вработени пуштаа луѓе брз карти.
Трето продажба на карти во кафич и келнери :tapp: Да ли има некој нормален. Па сигурно овие куртоните од управата на Пелистер ги информирале како ќе се продават карти ,а за РФМ е тоа во ред. И посе Пелистер е крив. Па кога Пелистер му кажал каде ќе продават овие требало да му речат "Важи нема проблем само шо ако продсвате по кафичи утакмицата ќе се игра во Скопје. Па да видиш како ќе најдеа кај да продават а не вака од спектакл излезе панаѓур.
Значи едно треба да е јасно натпревари на Ракометна Репрезентација организира РФМ и неможат да префрлат вина на клуб.РФМ е крива за катастрофалната организација.Пелистер ќе е крив кога ќе игра клубот не репрезентација. И покрај шо сега се шлепат на клубот ( без разлика шо луѓето во клубот да му дајш 2 овци ќе ги загинат) овде е јасно како ден кај е пропустот.
п.с.
Наредна дајте ја во Расадник во Скопје да се игра, а карти ќе се продават во Тинекс:drk:
 
Горе долу за се се согласувам околу скандалот со продажбата на картите, само би додал уште едно нешто што мислам дека е суштинско. Да не се лажеме главната причина за хаосот беше во тоа што цели 13 години репрезентацијата не стапнала во Битола. Во една таква ситуација интересот за натпреварот е далеку далеку поголем отколку што собира салата. Мислам дека не е баш до цената (скапа или евтина) суштината, туку до тоа што многумина, предвидливо, не дојдоа до карти и се снаоѓаа кој како стигне.

А за неспособноста на организацијата, недозволивите пропусти итн се стои и се надевам ќе се научат грешките за во иднина.

Ова е добра можност РФМ во секои квалификации по еден натпревар да организира надвор од Скопје. Моментално освен Битола и евентуално Охридската сала, не знам дали на друго место може да се задоволат условите од ЕХФ, но за почеток и тие две сали може да се користат и да се ротираат. Кога ќе се створат услови во друг град и тој може да се вклучи во "ротацијата". А останатите натпревари ќе си останат во Скопје и тоа е доволно, особено со оглед дека реално има можност скопската публика да следи елитен ракомет преку Вардар и Металург дури и без репрезентацијата.[DOUBLEPOST=1540635881][/DOUBLEPOST]Неколку коментари и за самиот натпревар:
- Меѓу сите критики за нашата игра, по малку заборавивме дека пред се Турција одигра далеку над очекувањата. Реално се покажа дека Турците бе беа потценети само од нашите играчи туку и од медиумите и публиката
- Со исклучок можеби на Томовски, Георгиевски и до некаде Манасков и Пешевски сите останати повеќе или помалку разочараа.
- Многу коментари (дури и од Раул) имаше за нападот, но мој впечаток е дека главниот проблем беше во одбраната (како во транзиција кога практично воопшто не се враќавме и чисти контри имаа турците, така и во позицион напад кога пречесто премногу лесно со индивидуални потези ја "одработуваа" нашата зона.
- Во напад преодна оценка и за Талески кој одигра сосема солидно напаѓачки (за разлика од во одбрана)
- Една од најслабите партии на В.Маркоски за репрезентација
- Тотална незаинтересираност на Борко на голот
- Столе сеуште не е вратен во форма по повредата. Лош во напад, уште полош во одбрана
- Кузмановски невидлив, Прибак очајно лош, Кире просечен...
- И можеби најважно, голема вина јас гледам и кај Раул. Почнувајќи од бесмислениот потег Митревски да го стави на трибини во Битола, а на терен во Грција, преку форсирањето на Прибак токму против Турците кои одлично го познаваат со оглед дека веќе долго е во Бешикташ, па се до целосно нелогичната верба во Ф.Лазаров кога натпреварот се кршеше во последните 10-15минути, кога скоро цело време го играше како среден бек/организатор на игра (а Ф.Лазаров, без разлика што беше слично блед како и Прибак и Кузмановски во организацијата на нападите, сепак е голем проблем во одбрана, а да не зборувам што реално нема натпревари веќе на високо ниво - игра во 4та лига во Германија). Прилично неподготвен и несериозен пристап на Раул - доста чудно за него. А и сеуште не ми е јасно зошто толку се плаши да им даде шанса на помладите играчи - ова му беше мана и во Вардар не само во репрезентацијата.

Како и да е, победа си е победа, да не претеруваме клучни се идните натпревари почнувајчи од гостувањето утре во Кожани.
 
Последно уредено:
Koga dopustash organizacija na klovnovi togas obavezno dobivas cirkus. Voobicaena praktika e da se organiziraat nastani vo provincija so lokalen klub samo ovojpat ocigledno odbraa pogresen klub. Biranje na amateri da organiziraat nastan na reprezentacija pri imanje na daleku poorganiziran klub tamu e edinstvenata greska na RFM. Se nadevam posle ova nema veke da ima vakvi eksurzii i reprezentacijata ke igra tamu kade sto ima uslovi i kade mozat soodvetno da organiziraat natprevar.
 
...ако не искоментира коментаторот за резултатот меѓу Грција и Македонија на ТВ екранот нема назначено „семафор“ да се гледа резултатот и разбира се кратенките на државите што играат :toe:
 
Многу сме..мех..

Као, очекувано беше дека кур ташак ќе си играат нашиве со послабиве екипи ама..

Шо знам..
Ќе се опраиме до СП?? :cautious::cautious::cautious:
 
Срамота е бре Кире со 38 години да е најмотивиран на терен, а останативе да си ги ладат на терен! Да играме против Естонија па ајде да разберам да не можат да се мотивираат, ама против Грција!? Дно.
 
Последно уредено:
...ако не искоментира коментаторот за резултатот меѓу Грција и Македонија на ТВ екранот нема назначено „семафор“ да се гледа резултатот и разбира се кратенките на државите што играат :toe:
Имаше на старт ама нешто се сјебало изгледа.
Чисто ете ако те интересираат кратенките дека ги спомна: GRE-MKD беа
 
Имаше на старт ама нешто се сјебало изгледа.
Чисто ете ако те интересираат кратенките дека ги спомна: GRE-MKD беа


хахааха ок I take it back :D

Гледав Челзи до сега.....и жими све беше МКД на старт..

Ваљда се бунеле нешто и го смениле..

Надреално е какво силување ни праат грциве и нормално ние ќутиме и го примаме.

Ништо, сеа ќе чекаме Србија да се буни за Косово и они да го сменат името во Поранешна Српска Покраина Косово, пошто нели..нема двојни стандарди и двојни аршини и Европа е многу фер спрема сите земји..


Надреално е ова..

Требаше нашиве да си се појават со Македонски тренерки па грциве ако не се појават онда зимаме 10-0 победа на зелена маса, секако подобро ќе беше така него ли овој очоболов..
 
Многу сме..мех..
Као, очекувано беше дека кур ташак ќе си играат нашиве со послабиве екипи ама..
Шо знам..
Ќе се опраиме до СП?? :cautious::cautious::cautious:
... би рекла и спортот веќе не е тој спорт што беше, штом политичарите можат да си купуваат „победа“ или „пораз“ па зошто не би и спортистите? и онака Грците вложуваат многу пари во нашата држава, па нека земаат и спортистите некое евро и онака националната ТВ и македонска публика никаде ја нема :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom